Како се справивте со доењето во скок? Ние сме сега во втор и мака мачиме...ниту сака да цица, ниту молзено млеко, како да не е гладна.
Еве еден космички долг пост. Не мораш да го извадиш. Ако сакаш да престанеш, треба само да престанеш со стимулирање. Но, внимавај на оток, грутки, и сл. Ако имаш тензија, одмолзување додека да олесни. Чај од жалфија, потесен градник. Ако ептен не бива - на доктор за терапија. Одлично напишано. Прекрасна порака за новите мајки! Интензивно пумпање за стимулација. Дали цица воопшто бебето? Како знаеш дека немаш млеко? Мораш да пишеш детално што како - колку формула добива. Дали проба да доиш. Како изгледа секојдневие. Време е поминато во кое морало да се реагира со стимулации. Што побрзо реагираш сега - тоа подобро. Пробај друга положба, работи на фатот да е подлабок. Дали се работи за интензивен лет даун или плиток фат? Дали често губи вакуум? Како е со пелени? Напредок? Бљуцкање? Пробај во повеќе позиции за доење. Најдобро во биолошката позиција... И пиши. Скокот околу 12 недела (3 месец некаде а може и до 4 да фати). Или се манифестира со интензивно доење или пак со протест на дневните подои. Се зголемуваат ноќните, а дење се дои во полузаспана состојба, во темна просторија, тивка, да нема никакви стимулации од околината. И многу трпение и челични нерви. Да. Добар е. Го пиев мееци. Вода со шеќер? Жени не. Значи се пие по жед. Колку сте жедни - толку. Не се прелевајте - вишок течности прават контра ефект и може да дојде до намалување на млеко! И пијте најдобро вода или чај за доење. Не претерувајте со сокови. Емпатија мора да имаме, но ако е ова тема за поддршка, можеби баш тие слики ќе ѝ дадат поддршка на мајка која сака да си го дои бебето и после година, а наидува на милион осуди. И тоа воопшто не е "пооправдано" оти не се работи за ексклузивно доено бебе. Емпатија на тема - мајчински муабети, во секојдневие, да. Ама во тема за доење, не смее емпатијата да ја потисне поддршката. Ич не е единствена. Нека се зачлени на ФБ во групата Breastfeeding older babies and beyond па да види приказни со доење и до 7 години и над. Конкретно пријателка која дои 4 годишно синче, и воопшто не е тоа тема на дискусија. И сметам дека изјави од типот на "јас мислам дека не треба" и слично - не. Можете да кажете за себе што вие би направиле. Ама воздржете се од тоа да сугерирате на други. Доењето е врска помеѓу мајката и детето. Крај на приказната. Ако е тој скокот во 3/4 месец.. челични нерви и ноќни подои.
Бебе има 10 дена и веќе неколку дена сме само на доење, не се измолзувам. Меѓутоа, немам претстава колку јаде и давам на секое кога ќе побара, некогаш и на саат време. Најчесто цица 10-15 минути и заспива, никако не можам да ја разбудам. Ја ставам во креветче одма се буди и бара да цица, пика раце во уста, па и давам пак.. Ми е страв да не и направам проблем со стомачето... И друга работа, мака мачиме да ја фати мојата брадавица (имам мали брадавици, во болница ми рекоа рамни ми биле). Цица со силиконска. На клипчиња што гледав толку лесно изгледа, но бебка е толку нервозна кога не може да фати, мрда прета целата, се оттурнува со главата, ме турка со рачињата. Некогаш, ретко ми успева но не е баш најправилен фат зошто после подој ја гледам брадавицата како деформирана. Пробувам на сред подој да ја извадам силиконската, во 90% од случаите не функционира...Или може треба поупорна да бидам, ама како да бидам, кога во тие моменти е многу нервозна?! Што да пробам? Ако имате некое корисно клипче или линк пратете.
Јас знам по братучедка ми имаше рамни цицаа така месец дена и рече бебето и ги извлекло брадавиците еега веќе 5 месеци цица нормално без. Ај ќе кажат поискусни ама може и кај тебе е ист проблм Со тие е напорно дека поише се уморува дури и дое млекото
Ќе ги означам @Alishan30 и @Jana06 и тие почнаа со силиконски ако добро се сеќавам, искуство од прва рака ќе ти е добредојдено
@Lovebug01 Доев до 3 месеци со силиконски, пробував и порано да го одвикнам ама мали брадавици имав и не можеше да ги извлече. После 3 месеци почнувавме со силиконска и после неколку минути ја тргав и продолжуваше да цица без. За една недела се одвикна и убаво ми ги извлече, сега немаме никаков проблем.
@Lovebug01 2 месеци е кај мене бебето, уште цица со силиконска. Не фаќа на моите, можеби 4-5 мин и не сака да цица, а со силиконската без проблем цица. Здравје, по 3-4ти месец ќе форсирам повеќе за без нив.. Прашав педијатар минатата недела и ми рече до 4ти месец ако си напредува на килажа да не ја тргам силиконската и потоа да пробувам без неа.
@Alishan30 @Jana06 мене па страв ми е дека ќе се научи на силиконска и дека како што расте ќе станува пожилава и ќе ми се трга. Она и сега така прави кога е многу гладна, не знам од кај и е само силата, 10 дена има. Не можам со главчето до градата да ја доближам од што ми прави отпор. Затоа уште сега форсирам ама кога ќе фати гледам нема добр фат, по обликот на брадавицата. Значи штом сте ги отфрлиле како погоре што пишавте, има надеж Ќе видиме баш следна недела контрола колку напреднала со тежина, ако не друго барем ќе ми олесни ако не морам веќе да се измолзувам...
Zdravo mamicki redovno ve citam,od vaseto iskusto se podgotvuvam jas sum 36+5 so bliznacinja.Pa mi treba sovet vi sto koristite silikonski bradavici kakva da zemem deneska barav vo apteka ama neznaev kakva da zemem i koja velicina kako ja odreduvate velicinata.Sakam na vreme da si kupim bez razlika dali ke mi treba....
Пробај смени позиција на доење. Некогаш со промена на позиција може драстично да се подобри фатот. Пробај во биолошка позиција или фудбалска топка. Побарај на нет за асиметричен фат на града - како да го поставиш бебето. Давај да цица кога сака. Не му штетиш така, напротив, осигуруваш да се стимулира доволно млеко. Моја препорака е да не земаш сега. Сѐ може веднаш да се купи. Пре тие пари би ги дала на совет од лактациски консултант кој големи се шансите да ти покаже како да доиш без силиконски, и може да ти реши милион дилеми околу доењето. А толку е консултација. Ако не и помалку. Ама ова е мое мислење.
Колку време активно цицаат бебињата на возраст од 1.5 месец? Некогаш моето цица 5-10 мин и после или дреме или само ја држи градата во уста и повремено подголтнува. Се трудам активен подој да трае подолго, менувам и гради ако престане активно да дои на едната.Инаку се обидуваме да исфрлиме дохрана целосно, последниве 2 недели пиеше еднаш или 2 пати после цицање, 30 до 50мл. Инаку е кенкава цело време, бара да цица и се мислам дека е гладна постојано.
Си бара близина, не мора да значи дека е гладна. Можеби има грчеви и полесно и' е со цицањето. Според напредокот ќе се види дали е гладна, не според тоа колку сака да е со цице во уста.
Не се оптеретувај со време на цицање...ние цицавме на почетокот по 40мин, а од месец ипол 5-10мин максимално, а напредува одлично. Следи пелени дали и како полни, тоа ти е репер како дете цица. Неможе да е цело време гладна или сака близина или може ја мачи нешто, грчеви и сл. Следи и активно голтање, кога ќе престане, а уште држи цицка знаеш дека веројатно е заситена. Има периоди кога сакаат гушкање посебно, мазење, така да батали се друго и посвети му се не бебето искрено поубаво од тоа нема.