И јас во живо ги гледав, Јована плачеше и кога ги пуштив во раце ми беше, се смири и заедно ги слушавме тетиве Браво @Kaetana одвај чекам нови лајф кафенца
Doenje_so_ljubov https://www.instagram.com/tv/CHJC7FXIxGd/?igshid=1umnxduexntl0 https://www.instagram.com/p/CHDozS6LqsA/?igshid=17ce81kqgif8q
Го гледав видеово сега и имам едно прашање, утре правиме една недела. Првите 2-3 дена од кога се породив немав млеко, ама го ставав бебе на града и плус давав адаптирано за да не е гладно и си мочкаше и какаше нормално си полнеше пелени, сега овие два дена е само на доење и не му давам адаптирано, ама бебето само мочка два дена се нема искакано, а во видеото кажавте дека треба да има неколку пелени покакани, се е како што треба со моето млеко и со бебето или има некој проблем, утре прв пат ќе одиме на педијатар ќе прашам и таму ама сега се загрижив стварно.
За бебе кое е на доење викаат и до 7 дена можеда не се покака наводно се користело целото млеко бидејќи му имаш сменето не даваш веќе адаптирано ќе се адаптира и стомачето пополека без паники битно мочка сепак полни пелени не е гладно
Без паника. Кај доени деца и до 10 дена се толерира да не какаат. Ке се навикне стомачето за неколку дена.
@Izzy_0504 @Alishan30 @Ava.84 Фала ви женски многу. Многу ми значи секој фидбек. Ава, секако дека може да го постираш кај трудниците, една од најважните идеи на страницата е да допре до трудниците, баш со цел да се избегнат барем некои одредени сопки на самиот почеток. Ќе си пукнам што од незгодно, трема и небаратање со технологија не спомнав дека видеото е заротирано, и не пробав да го заротирам телефонот, и мислам дека скроз ме нервира тоа.. ама тоа е. Следниот пат ќе знам повеќе. Како изгледа доењето? На колку часа бара бебето да цица? Може да е индикација ама и не мора да значи. Не се плаши веднаш. Утре ќе сте на мерење ќе видиш и таму како оди. Ама без страв, вие сте толку на почетокот што допрва ќе надоаѓа млеко. Ама советот мој би бил - турбо доење, и дење и ноќе, за што поголема стимулација и побрзо надоаѓање на млеко. Пиши како ќе поминете утре, и како ви изгледаат подоите.
@Kaetana, секоја чест и одлична иницијатива! Ме смири и ми даде надеж. Прашање: што кога ќе дојде тој скокот во 12та недела и бебето одбива да цица? Да, упорност, но како да се прехранува во тој период?
Тој скок има две варијанти. Едната е бебето е нон стоп на града (подобрата варијанта) а другата е одбивање. Прво смирено - не мора да значи дека ќе биде одбивањето. Моите две деца скокот го поминаа со интензивно доење. Мака јас од тој скок со одбивање не видов. Ама ако случајно е таа варијанта (а и таа е честа)… не значи дека не цицаат воопшто. Преку ден - во будниот период се бунат. Навечер цицаат одлично. Па затоа препораката е да се интензивираат ноќните подои, а преку ден бебето се дои во темна просторија, тишина, се нишка прво во раце да дојде до една полузаспана состојба па му се подметнува да цица. И се пратат пелените како се, па соодветно на тоа се реагира. Ама без секирации. Нека дојде прво проблемот. Па ќе се решава према состојбата. Не дека е нерешливо, ама истоштува и физички а особено психички.
Не знам за 12та недела, моево влегува во 4та и уште сега нон стоп ми е на цицка, дури и пред и после ад. Се надевам кризните периоди ќе бидат овака, повеќе би се фрустрирала да одбива да цица.
Богами фрустрира. Скоро 3год поминати од тој период со првото и го паметам! Потежок период не сме имале.
Еве и јас ќе ти кажам мое искуство. Преку ден десната града не сакаше да ми ја види, само што ќе го ставам од таа страна вриштеше. Левата кога како. Преку цел ден војни водевме да цица со тропалки, го носев во раце низ цел стан и кога ќе се смиреше полека му ја подметнував левата, па ќе се излажеше да повлече неколку пати. Од страв да не падне на килажа ги форсирав ноќните подои, како што ја држев градата со показалецот го чешкав на вратчето и обравчињата да го освестувам да не заспие. И покрај тоа нецицање задоволително си качи на килажа, а траеше една недела од прилика.
Мајки дали некоја пиела ипобруфен и сумамед а продолжила да дои? Мојата матчна вика дека не е пеоблем, а мене страв ми е.
Ослабен е од 3300 исписна тежина сега е 2950 педијатарот рече до 10 дена се толерира губење на килажа. Околу доењето ми ги провери градите и тоа се беше во ред, претходно јас гледав на саат кога да го дојам, а сега ми рече кога и да побара заборави на саатот. Преку ден цело време да е на града, во текот на ноќта да го будам на 3 часа доколку не стане сам за да имам и јас време да одморам, па во понеделник сме пак на контрола да видат што ќе се случи со килажата.
7 години па го паметам, само што тогаш не знаев дека е скок, одев по болници , де уши и проверуваа, па претпоставка дека се грчеви, па старите ме убедуваа дека е шинато... Дури сега кога ве читам сфатив што било.
Се и сешто пробуваш. Ја нишкав за успивање и кога ќе беше скоро задпана, цице нудев. Најмногу ми успеваше поза "шишенце" - она лежи, а јас со цице врз неа. Надвор ако и се пријадеше, леле леле! Трчанка накај дома. Преку ноќ го снема. Траеше скоро 1 месец. Требаше дс летаме со авион. Си мислев што ли ме чека тие 2х2ч во авион. Утрото пред да одиме на аеродром магично снема се. Паметам ко вчера да било. Ова се памти цел живот!
Јас пиев ибупрофен после пораѓај и уште знам да земам по потреба, препорачано од доктор. Нормално избегнувам колку што можам. Мајка ми уште мисли дека сум плачела оти ме урочил некој и сега ме советува да му облечам нешто наопаку на син ми, да не се случело истото.
Активна состојка ко што видов е клотримазол - смееш без проблем. Ибупрофен и азитромицин (сумамед) се дозволени со доење. Ибупрофени нон стоп пијам кога ме боли нешто, а сумамед баш скоро пиев.. многу работи имам правено со доење, така да не се секирај. Значи - удри турбо со доење. Преку ден кога и да побара, исто и навечер. Во случај да не побара 2 саати преку ден - буди го и нуди му да цица. Времето се смета од почеток на подој до почеток на следен подој! Компресии при доење обавезно! Ако даваш вода, чај, цуцла, никако на самиот почеток. Само цицка и ништо друго. Навечер ако успееш дои го на 2.5 саати, ако ти е многу најдоцна на 3 саати. Пиши како ќе се пелените. Ама мора да удриш турбо на доење. Не гледај на тоа како на обврска. Едноставно, легни си во кревет со бебето, и цел ден гушкајте се и нека си цица.