Фала на одговорот мила. Значи бистар сок од јаболка, фала и за оваа информација. Се надевам дека овој пат и јас нема да имам мака со лактацијата.
Мене мајка ми исто ми рече бистар сок, густи сокови, вода, вода со шеќер, млеко да пијам и многу многу течности.
Чајот има моментален ефект, да не кажам дневен ефект, така да апсолутно нема потреба во бременост да се пие пошто ќе биде џабе. Млеко исто така не придонесува за имање млеко. Треба вода во изобилие и сок од јаболко.
Ова е скроз индивидуално. Ти ја разбирам поентата ама непотребни се вакви слики. Еве многу од нас не сакаат детето трчајќи да доаѓа на цицка, а има и мајки што воопшто не доеле, па не значи дека нивните деца немаат имунитет.
Поентата е за тие што дојат а се обвинувани од околината дека прават нешто погрешно, сакам да кажам не е воопшто погрешно. А за тоа што некој не сака или не може не спорам, секој има право да одлучи како. Ќерката е 7 години и се уште нема примено антибиотик, во градинка појде од неполни 10 месеци. Тоа сметам дека има дел што беше на продолжено доење. Цели 4 години. Е сега со второто мислам дека 2 години најмногу 3 би ја доела. Не знам зошто коментарот за сликите, темата е доење мислам дека местото им е баш за во оваа тема, не значи дека секој треба да прифати , секако овде се пишуваат различни совети и искуства.
Јас сум строго против осуда, секој со своето. Сметам дека секое дете треба да биде доено одреден период, има право на тоа ама сега боже мој, се случуваат неочекувани работи. Стварно е индивидуално околу имунитетот. Сестра ми е доена 22 месеци, јас 3 месеци. Како помала Козле втор дом и беше, а во градинка повеќе не идеше отколку што идеше. Јас сум тотална спротивност. Дојам, сакам да го одбијам кога ќе воведам 3 оброци и ужини ама како се наближува времето се повеќе ми е жал. Кога цица го гледам и криво ми е што ми доаѓаат такви мисли ама стварно ми е мака и сум уморна. Не знам како би се осудила, се повеќе мислам дека ќе завршам со 3 годишен доенечки стаж. Ќе видиме. Сакав да покажеме малку емпатија кон тие што не дојат, знам која мака е да успееш да доиш и колку треба да си јак психички.
Јас никого не обвинувам само млекото не е исто првите месеци и после 3 години па за да бидат доени толку време ако гледаме така цел живот треба на цицка да висиме нели ради имунитетот да ни биде јак и да не се разболиме. Доењето не е репер дека детето ќе има јак имунитет напротив има деца што се доени и што Козле го посетуваат како за добро утро, а има и деца што се на Ад и се во одлична состојба и не се разболеле. Ние сме три деца никој од нас не е доен па ништо не ни фали додека во школо имаше мајка што го доела доста време па носот му течеше до средно школо нон стоп беше болен. Дете има заби на две,три,пет години и тоа дете џвака цврста храна...Секој нека си тера како што си сака ова си е мое мислење не треба никој да се води според моето мислење
Повеќето мајки не наидуваат на поддршка ако дојат по 1 година. Доволно било, детето јадело, бла бла. Ако осудиме мајка што не дои заради лични причини, а не затоа што нема млеко, тогаш безобразни сме, а ако нагласиме дека и по 1 година доењето е корисно, тогаш...? Факт е дека мајчино млеко позитивно влијае на имунитет. Деца со мед растеле па ништо не им е, ама тоа не е оправдување да се дава мед на дете помало од 2 години ако ги знаете фактите како може да влијае.
Мислам тука имаше члека што напиша дека доела 4 години? Прашувам бидејќи роднина моја скоро 2 и пол години го дои,си има детето некој здравствен проблем не би да нвлегувам. Но педијатар ја советувал да го одбие бидејќи вејќе ништо хранливо не внесувал него едиствено само си се задоволувал. И тоа ми вика така грдо ми го исфилува тоа се задоволувал што сакала веднаш да го одбие. Онака чисто ме интересира искуство со долг доенечки стаж да и пренесам дека не е единствена што го дои долго своето дете само ради тоа што детето си сака утеха,задоволство што ли и да му е.
На fb во групата Поддршка на доењето многу често мајки ставаат слики од 2-3 годишни деца како цицаат. Може да погледне таму дека е една од многуте мајки.
@Izzy_0504 нас не испуштиле со жолтица повеќе практикувам молзено за да сум сигурна дека е под контрола. Иначе можеме и со доење му надојде млеко и на двете гради убаво си фаќа. Ама сега ми е поспан. Да помине и си продолжуваме со гушки и доење дај боже
И моето дете цицаше 2 ипол години . Го одбив кога бев 2 месеци бремена. Секоја мајка си знае за себе, сметам дека треба да си цица барем до година ипол. Секако доколку нема некоја пречка за да го одбие детето..
Штом влече убаво а ти имаш млеко, форсирај цицање на 2 часа. И синко имаше жолтица и само и само цицаше. Пумпа не може да извлече колку што може бебе да исцица. Тргни пумпа на страна и фокусирај се на доење.
Кога мојот матичен гинеколог ми наметна чувство на вина поради доењето дека со тоа ја правам емоционално зависна од мене и бев спремна да одбијам заради неговите коментари, овој одговор го добив од Јулија, консултант за доење во Канада мислам беше, сигурно и други ја знаат по собата за доење на фб. И со нејзините совети продолжив. Мислам може да се најде на фб иако не е активна таа група веќе. И колку што се сеќавам таа кажуваше дека квалитетот на млекото не се губи, туку се менува во зависност од потребите на детето. А рече нашите доктори во Македонија на факултет немаат предмет за доење па ако сами не истражуваат малку повеќе даваат вакви лоши совети. Инаку се сеќавам кога имаше поплави во Србија, по неколку дена беа отсечени, по медиумите се препорачуваше мајките кои скоро ги одбиле децата пак да пробаат да ги дојат, исто и ако дојат бебиња да им даваат и на поголемките деца
Кај мене со цицање и дохрана ад 30мл брзо ја снема жолтицата Ама голем проблем ми беше будењето Внимавај со пумпа ја тогаш кога одмолзував валда хиперлактација си напрајв Внимавај колку вадиш да не се испумпуваш превише