Доење

Дискусија во 'Бебе' започната од bibitri, 28 јануари 2010.

  1. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.241
    Допаѓања:
    19.025
    Само да се надоврзам повеќе е тортура да миеш шишиња и да стерилизираш во 4 сабајле
    Некогаш шише е лесно
    Ама денес не пресметав убаво и заборајв дека треба во 11 да јаде.
    Во една рака бебе вришти со друга правам ад. Баш си викам вади цицка дај му а не да ми модрее.
    Така да и јас ради рагади и болки во агонии бев и ништо не напрајв на крај.
     
    На Snowflake97, Brpbrp, Ava.84 и 3 други им се допаѓа ова.
  2. mar3q

    mar3q Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2014
    Пораки:
    592
    Допаѓања:
    474
    Симни си baby tracker од playstore и води си евиденција кога јадело. Мн по лесно ќе ти биде
     
    На K7M10J и Milkiway им се допаѓа ова.
  3. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.502
    Ќе кренеш глава од стерилизирање ама и после доење убаво се мијат градите за да не се направат бактерии па после бебе кандида да фати. Јас силиконските со топла вода ги миев на едно цицање една користев само си ја префрлав од една на друга града. Не слушај други нека не ти влијаат ако треба развикај се и скарај се подобро тоа одколку од нервоза да ти се намалува млекото.
     
    На K7M10J, Lovebug01, Milkiway и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.833
    Допаѓања:
    18.669
    Пол:
    Женски
    Градите не се мијат после секој подој. А не можеш да дадеш ад во нестерилизирано шише. Можеби со врела вода ке помине, ама имаш неколку стерилизирања дневно.
     
    На Ava.84, Kitten и Kaetana им се допаѓа ова.
  5. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.502
    Како што се мијат шишињата така и градите колку што можат шишињата да имаат бактерии толку и градите. Ако ти си немала проблем има некој што имал за се треба да се води грижа.Јас не стерилизирам шишиња после секое давање на бебе. Ако го оставиш цел ден многу нормално дека ќе треба да се стерилизира
     
  6. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.833
    Допаѓања:
    18.669
    Пол:
    Женски
    Еве нека кажат и другите мајки кои дојат дали мијат гради по секој подој. Јас не мијам.
    @Kaetana сигурно подетално е запознаена и може да објасни. Се заинтересирав на темава дали треба, не треба, како и зошто доаѓа до појава на кандида.

    Плус, не е исто гради и шише. Шише мора со врела вода да го попариш по употреба, не може два пати по ред без миење. Гради јас никогаш не сум миела по секој подој. Ни други мајки не сум слушнала да мијат по секој подој.
     
    На kukla21, Ava.84, Kaetana и 2 други им се допаѓа ова.
  7. GolemaMala

    GolemaMala Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2020
    Пораки:
    495
    Допаѓања:
    788
    Пол:
    Женски
    Не би се согласила со тоа дека гради се мијат после секој подој. Првото дете го доев година и пол, па никогаш не доби кандида. Еве и со второво, немам таков проблем, а не ги мијам после секое доење.
     
    На Kitten, Kaetana, mKdevojce и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.608
    Пол:
    Женски
    Полулежечка (biological nurturing) и коала се различни. Ама и двете се сосем во ред позиции. Некој пиша мало е бебето за биолошка, главата му паѓала (мислам така прочитав) ќе ја ставите раката од страна и ќе се потпре. Не треба да ја држи главата бебето нагоре... Биолошката позиција ја практикуваат веднаш по раѓањето, во првиот час. Така да теоријата дека е мало бебето, не држи вода.

    Значи прво - смирено во целата ситуација. Наместо ова време да си ти со бебето во мир и тишина, да се запознавате и да уживате, ти си во хаос од мислења и притисоци од страна. Тоа не е во ред. Постави си приоритети. Тргни ги сите што ти прават притисок. Ова време е само ваше (на бебето и твојата најтесна фамилија - сопруг, партнер, поголемо дете - ако имаш.... ...). Не е време за сите да те напаѓаат со мислења и совети.

    Прво - бебето цица со силиконска брадавица. Ама важно цица и напредува. Тоа е една позитивна работа. Значи ти сакаш да тргнеш силиконски брадавици. Ок. И тоа ќе бидне. И не е само упорност ако си и фрустрирана. Упорност но не и тврдоглавост. Работа со мало бебенце бара смиреност и трпение.
    Давање гола града на гладно - никако. Давање кога плаче и не сака - никако. Форсирање во никој случај. Напротив, транзицијата се прави постепено. Прво зголемуваш контакт кожа на кожа. Ти си гола горе, бебето по пелена. Најадено.
    Се галите, гушкате. Не му ставаш града во уста. Чекаш да видиш тоа да се навикне на мирисот. Пробуваш во полузаспана состојба. Пробуваш нежно кога е најадено. Или пробуваш при крај на подојот.

    И те молам крени го секогаш бебето кога плаче. Особено што те читам дека и твојот инстинкт така ти вика. Гушкај си го бебето и биди тука за него. Не верувај во застарените совети дека ќе се научи така или дека те манипулира. Верувај во тоа дека на бебето му треба многу топлина и љубов. Ние, луѓето, се раѓаме многу зависни и неспособни во споредба со другите цицачи. Ни треба љубов и заштита. Башка бебе кое не го земаш во раце и бебе кое плаче е и те како фрустрирано и е тешко да се работи со него. Земај го секој пат, дои на барање на бебето, а во меѓувреме пробај да уживаш во близината. Буквално откажи обврски околу домот, земи си го бебето, и цел ден гушкање заедно. И само смирено.

    ---

    Како што ви пиша @Yowannty плус би додала дека најголемиот проблем што може да се јави кај некои жени (не кај сите) е што стимулацијата не се одвива на гола града, т.е. нема директна стимулација на нервите кои се одговорни за хормоналната секреција која ја регулира количината на млеко. Башка силиконската брадавица не се деформира како брадавицата, туку вашата брадавица се прилагодува на истата - и не е баш позиционирана како што би била вашата. Сите тие работи се ризик фактор (потенцирам - не се проблем по автоматизам!).

    Градите не треба да се мијат после секој подој. Баш бактериите што живеат на самите гради се позитивни за бебето и за оформување на неговиот микробиом. А кандидата што ја спомна погоре не е дел од здравиот микробиом (кога е толку намножена за да прави проблем), т.е. ако ја има мајката на градите пред сѐ таа ќе има проблеми и болки, и најважно - тоа нема да се реши со миење со вода. За третирање на кандидата се зема соодветна терапија. Со миење на градите ја сушите кожата и сте склони кон иритации.

    Градите не се третираат ни во бременост. Застарени се сите тие препораки за триење со пешкир и сл. Така само ги разранувате градите и ги правите да се поосетливи на бактерии.
     
    Последна измена: 29 ноември 2020
    На LittleLilit, Cherry333, K7M10J и 13 други им се допаѓа ова.
  9. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.502
    Епа од што се размножува тогаш бактеријата? Значи мора да се плакнат и тие затоа се користи и ланолинот за да се омекнат брадавиците и нема да бидат суви. Триење со пешкир не знам кој би дал таков совет и дали правеле така порано.
     
  10. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.444
    Допаѓања:
    8.830
    Пол:
    Женски
    (fingers) еве јас сум од тие што добиле совет да си ги тријат брадавиците со пешкир. И тоа требало уште во бременоста, сега веќе било касно. (facepalm)
    Абе сите неповикани совети и сопствени искуства си делат по вибери, месинџери. Дома никој не ми иде освен мајка ми ама и она си дели совети ко за цела тајфа.
    @Kaetana ти благодарам многу за одговорот и поддршката. Кога ќе се навратам на сите овие денови наназад уствари сфаќам дека најдобро ни оди кога сме сами јас и бебка. Ни маж ни никој.
    :l:
     
    На K7M10J, Thallia, 0ли и 7 други им се допаѓа ова.
  11. kanella

    kanella Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2015
    Пораки:
    1.280
    Допаѓања:
    10.195
    Пол:
    Женски
    Здраво :)
    Еве и јас тазе породена да пишам во темава. Природен пород, бебето веднаш зафати града да цица. Но си ја одбра левата града, десната или како перниче ја користи или играчка. Никако да зафати да цица. А на левата оди супер.
    И сега проблем ми е што левата града почна ме боли. Дур зафати да јаде ѕвезди бројам, а на десна кога ја ставам се тегни, се трга нервозна и плаче. Не знам што да направам за да ја научам да фаќа и на десната града. Си мислам дека јас не ја држам како треба, не знам да ја наместам, а пробав различни начини.
    На болнава града засега немам приметено ништо промена освен што е зголемена од шмукањето и мачкам со ланолин. Не знам дали да продолжам да и давам од таа. Немам дома ни пумпа за измолзувањени силиконска заштита за брадавката.
    Што да направам не сум паметна?
    Фала ви за секое споделено искуство. (fingers)
     
  12. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.798
    Пол:
    Женски
    Сами си ставате епитети. Веројатно може и некој друг да даде мислење или не :^)
     
  13. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.608
    Пол:
    Женски
    Бактеријата се размножува од многу фактори - пример како резултат на нарушена флора, паднат имунитет, и сл. или кај мајката или кај бебето, па после едниот ја "предава" на другиот (тоа е бебето во принцип преку цицање).
    Кандидата башка сака блага средина, така да мајчиното млеко ѝ е одлично за таа намена.
    Во никој случај не помага миење на градите. (Да беше така лесно).

    Си ги миете најнормално - еднаш, два пати дневно, или по потреба (пример ако сте се испотиле многу и сте биле без прслук). Што правиме ако доиме во јавност? Ништо. Вадиме града (неизмиена) и доиме. Толку.
    Ланолин се користи само ако има потреба, т.е. само ако брадавиците се разранети. Стандардна употреба на ланолин нема логика, ги затвора порите и жлездите на градите од каде самите си лачат што и да им треба за да не се суви.
    Башка ланолинот на крај можеби треба да се измие пред доење (особено ако не е со сигурност чист, иако дури и тој би го миела).
    Не ги третирајте градите како шишиња, затоа што не се.

    ---
    Значи не ми е верно колку подемот на шишето и неговата употреба во секојдневието има влијание врз нашата перцепција за доењето! Од тоа како да се третираат градите, до тоа како се перцепира млекото што е во градите (како да се градите контејнери и содржат одредена количина млеко), до тоа треба да се полни (како полно шише млеко) па тоа повлекува и на колку време треба да се дои (препораки кои важат за деца кои се на формула - кои и те како се менуваат денес!) и ред други моменти..

    Исто ми е многу неверодостојно како силиконските брадавици постојат во последните неколку години, а човекот преживеал без нив многу долго време. Ама изгледа еволуираме во апла погрешен правец, кога профитот и нечија материјална доминација не гледа до каде оди на долги релации. Нејсе. Тоа е многу глобален поглед и сосема подруга тема.

    Она што сакав да кажам е дека пробуваме да функционираме веднаш по линија на помал отпор - нешто не штима? Еве ти силиконски. Толку. И не е толку проблемот со употребата на силиконските, колку што ни се менува перцепцијата! Мајката веднаш мисли дека НЕЈЗЕ не ѝ оди доењето. А вистината е дека скоро СИТЕ жени имаат одредени "потешкотии" на почетокот. Затоа и навидниците. Бидејќи е нормално да е потребно време за адаптација на парот мајка - бебе.
    Да не зборувам дека многу потешкотии доаѓаат од начинот на кој раѓаме. Ама сериозно. Значи не само од аспект на царски или природно, од аспект на сѐ што се случува за време на самото породување. И не, не го стигматизирам ниту едно породување! И не, не ми се овие податоци од некоја Фејсбук група на забегани жени кои инсистираат дека природниот начин е најдобар!
    Ова се студии од медицински лица, гинеколози, педијатри, анестезиолози, акушерски сестри, студии кои веќе потврдуваат многу работи и кои се влезени како потврдена и релевантна едукација за професионални советници за доење!

    Така да... Нам ни е пред сѐ изместено гледиштето за работите. Не се едуцираме доволно. Не знаеме каде да се едуцираме. И верувајте, далеку сме од запад. Еве јас сум на запад, и гледам колку сме далеку. Подруг човек сум и дури ми е жал колку во грч ја поминав втората бременост, а не требаше. Нејсе. Тоа е друг муабет.

    Сакав да речам дека многу препреки имате од самото раѓање. И немате помош. И нема доволна едукација. И сето тоа на крај резултира со комплетно погрешна перцепција која прави мајката да живее во сомнеж дека нешто не е ок кога во реалноста сите се соочуваме со одредени предизвици. Затоа зборувајте гласно. Едуцирајте се.


    @kanella честито, нека е живо и здраво. Мојот совет ќе е кожа на кожа, да пробуваш најразлични позиции за доење (најпрепорачана е биолошката како позиција која статистички нуди најдобар успех особено на почетокот). Прочитај подетално околу позиционирање и фат на града. Давај од двете гради, прави компресии кога ќе фати.

    Не знам како оди досега - дали е само на доење од една града или плус добива дохрана, како е со пелени и како добива дохрана. Во секој случај дохранување со шприц, а градите да ги одмолзуваш после подој ако сметаш дека не исцицало ништо. Градата не смее да остане нестимулирана подолго од 3 часа (и дење и ноќе - барем на почетокот). Пумпа не секогаш треба, има жени супер успеваат да се молзат рачно. Силиконски не ти требаат како default starter breastfeeding pack, многу жени живеат без нив и дојат. Консултација со педијатар - особено во поглед за напредокот. Ова се општи совети кои би важеле за сите мајки.

    @Jana06 мислење да, ама основано на што? На лична лаичка перцепција? Зошто тогаш го кревате и држите бебето исправено да ждригне, или го шетате исправено за да не бљуцне? На родители кои си имаат мака со рефлукс и те како оваа поза им е единствен спас... препорачана од педијатри и лактациски консултанти, ама by all means пишете како вам ви изгледа затоа што смеете да си кажете мислење и е ова тема за тоа. .. :^)
     
    Последна измена: 29 ноември 2020
    На LittleLilit, IRBBB, K7M10J и 12 други им се допаѓа ова.
  14. GolemaMala

    GolemaMala Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2020
    Пораки:
    495
    Допаѓања:
    788
    Пол:
    Женски
    @Kaetana, да те нема, ќе треба да те измислат. Ко мелем на душа си :l:
     
    На LittleLilit, Cherry333, K7M10J и 7 други им се допаѓа ова.
  15. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.867
    Допаѓања:
    33.999
    Пол:
    Женски
    Се сложувам со Мила и Каетана . Градите не се мијат пред секој подој.Нас ова не учеа на предпородилните часови дека микроорганизмите на брадавките помагаат за оформување на цревната флора на бебето.Најбитно пред доењето беше мајката да си ги измие рацете или издезинфицира.Ова што се сеќавам од пред 4 години:)
    Кога доев ги миев градите само кога се туширав еднаш дневно. Немам добиено кандида фала Богу.
     
    На K7M10J, Kitten, Mila_Skopje и 6 други им се допаѓа ова.
  16. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.210
    Допаѓања:
    8.433
    Што смеам за кашлица да пијам а дојам уште?
     
  17. Chuchanov

    Chuchanov Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2019
    Пораки:
    1.519
    Допаѓања:
    2.942
    Пол:
    Женски
    Мене за кашлица и затнат нос матичниот ми препиша амоксицилин на 8 часа
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.798
    Пол:
    Женски
    Не знам зашто не ми стигнало известување.
    Не морам да сум педијатар или консултант за да кажам мислење. Да, темата е за тоа. Не реков дека мајките не треба да дојат во таа позиција, кажав мислење. Не знам зошто се вознемирувате околу едно мислење кое никако на никоја не влијае, секако се си знаете :)
    Ајде може 'хумана' не е добар збор ама јас не би доела во таа позиција, подобро да легне врз мене и така може да го топли мешето.
     
    На Brpbrp и Milkiway им се допаѓа ова.
  19. Ms. Sunshine ☆°°

    Ms. Sunshine ☆°° Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2020
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    24
    Пол:
    Женски
    Бебе цица повеќе од десната града и сега дали ми надојде повеќе млеко таа града ми стана тврда.
    Пробувам да ги одзатнам каналите со пумпа ама ништо не успеа. Дали некоја имала сличен проблем и што да правам?
     
  20. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.444
    Допаѓања:
    8.830
    Пол:
    Женски
    Масирај под туш до жешка вода, или ако имаш термофорче со тоа. Со кружни движења од под пазуви кон средина на градата. Кога ми надојде млеко во болница со термофорчиња ми олесна тензијата во градите и после и за пумпање беше полесно.
     
    На Ms. Sunshine ☆°°, kanella и Kaetana им се допаѓа ова.