Бебе 3 дена не е какан,се убив од јадење суви сливи и смокви,јас добив дијареа бебе се мачи. Му правам вежби со нозете,џабе. Друго цицање му е 10 - 15мин, го кревам да ждригне и пак бљуцка, до кога вака?
И кај мене правеше така па после му следеше одбивањето од цице се бунеше пиштеше за безвезе ии до ден денес си е таков...тоа што бљуцка може се прејадува иако малце време цица може количински да повлекува па брзо се најадува лакомо. Кај мене дури се давеше од што не можеше да доголта пуна му беше устата. Мислам дека немаш причина за загриженост. Во врска со какањето штом е на доење само не би требало да му представува проблем какањето недела дена слободно може да не кака И моево не какаше редовно само на доење кога беше од кога давам ад и мајчино по три пати ми кака во ден
Значи стварно е претерано колку не се обрнува внимание на однос лекарства-доење. На лекарите најлесно за жал им е да кажат не дои. Срамота. Сумамедот е азитромицин, компатибилен со доење и бременост. Мајки, кога гледате не се замараат докторите, замарајте се и читајте вие, барем денес е лесно и достапно.
Истиот проблем со бљуцкањето го имаме, дури и кога ќе ја легнам се мачи од што млекце и се враќа؛ Од се што исчитав и препрашав лекот бил поцврста Храна после 6 месец؛
Мојата два и пол месеци, веќе не ја чекам да ждригне а намали бљуцкањето, а исто мн често бљуцкаше, како сама да си стави ред не цица многу, посебно ноќе ми беше многу страв од блуцкањето, ноќе и сама се тргам на сред подој страв ми е да не се прејади а и поретко се буди. Месец кај вас мало е уште изгледа се прејадува. А за какање исто , почна еднаш во три дена обилно, пред тоа беше во секоја пелена. Изгледа немаме многу што да направиме со време си стекнуваат навики.
Фала ти многу се консултирав со други доктори и ми кажаа слободни да си дојам и си продолжив со доење
По препорака на @Brpbrp за лактамис(не го најдов тоа, најдов некакви шумеќи таблети за лактација), комзумирање чај и благодарение на последното видео на инста од @Kaetana, јас скоро и не користам ад повеќе, скор о цело време сме на доење. Уште да видиме и со тежината како ќе напредува и ќе бидам целосно среќна.
Баш ми е мило јас најдов тука од билна аптека чај за доилки рефус некоја нивна комбинација плус и босилок има се покажа добар искрено, а и поефтина варијанта за тие што пијат чај за доилки 470 денари за цел месец има чај сите семиња и билки ги собира во тегла од 2.5кг за разлика од лакта микс што е 160 денари 150гр . Само продолжете така додека цица све е полесно
Јас пак со истиот проблем. Ноќеск болка во др града, и сабајле тт крена . Значи се нервирам ептен. 2 дена пак мрцварење.
Скоро 1 година пиев витамини за бремени, истите се за доење. Сега пијам мултивитамин, 15 месеци е синко.
Женски ве молам за совет/искуство. Се породив со царски пред 2 дена и млеко воопшто немам се уште. Бебе првиот ден фаќаше града одлично и стимулираше, но вчера и денес воопшто не сака да фати, плаче се трга. Во болница ми викаат само да чекам, а во меѓувреме му даваат ад и цуцла и претпоставувам затоа не сака. Прашувам со пумпа дали да стимулирам викаат нема потреба.Совет?