Доење

Дискусија во 'Бебе' започната од bibitri, 28 јануари 2010.

  1. hello-kitty.90

    hello-kitty.90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    2.978
    Допаѓања:
    21.188
    Искуство со царски немам,па не би знаела да ти кажам во која положба да доиш.
    Доволно е бебето да влече и да стимулира града. Ставај го често,целата брадавица да му биде во уста ( целата ареола). За стимулирање може и да се измолзуваш,ама ако сака бебе да цица,подобро оно нека влече,ќе си надојде млеко.
    Пиј многу течности,а чај за доилки има на Алкалоид во аптекоте или има во било која билна аптека правени .
    Поздрав,биди упорна и ќе успеете.
     
    На K7M10J и Tsukinory им се допаѓа ова.
  2. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.502
    Јас цело време на страна го доев зошто седната ме болеше раната и ми тежеше болки како болки нормално е да боли само биди упорна повеќе станувај. Мене кога ме учеа како да го држам и да го дојам бев цела изместена и кичма и све ме болеше од не правилно седење. Најди си положба тебе да ти е удобно а не на бебето тоа секако ќе јаде легнато станато исто му е на него гледај тебе да ти е лесно. Ако имаш пумпа стимулирај со нејзе плус бебе што ќе стимулира масажа под топол туш и ќе надојде млеко не се секирај. Кај мене едвај фати и тоа со силиконска ама обавезно со шприцот капка две да се подлаже по пола саат барем да стимулира. Држењето само по себе ќе ти дојде понатака не се секирај и чајот да не го заборавиш
     
    На Tsukinory му/ѝ се допаѓа ова.
  3. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.739
    Кога ќе фати, убаво задржи ја градатс со раката - палец горе, прстите доле. Може да му лизга, па затоа да пушта. 2-3 пати да повлече е малку, ама успех е што сака и фаќа. Кога го местиш, главата подбутни му ја кон градата. Во Систина сестрите баш го буткаа (може и грубо изгледашe).

    За раната немам решение дур си во болница. Во Систина боцкаат терапија за болки, па ништо не осеќав. За дома е друга приказна, на перница за доење мене најлесно ми беше и уште ми е.

    Јас пијам чај за доилки на хип. За во болница најпрактичен е оној во лименка, гранули. Се раствара во топла или ладна вода.

    И само упорност! Во систина и со шише ги дохрануваа, па бебињата успешно цицаат. Тоа нека не те оптеретува. Упорно. Бебе цицне, па пушти, ти пак врати го назад.
     
    На K7M10J, Fatalnata, Tsukinory и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.450
    Допаѓања:
    8.831
    Пол:
    Женски
    Еве ме и мене во оваа тема (fingers) Се надевам дека долго ќе останам...
    Се породив во четвртокот вечер, меѓутоа бебе не е со мене, во инкубатор е. Вчера прв пат ме викнаа да ја дојам, 3 пати. Прво фати од градата, но бидејќи брадавиците ми се мали и меки, бебе се мачеше и ми ставија силиконска брадавица. Сакав да инсистирам без, зошто секако млеко немав и ја дохрануваат, но ајде реков да не се правам попаметна. Со силиконската си фати влечеше убаво. Кога не влечеше и ставаа капки глукоза со шприц за да и текне да влече (јас ова прв пат го слушам). Следниот подој беше од другата града и без да пробаме на голо одма ми ставија силиконска брадавица. Ги прашувам зошто да не пробаме без, ми викаат мачење ќе е и за двете, мали ти се брадавиците. Третиот пат пак од старт силиконска...Океј. Сестрата ме теши дека со тек на време ќе почнам да ја тргам силиконскста на сред подој, па како се повеќе ќе цица, така ќе ја тргнам скроз. И тука не знам кај да терам, сите совети што ги читав не препорачуваат силиконска, а тука во болница друго кажуваат...
    Синоќа ми дадоа електронска пумпа, измолзев малку со оглед на тоа дека не ми беше уште надојдено толку млеко. Сабајлево требаше да ме викнат пак да ја дојам ама донеле друго бебе во инкубатор, па не ме викнаа и ми донесоа пумпа.
    Градите ми се камен тврди, тешки и ме болат. Кога се одмолзував со пумпата мааалку подопуштија ама пак се тврди. Ги масирам нежно како што ми покажаа малку по малку, но страв ми е да не си направам некој проблем, со оглед на тоа дека бебе не е до мене, дури утре ќе ми ја донесат во соба. Си има млеко, кога ќе се стиснам има капка, но не знам колку е нормално вака да ми се градиве тврди и болни...?
     
    На K7M10J и Kaetana им се допаѓа ова.
  5. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.241
    Допаѓања:
    19.025
    Мене ме болеше многу кога ми го ставаа сама барав силиконска они ме убедуваа нема потреба имам убави брадавици бебето фаќаше. Ја си терав со силиконски така немав болки а кога си дојдов дома ги тргнав. Кога ми се разрани едната брадавица и бев буквално крвишта без силиконска ми се плачеше. Ја таа болка не можев да ја истрпам. Стакв силиконска и супер одеше. Потоа си доев без силинонски.
    Кај мене секако доењеѕо траеше краткп ради други работи. Млеко имав.
    Ти кажувам да не мислиш дека во болница нешто намерно ти инсистираат на силиконските. Ќе дојдеш дома тргни си ги. Сега можеш откога ќе фати тргни ја и пробувај на голо. Но верувај подобро вака него погрешно да ти фати и да ти се направат рагади. Ја господ го видов од болки. Ќе ти и извлече убаво и ќе си тераш после. Јас од тие рагади останав без млеко во едната града.
    Побарај им ланолин и мачкај. Дома ќе е подруго...
    Ова е мое искуство ти најдобрп знаеш да си процениш на лице место што и како треба
     
    На Fatalnata, Осе и Lovebug01 им се допаѓа ова.
  6. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.450
    Допаѓања:
    8.831
    Пол:
    Женски
    Па да искрено така ми дојде како да форсираат употреба на силиконски... Ајде ќе видам утре кога ќе е со мене како ќе биде. Сега засега немам потреба од ланолин само ми е страв ова што ми се градиве преполни и што ме болат, а појма немам кога ќе ме викнат да ја дојам или да се молзам. Мислам дека ќе ми пукнат...
     
    На Milkiway му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.867
    Допаѓања:
    34.001
    Пол:
    Женски
    Ајде мила со лесно(fingers)Ти посакувам долг доенички стаж:)
    Мораш да ги одмолзуваш градите додека да омекнат.Така нема да имаш болка.Барај ја пумпата на 2-3часа.Ем ќе стимулираш млекце ем ќе избегнеш проблем.Брадавици мачкај ги после измолзувањето со ланолин:)
    Нормално е на почетокот болки ова е нова етапа на твоето тело:)Се додека нема грутки, црвенило, тт е нормално:)
     
    На K7M10J, Kaetana, Осе и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.241
    Допаѓања:
    19.025
    Како што ти кажа и Ава молзи се мене така ме оставија да си одам дома со тешки и жешки гради пукнав од болки а ми го најадоа и дома спиеше.
    Ми надојде млеко ноќта пред испис и сабајлето имаше визита упорно го барав ама не можеа да го донесат ради прегледи. Не ми дадоа пумпа не ми текна да барам и ми се запуштија каналите.
    Пробај и рачно одмолзи се. Влези под туш со млака вода масирај ги градите и стискај ја ареолата околу брадавицата и така ќе ти олеснат и плус ќе ти отпушуваш каналите. Ова е дури подобро од пумпа. Битно не се оставај така на 2ипол 3ч одмолзувај и убаво ќе ти дојде.(fingers)
     
    На K7M10J, Осе, Ava.84 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.450
    Допаѓања:
    8.831
    Пол:
    Женски
    Фала ви :inlove: баш сега се истуширав и малку ги помасирав, не ги стегав ај си реков ќе почекам визита да помине педијатар, па ќе прашам. Пумпата еве ја ми стои во соба само што уште чекам да ми донесат да се молзам или да ме викнат да ја цицам, пред 1 саат кога отидов да ги побарам имаа прегледи и ме вратија. Последно пред 3 саати се молзев, се надевам ќе дојдат за брзо. Инаку, кога почнува млаз да истекува? Кај мене уште капка по капка си тече.
     
    На K7M10J, firequeenn и Ava.84 им се допаѓа ова.
  10. Izzy_0504

    Izzy_0504 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2020
    Пораки:
    1.515
    Допаѓања:
    4.260
    Пол:
    Женски
    @Lovebug01 и @Tsukinory добредојдовте во темава и ви посакувам долго да останете :)
    @Lovebug01 инсистирај да ти ја носат. По 5 пати кажувај им. Не може денес цел ден да не ти ја донесат, зошто? Мислам прочитав дека е во инкубатор, ама како што ја вадат за дохранување, така нека ти ја донесат за цицање, па одма нека ја вратат ако не може подолго да седи. Ако и толку не може, побарај пумпа, одмолзи се и нека ја хранат со твое млеко. Пак е тоа подобра варијанта. Пред да ја донесат или пред да се измолзуваш оди под жежок туш - колку потопло можеш да издржиш толку подобро. Прави масажи на градите со кружни движења и ќе видиш дека кога ќе излезеш сами ќе капат градите.
    За силиконската не се нервирај - ако мислиш дека може да фати без, пробувај без. Ако они инсистираат, не значи секогаш дека се во право. Но не е страшно и неколку пати да почнете со силиконска, па на сред подој да ја тргнеш и да продолжиш без. Најбитно е правилно да фати бебето. Кај мене почна со силиконска пошто имав вовлечени брадавици и буквално немаше како да фати. Како почна да ги извлекува, ги вадев и давав без, но некако како да не знаев да го местам добро, па цела бев рани и ми беше преболно. Ги оставив силиконските уште неколку дена, интензивно мачкав пурелан и тие денови не пробував без. Ми зараснаа раните, ми се извлекоа брадавиците и дете од тогаш цица постојано без. Тоа беше од прилика после 2 недели цицање. Кај мене без проблем се префрли.

    @Tsukinory жал ми е што нема кој да ти покаже бидејќи фатот е најбитен. Ама не се секирај и не се плаши. На youtube има многу убави многу детално објаснети видеа. За твојата ситуација најлесно би било да го поставиш покрај тебе со главата покрај града, а телото наназад football позиција. Ќе ставиш перница под него и така нема да се оптоваруваш и да ме ствараш дополнителна болка.
    3-4 пати е малку, гледај колку што е можно подолго да е на града. Викај сестри постојано, досаѓај. Знам дека мноооооогу боли, но со тек на време ќе боли помалку, ама мораш да стануваш. Мораш да се натераш да стануваш, така побрзо ќе заздравиш.

    Ви посакувам успех на двете и пишувајте и прашувајте за се што треба :hug::hug::hug:
     

    Прикачени фајлови:

    На K7M10J, Kaetana, Lovebug01 и 3 други им се допаѓа ова.
  11. hello-kitty.90

    hello-kitty.90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    2.978
    Допаѓања:
    21.188
    Додека бев во болница,млазови млеко немав,едвај некоја капка на стиснување. Бебе влечеше постојано. Со мене во соба си беше. Постојано ги загледував и прашував цимерките во собата дали им дошло млеко (facepalm) . Кога си дојдов дома на 3ти ден почна да надоаѓа,пиев чај за доилки и дури после некое време ( не памтам точно,ама не беше за брзо,сигурно 2 недели) почнав да чувствувам пецкање кога ми доаѓа млеко и да ми прска.
    Болат брадавици и се разрануваат од неправилно држење на бебе на цицка,никако само брадавицата во уста,туку цела ареола. После секој подој ако приметувате разранување мачкајте Ланолин.
    На почетокот е мачно и тешко додека да се навикнете и двајца,после е уживање.

    Ако слушав други,ќе ми завршеше бебе на Ад,дека немам млеко ( зошто на стискање имаше малку),ама среќа дојдоа патронажните и рекоа дека имам млеко,само треба каналите убаво да се отворат. Тоа што не тече млеко,не значи дека бебе не прима млеко,малку и му е доволно за да се најаде. Следете си ја интуицијата,а не тетки,мајки,свекрви.
     
    На K7M10J, MilaSs12, Осе и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Happyinlove

    Happyinlove Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    2.871
    Допаѓања:
    10.838
    Пол:
    Женски

    Ке ја повикам @Kaetana она е доктор за доење. Ке ти помогне многу:)
     
    На K7M10J, Kaetana, Fatalnata и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.277
    Допаѓања:
    6.772
    Многу течности мајка, чаеви за доилки имаш и не се лоши на вкус, можеш и боза да пиеш мене ми надојде млеко од бозата. За жал попусто, немам извлечени брадавици а бебе нејќе да чуе за на цице.
    Блазеси ви што си ги доите јас мака мачам со ова моето штом види града одма се мршти и почнува да плаче како да бега од неа. За сметка на тоа градите ми се камен тврди. Не знам веќе што да правам, се мислам да се откажам од што ми е страв да не си направам проблем па да трчаме по болници во пандемијава. Ќе и се јавам на матичната денеска обавезно.
     
  14. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.241
    Допаѓања:
    19.025
    Наместо на матичната оди кај лактациски консултат пиши и лп на каетана ќе ти даде инфо
     
    На K7M10J му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.450
    Допаѓања:
    8.831
    Пол:
    Женски
    Знам, ја пратам и на инста :D Знам и што ќе каже и за силиконаката и за пумпата :DИ плус тука што читам, отварам цело време, мислам дека имам убаво познавање теоретско, колку-толку но во пракса е друга приказна. Но во моментов такви се условите, да беше бебе со мене може ќе беше подруго. Знам и колку е важен првиот контакт кожа на кожа, но заради комплицираното породување немав контакт никаков со бебе можеби 36 часа и повеќе. Ова со глукозата што и шприцаат кога ќе ми ја стават на града ме збуни, такво нешто не сум знаела дека прават.
    Сега баш бев ја доев, супер си фаќа со силиконската, си влече, може 15 мин цицаше. После тоа се одмолзував со електричната 5 мин од една, 5мин од друга града, одвај 10мл од двете гради излезе, што е малку... Мене ми беше страв повеќе од 5 мин пошо вчера така ми кажаа- а можеби можев и уште (мислам дека и малку неправилно ракувам со пумпата). Малку ми омекнаа градите но уште на места ми се тврди и ме болат. И тоа ме интересира- дали треба да болат градите цело време додека се воспоставува лактација или тоа е знак на полни гради? Или после секој подој треба да се меки и да не болат. Сега сестрата ми рече очекувала повеќе да измолзам, ама ајде рече следен пат да не форсираме.
    Мене ми надојде млеко, само што најверојатно уште не се 'проработани' каналите (претпоставувам) за да тече во млаз. Ќе видам колку ќе испразнам после следен подој па ќе прашам дали ми треба чај, ма да мислам дека засега не со оглед на тоа дека ги осеќам градиве полни. Пробај ти во други позиции за да фати. Тек е почеток, уште се учите. Одмолзувај ги градите и давај му.
     
    На K7M10J, Kaetana и Happyinlove им се допаѓа ова.
  16. Happyinlove

    Happyinlove Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    2.871
    Допаѓања:
    10.838
    Пол:
    Женски

    Доев 10 месеци со пумпа никогаш не извадив 30мл. Бебе беше пумпа права. Измолзувај се колку да си олесниш притисок на градите. На почеток и со силикон доев и давав ад па лека полека тргнавме се и беше само на доење.
    Декстроза да во ремедика даваат. И доколку се вознемирени им капкаат да се смират и цуцлата во уста.
    Штом имаш желба за доење ке си ја исполниш. Биди упорна и трпелива.
    Еве сега не дојам и неспоредливо тешко ми е.
     
    На K7M10J, Kaetana и mKdevojce им се допаѓа ова.
  17. honeyboney

    honeyboney Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2018
    Пораки:
    237
    Допаѓања:
    188
    Пол:
    Женски
    Како да се најде каетана на инста?
     
    На Milkiway му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.241
    Допаѓања:
    19.025
    Доење со љубов има страна тука најди ја во групава еве ќе ја тагнам @Kaetana можеш да и пишеш лп
     
    На Kaetana и honeyboney им се допаѓа ова.
  19. hello-kitty.90

    hello-kitty.90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    2.978
    Допаѓања:
    21.188
    И јас никогаш не успевав да измолзам со пумпа многу млеко,ама и со рачна молзев.
    Сеуште го дојам синко,а има 22 месеци,млеко сеуште има на претек и сеуште прска од едната града,додека он цица на другата.
    Штом твоето влече и сака да цица,немај гајле. Ти стимулирај и со пумпата,па колку вадиш толку,битно стимулираш и си олеснуваш на градите.
    Чај слободно можеш да пиеш,освен за надоаѓање повеќе млеко,ги смирува и бебешките грчеви.
    Додека не е бебе со тебе не пиј,ама кога ќе си отидете дома пиј си.
     
    На K7M10J, Kaetana и MilaSs12 им се допаѓа ова.
  20. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.833
    Допаѓања:
    18.670
    Пол:
    Женски
    Мене одсабајле ми капеа капки на стискање а до вечер надојде млеко, полни гради.
    Туширај се со што потопла вода, масирај и пумпај.
    Гледај да молзеш на 2 часа, не мора да истечат 100 мл, битно е да стимулираш.
    Мисли позитивно и опушти се. Наскоро ке се гушкате.

    И како што кажа @hello-kitty.90 чаеви и течности. Јогурт и сок од јаболко.
     
    На K7M10J и Lovebug01 им се допаѓа ова.