Подобра мајка ќе бидеш, од тоа што те замислила. Јас сум спанка на векот, спиев како топ претходно. Сега со 1 око отворено спијам.иако е во креветче на 40см од мене, нонстоп си следам ситуација
А да беше со тебе ќе ти висеше над глава да следи ситуација? Боже Господе.. Читај на темава, гледај видеа на youtube и верувај на својот инстинкт.. ќе си се поврзеш со бебе ти и само ти како мајка. Не ти треба никој над глава да ти виси, да ве гледа
Шине знам, но со ,,в" мислев да не е друго нешто 'Лцне ете не го знаев, па ми го објаснивте претходно
Па да, ќе стануваше и навечер да ме гледа да не заспијам. Ама ај тоа, него многу трауми ми даде сега ми е страв бебче во раце да земам да не го шивнам или задушам. Ама сепак имам среќа тука ќе ми покажат сестрите што како уште во болница.
Нема да го задушиш или повредиш, ќе видиш. Кревко и нежно е, да, на почеток може да ти е страв, но после ќе се испраксираш. Во живот во мои 39 години немав кренато толку мало бебе, но научив. Ти изгледа страшно и се плашиш, но ќе научиш и ќе стекнеш самодоверба.
Мене ми висеше мајка ми Слушаше дсли голта па млекото требало да капе па немаш млеко имаш млеко Па многу било на цицка Ајде не и фаќам кусур многу ми помогна, нас не не доела толку и беше знаењето
Искрено не ти треба таков притисок. Барем јас не можам да функционирам така и само би ми стварало нервоза тоа. Јас сум преголема спанка и топ не ме буди. Ама бебе кога плаче на првиот звук сум будна. Се случило 2-3 пати на бебе да не му се спие, а јас да сум кома, па во тие случаи го будам мм и му го давам него. Секако бебе за 5 минути презаспива, ама он ќе го заспие и ќе го стави во креветче, а јас за секунда сум кома. Во секој случај ќе си фатите ред вие како вас ви одговара. Кога ќе дојде бебуш ќе видиш како ќе знаеш што треба да правиш, тој страв ќе премине во позитивна трема, од толкава љубов нема да сакаш да го испуштиш од раце, а не па да се плашиш да го земеш.
Мене ме праша 2-3 пати дали можело да дојде да види како цица (за разлика од свеки што ми се пикна во соба ненајавена). И кажав дека не сакам, дека бебе си цица и нејкам никој да нѐ гледа освен маж ми. И толку. Не ја разбирам таа потреба да се гледа како бебе цица.. ај проблем да се има ајде де, ама пак не мајка туку стручно лице, мајките пред 30+ години што не доеле како знаат и умеат, не значи дека и сега ќе можат да ни помогнат - друга града, друга пупка, друго бебе, друго се..
Свекрва ми, спиеше само еднаш кај нас, првата вечер кога си дојдовме од болница. Тогаш и веќе никогаш. Бебе плаче, јас со болки и хорор хормони. Уште од старт станав, кревет си наместив, измив садеви им сварив кафе. Можев, не ми беше тешко, освен раната што ме болеше. Бебе плаче ли плаче, и нели почесто на цице е. И дотичнава ми вика да сме го испитале квалитетот на млекото, да не било ретко па дете да гладува и плаче. Само и реков срамота, немаш што замерка да ми најдеш зошто сум витална па вакви научни трудови ќе правиме сега. И реков да си ги земе стварите и маж да ја однеси дома. Не ми треба помош никаква. Од тогаш ни А ни Б нема од неа, да коментира. Со време дозволете до каде може да одат со коментари. Едит: по 2 месеци дете пак плаче, а кај нив сме и се смеам и викам до квалитетот на млекото е изгледа. И ми вика, ааа не ,дете се здебели, млекото ти е квалитетно, такви си се бебињата си поплачуваат понекогаш Имало влијание мојата претходна реакција.
Мојава е без осет, бадијала зборувам и ја опоменувам кога коментира во врска со бебето (непрашана и неповикана нормално), таа вика, ти речи ми што сакаш, јас пак ќе си го кажам тоа што мислам... За висењето дури дојам исто така имам кажано дека ми пречи, тогаш ќе се заврти, другиот ден иста приказна... Цицај бабе, цицај ми да ми растеш.... Да си се пожалам и јас А сакав да прашам, патронажна ти дојде дома? Кај нас само по телефон неколку пати се јави..
Јас сум голема спанка и спијам цврсто. Кога ке шушне синко се будам. Мајчински инстинкт е тоа. Кога доите ноќе штракајте мобилен и нема да ве фати дремка. А не е исклучена можноста да сте преморени. Советот е на место, реални се тие ситуации. Во врска со моето доење најмногу прашања добивав дали пијам доволно течности. Им кажав дека за да имам млеко треба да пијам барем 2 л течности и сите ме прашуваа дали пијам јогурт по неколку пати на ден.
@BabyD0ll кога се породив и ме однесоа во соба, бебето спиеше, тие кажаа да ги викнам за се и си отиода сестрите.По некој 15 мин иде цимерка.Прво прашање на жената беше како да го држам бебето кога ќе стане од спиење.Истото и јас прашав оти ми беше страв да го фатам. Сестрата се насмеа и рече само да го фатиме главчето и да го дигнеме.Си замина сестрата, а јас и цимерката се туфкаме што ќе правиме ни таа знае ни јас.По 10 мин се јавува моето и јас рипам како од пушка и го земам бебето без да мислам што како , како 10 да сум ги исчувала.Ете тоа се вика инстинктСам од себе доаѓа.Ако се толку нежни бебињата сите со гипсови ќе беа.Не се плаши се ќе ти дојде само. За загушување при доење е можно само ако мајката додека го дои заспие и го претисне бебето со градата или телото.Инаку бебето кога цица си дише, ако му е затнато носете само се трга за да земе воздух со устата, тоа е инстинкт. Значи како и пораѓајот што е сосема природна работа и доењето е најприродна работа на која треба да се трга без страв и со самоувереност
@Thallia првиот пат само дојде после болница, со најава и со заштита нормално. А за 2 недели од тогаш јас ја викнав зошто памперсите секој ден ми пропуштаа да ми објасни за нив убаво како да ги местам. И толку беше.
Ако сакаш да доиш и да немаш нервози од сикуство ти кажувам само ти и бебе во соба евентуално маж и никој друг да ти виси над глава сериозно ти кажувам. На почеток се ново ќе ти биде бебе плаче не знаеш дали е гладно,грчеви и ред други работи али во ниеден случај не дозволувај да те убедуваат дека бебето ти е гладно и дека ради тоа плаче. Сама ќе си видиш дали јаде или не и кога му е мака и од што му е од други не слушај или ќе го задушиш...прво и прво не можеш да го задушиш друга работа си имаат и они рефлекс да си се поттргне освен нормално ако не му ја лупнеш градата во лежечка положба па да не може да ја тргне. Повеќе самодоверба и имај став дека никој не смее ништо да ти кажува особено дека НЕМАШ ДОВОЛНО МЛЕКО тоа не постои значи бебе ќе си стимулира и ќе си добие млеко колку што му е потребно