Сигурно го поставиле оваа прашање но итно ми е работата и не можам да прелистам назад по темата. Ве молам одговорете ми дали смеам да се снимам ренген на плуќа додека дојам?! Ви благодарам
Нема врска каков пораѓај е, кај секој различно е, еве јас царски понеделник се породив во 22ч во средата ми дојде млеко во 20ч. Ставај бебе на града и земи си пумпа и од ко ќе доцица бебето молзи со пумпа, само стимулација за повеќе млеко и упорност. Со лесно
Се породив четврток вечер, саботата ми ја дадоа да ја дојам, имаше колострум и го исцица, па истата вечер ми надојде млеко.
Јас да прашам Се осеќа ли кога се полнат градите со млеко како пецкање (не е болка)? Или нешто друго е?
Полнење е, нормално е. Ке престане кога ке ти се регулира лактацијата. Само е непријатно ама немај гајле.
Samo sto go zedov rezultatot, izlegov POZITIVNA na Kovid, a imam strasni bolki na pluqata, zatoa ve prasav dali rengenot steti, mnogu mi e zal da ja odviknam, ima samo 3 meseci
Побрзо да озравиш. @Kaetana ја прашував за класичен ренген, сакав кичма да снимам и кажа дека е безбедно.
Ti blagodaram na brziot odgovor. Koga prasav deneska za termin mi rekoa ako dois ne smees da se snimash.
Можеш на нет да пишеш Is it safe to xray while breastfeeding и да прочиташ од специјализирани сајтови. Повели линк од таков Многу ми е жал се надевам што побрзо ќе ти помине Не ја одбивај малата можеш да доиш но од доктор ми е кажано со заштитна маска обавезно и за тоа можеш да читаш повеќе на WHO. Бебе ќе си прими преку тебе антитела од ковид и ќе биде заштитено
Мајки Бебе е 3 недели и на ексклузивно доење. Не гледам саат, на секое барање давам. Поназад пишував дека не ми фаќа без силиконска. Е сега последниве денови почна да цица убаво без, ама повеќе од десната града, и на таа града убаво ја има извлечено брадавицата, не се мачи толку да ја фати. За левата уште ставам силиконска. Ај тоа ќе го средиме некако. Проблемот е што ми заспива и никако не се буди. Ја штипкам, ја преместувам, никако не се буди, во длабок сон заспива Ќе ја исцица едната града некои 15-20 минути и ќе заспие на неа и толку, не сака да продожи на другата. Навечер многу слабо цица. Таман ќе се разбуди, и давам и заспива по 5 минути. Се буди на повеќе од 3 саати..Многу тешко ми е да ја разбудам и останувам по саат-два ненаспана а она си спие. Денски цица дури и на саат-два некогаш. Ќе ми заспие на града и кога ќе ја ставам во креветче се буди па пак ја земам да дојаде.. Има какани и мочани пелени редовно, за тоа не се секирам дали е доволно јадена, но ме плаши ова што премногу цврсто заспива и не можам да ја будам... Нормално ли е така да спие на 3 недели бебе?
Ако активно цица 20 мин е сосдма доволно за толку мало бебе значи најадено е од едната града, и мојот не секогаш цица од двете знае да се најаде само од една. За спиење мислам е нормално сеуште е мало затоа брзо заспива јас не сум можела да го расонам ниту со расоблекување а немал ни жолтица. Штом си кака си мочка редовно и напредува во килажа мислам супер сте немаш причина за грижа
Месец и пол најмалце вака може да ти прави а не мора нид а значи моето исто правеше цел ден со цицка во уста си се најадува она ако става на килажа добро ич не се секирај сепак мало е си бара близина затоа и си задремува така убаво му е знам дека ти е мака што мора да скапеш од лежење и ти се здосадува али тоа е таков е процесот Предходно неколку страници назад се имаше зборено за ваги случајно вчера на фб ми искочи од Tilla вага за мерење до 30кг 3800денари е дигитална ако му врши на некој работа
Абе не ми е за лежењето мое, ќе лежам колку сака она ама се шекнав свашта се изначитав по интернетов за долгово спиење, па да прашам од искуство дали е нормално вака