Мајки ако има некој со сличен проблем на мојот нека ме утеши некакако 2 месеци ми е бебето и ми се дави и засркнува скоро секое цицање, некогаш и по два пати на едно цицање. Некогаш и требаат неколку секунди дур да се избори да земе воздух, ја кревам и ја удирам на грбчето. Ми е жал го изнатепав детено. Под стрес сме секој подој и јас и мм . Со ова почна негде 3тата недела, па се изретчи давењето еден месец скоро, сега пак почна како направи 2 месеци. Многу сум под стрес, незнам до кога ќе тераме вака
Лаком си е затоа и ти се засркнува и мојов така сеуште прави повеќе влече од што може да голтне едно влечење две голтки. И со шише не е поразлично како сакаш давај му пак ќе се засркне и плус сега знаат да се загледаат и не им текнува да голтнат па после кашлаат
Да пробаш да се одмолзиш малку пред да му дадеш да цица да се намали млазот. А мислам @Kaetana пишуваше како е најдобро во која позиција да доите во ваков случај.
Точно многу е лакома, влече 3 пати и неможе да ги голтне. Ама мојава ептен се задавува ме плаши многу кога ќе остане без воздух
Пробав така ама не е до првиот млаз, она знае и на средина и при крај на цицање да го направи истото. Позата не ја пробав дека педијатар ми кажа не било хумано некој така да се храни, ама ќе пробам ако мора..
Не грижи се, ништо страшно, ќе се избори бебуш со тоа и по некое време ќе го совлада закашлувањето. И синко беше така, страствен цицач е и се додека тече млеко тој не зема здив, туку едно по друго голта без пауза. Па особено на јакиот млаз обавезно се подзакашлуваше, ама еве го сега, си се научи.
Кога ке ти се засркне само на страна ке го завртиш. Трауми ми останаа . Првото лакомо цицаше и секогаш се засркнуваше па не знаев што да правам. Го дигав, па преку рамо го тапкав,он со устата поддотворена само седеше мислам не дишеше. И педијатар ми кажа кога и да се засркне само ке го легнеш на страна и ке тапкаш пополека па ке продолжиш со доење. До дете си е. И смирено
Ме апна два пати од сабајле по градата цицајки, сака да цица ама ете несвесно си ги точи забите. Измолзено не сака, со силиконски ме сака, само од едната града дојам ненормално ме боли а бара да цица... Не сакам да ја одбијам ама вака ако продолжи незнам што да правам
Хелп. Ќерка ми е 14 месеци. Се уште ја дојам. Последните 3 недели превентивно пиев Д3 од 1000. Сега дознав дека е штетно за детето да прима поголема доза. Дали знае некој какви ефекти може да има? Уплашена сум.
Од каде тоа? Земајќи д3 не само што ги задоволуваш своите потреби за витаминот, туку и тие на бебето. Дури и од 2000 да си пиела нема штета, само придобивка.
Дали освен спреј со морска вода и парацетамол смее да се пие уште нешто за настинка? 13 м има,цица само навечер 3-4 пати, имам главоболка,затнат нос и некое жежење кон увото. Имав и др симптоми се тестирав корона не е. Грлото малце ме гребеше само пантенол му дале на мм во аптека..
Да, матичната. Само ми го избегна одговорот за можните последици од преголема доза. Фала за одговорите.
Ептен трауми ми направи, тахикардија ме фаќа кога ќе ми се задави. Исто така со отворена уста и очи стои мислам не дише..тоа може и од што е уплашена самата..поима немам битно не е пријатно.
Не, од почеток сме со стандардната лулка позиција. Втор кон трет месец веќе немаше проблем. И јас на почетокот се плашев, ми се чинеше дека ќе изгуби здив, но ќе го поткренев малку и за брзо пак си продолжуваше со цицање. Се случува и сега понекогаш да се закашла, но многу поретко.
За која поза станува збор? Пијам Д3 од 2000 IU по препорака на ендокринолог, знае дека дојам и ми рече да не ги прекинувам. Ортопедот ми се изнасмеа кога му спомнав дека пијам толку и дојам. По негова препорака малиот пие по 200 IU на секој килограм.