Нема потреба мене до природно на 5ти ден ми надојде Нормално е со царски и покасно. Мора со нешто да го хранат Дали убаво ти покажуваат како да го местиш? Кај синпородена? Читај низ темава за местење правилно ќе фати ако не барај силиконски
Јас ќе те советувам да им кажеш во болница секогаш пред ад да ти го носат да му дадеш да цица. Кога ќе е гладно, ќе трга, упорна биди. Од тоа чекање, потоа два месеци маста ми излезе за да ми дојде млеко. Сега е моментот и колострумот да си го испие, а и тоа цицање ќе ти помогне за да дојде млеко. Не велам дека ќе ти се случи како мене, но нема потреба од чекање, бебето треба да си се научи на града, а не на шише.
1. истиот совет од Оли. 2. Масажи под туш со колку можеш топла вода ,или уште подобро мало шише полно со колку можеш топла вода и со него поминувај со стискање од кај вратот накај гради ,од под пазувите накај гради од доле под градите ,па пумпица или рачна стимулација. И јас како оли едвај некако добив млеко ( не ја знам нејзината причина) . Бидејќи бев одделена од бебето (на интензивна нега беше). Овие работи ми помогнаа.
Да е живо и здраво бебето, големо да расте, а тебе брзо опоравување. Како што те советуваа, така прави. Јас сум со царски и млеко ми дојде убаво петтиот ден - кога си отидов дома. Но!! Големо НО - пред секое хранење во болница му давав да цица. Инсистирај на ова. Најголем дел од времето беше со мене во соба, си лежеше кај мене на гради и мислам дека и тоа помогна да се лажат повеќе хормони кои го стимулираат млекото. Кога дојдов дома градиве ми беа ПРЕПОЛНИ. Дури и се одмолзував за да ги олеснам пошто буквално со грутки беа. Гледај да спиеш, да си одморена, да си смирена и да пиеш многу течности. Во меѓувреме враќај наназад на темава и читај - многу корисни совети има и јас лично успешно дојам само поради советите тука.
Исти совет како и другите мене ми надојде5ти ден кога си отидов дома али бебе стимулираше нон стоп во болница и чајот нр го заборавај од него ми беше мокра спавачата само не се нервирај и никиј да не ри коментира од страна дека е гладно бебе ни баби ни жаби све надвор од соба сериозна сум за ова за да можеш со бебе да се приврзеш и да си опуштена
Плус чај за доилки, јас го испив и спавачата мокра беше. А и ептен важно е бебето да цица пред дохраната. Мене редовно ми го носеа, инсистирај на тоа.
Има време ќе ти надојди млеко, конзумирај пивеќе течности сок од јаболко, чај за доилки и барај го бебе почесто да ти го носат и напомени му да не го хранат шред да ти го донесат.. Незнам во која болница си.. Јас се породив во систина и девојчината од неонаталогија многу соработува со мене, а и јас бев упорна.. Буквално ќе му кажев гладно кога е одма да ми го донесат и да спијам да ме будат и така беше на вечер во 12h во 01h го барав ако мк беше здодевно само за да биде на града и ми дојде на четврти ден млеко..
Не секогаш.. синчето бљуцкаше и цврста храна ... и еве го скоро 14 месеци уште знае два три пати во месец да бљуцне. Ама после 12 месец е дефинитивно подобро. Инаку сѐ по дома ни беше лом - и од млеко, и од каши. Сфинктерот на желудникот треба да "созрее" и тоа најчесто се случува во првата година. Ако не, ќе престане и пред цврстата храна... Овој совет од Оли е одличен: Плус би додала, молзи се рачно. Колострум имаш. Ако случајно не ти го носат бебето нон стоп да цица, тогаш треба да го молзиш колострумот за да надојде млеко. Кај со царски знае да е одложено надоаѓањето, уште па без стимулации... баш се препорачува почести стимулации и максимален контакт кожа на кожа со бебето.
Зависи каде. Ко што читам приватниве форсираат доење. Бебе многу беше со мене во болница. И првото беше, ама ова многу повеќе.
Ви благодарам многу на сите. Се договорив со сестрите ми го донесоа два пати непосредно пред хранење и си фати конечно (цицаше и пресреќна сум) и почнав чај за доилки да пијам. Ќе продолжам и денес така, плус 5 ден е се надевам ќе дојде млеко. Фала уште еднаш
Ајде, ќе биде, само вие гушкајте се. Можеш да земеш и овесни снегулки со јогурт, пиво безалкохолно по една лименка навечер, пиј си чај, ќе имаш млекце. Само што повеќе на цице.
Здраво мајки ве молам за совет. Бебе е 6 недели, цица но последниве неколку дена пред зсспивање во 10,11 часот се нервира тегне а меки ми се градите не му тече млеко и плачки.. Пробав ад едвај фати шише испи 30 мл и пак бараше цице.. Зошто баш овој период неможе да извлече доволно млеко.. Да напоменам денски цица кога сака уште не можам ред да направам а тој би бил и цело време на цице.. Пијам чаеви и плус капсули и пак некако ми се намалува млекото.. Совет што да правам? Во четврток сме на педијстар тогаш ке видам дали доволно напредува.
И уште едмжно прашање колку пелени дневно е нормално да наполни бебе од месец ипол? Мојов почна дури повеќе од 5 пати на ден и бојата е зеленкаста..
Меки гради не мора да значи дека немаш млеко. Кога се воспоставува лактација омекнуваат градите, а млеко има. Можно е да сте во скок, па затоа одбива да цица. Скокот е во 5та недела, а се рачуна од термин на раѓање, а не од датата кога е родено. Нека цица кога ќе сака преку ден, па и да е цел ден на цице. А ако нешто не сака, пробај ноќеска кога е успан. За каката зелена - колку што знам можно е да е зелена кога е дете гладно или настинато. Ако продолжи зелена кака, јас би отишла порано на педијтар. Во меѓувреме инсистирај да цица колку може повеќе за да одржиш млеко
Истиот проблем се јави и кај мене иста недела. Не може преку ноќ да ти надојде ептен млеко бебе мисли како што сабајле му тече така и навечер. Колку пати во денот цица активо или пасивно нормално е гради да се празнат затоа и се љути за да ти надоаѓа повеќе млеко мора он да стимулира и да го потрпиш два три дена со плачки за да надоаѓа млеко
Само со доење додека можеш и имаш нерви, јас не можев зошто две недели траеше истово од кој втората недела не сакаше ни цице да фати вриштеше и затоа се измолзувам па му давам и вака ми е мир во куќа
Мајки на иста мака сум како многу други пред мене. Се породив царски пред 36 саати. Ме држеа оделена од бебе го немав ни допрено до пред малку. Кога конечно го видов само ми го оставија ни како да го држам ни како да го дојам нр ми кажаа а рана боли не можев ни на страна да се свртам убаво. Преска ме затегната лошо конците измокрив во кревет од болка. Бебе ширеше муце па некако успеавме неколку пати да фати града. Ќе цицне 3/4 пати и ми се изместува. Доволно ли е тоа? Ми икаше кивна два три пати ама не ми заплака секој пат кога го понудив ја фаќаше градата за кратко. Ама не можев да се наместам и за другата нема кој да ми помогне. Мислам и лошо го држев. Ве молам помогнете ми оти тука никој не се нафаќа ќе ми се научи бебе на шприц. Од каде да најдам чај и каков да е за трудници? Како да ги стимулирам градите кога одвај станувам за до тоалет два пати денес? Како да го држам безбедно а да не ме боли многу раната?