Можно е да имаш микро рагади(ранички,пукнатини) на градите од влечење на бебенцето кога цица, и штом го ставиш на града и тоа влече болат, гледај мачкај ланолин, да омекнат брадавиците и бидат влажни и спремни за подој, и додатно да не испукаат.
Јас имав проблеми со брадавиците, на две места рани ми се направија. Живи рани Првите денови ми се плачеше на секој подој. Силиконски брадавици користам уште, зашто до сега и ќе се откажев од доење. Ланолин мачкам и јас ама нешто подобрување нема
Е заради овие работи ги избркав сите никој да не ми доаѓа, бебе не ми фаќаше града ако имаше некој до мене, а јас пробував без силиконска да ја дојам... Кога бевме сами јас и она без некој да ми виси над мене да гледа како цица, најубаво ми бееше и така се научивме, еве веќе 3 дена не користам силиконска.
Значи рендген на плуќа е дозволено. Најди си друго место да ти направат. Не дозволувај бебето толку мало да го одбиваш заради некој што си умишљава правила. Барај друг човек да те прегледа, ѕвони во друга ординација. Јас бев позитивна и го доев синчето. Маска ќе носиш, ќе дезинфицираш раце кога ќе го доиш бебето. Верувај многу е подобро да го доиш - предаваш антитела преку млекото, отколку воопшто да не го доиш! Пиши како сте и што направи. И многу се нервирам од такви изјави на доктори кои воопшто не се вистина. Дозволено е. Јас имам пиено. Не знам како во ГАК така си седат и не ти носат пумпа... Што се вика одма после породување треба да се отпочне доењето или во твок случај стимулација со пумпа или рачно, и да продолжи на секои 2-3 часа (дење и ноќе). Како сте сега? Работете на фатот. Сменете позиција на доење. Мачкајте обавезно со ланолин ама работете фатот да биде што подлабок и асиметричен.
Vcera jas sama si probav so moja racna puma,odmolzev samo toa prvoto kolostrum potoa za 3 casa pak probav nema nisto da tece gradi meki a piev i caj deca uste ne se doneseni oni se na soncanje.....
Како некој што мислеше дека муабетите за породување на државна клиника не држеа вода, се уверив во спротивното од само стапнување таму, од сам почеток, од заведување документи. Страшно е тоа каква негрижа има за родилките, сосема нестручни лица се поставени да те советуваат. Да не дремев на телефон со мајка ми никој немаше да ми објасни ниту за фат, ниту за измолзување, а никој не ни доаѓаше да провери состојба на градите за надојдено млеко. Јас два дена го немав видено синко затоа што лежев на интензивна. Третиот ден прв пат го донесоа накратко само да го ѕирнам (поради жолтицата мораше да се сонча). Првото официјално носење беше дури 4 ден од една сестра која буквално само ми го тутна в раце, а јас имав отворено прозор да се проветрува. Додека да се свртам да ја прашам дали да оставам отворен прозор таа веќе излегуваше низ врата. Ниту да објасни што и како да правам, дали правилно го држам, ништо. Едно младо девојче, сестра демек, замолив да ме опипа и ми рече "Ах, немаш млеко" за едната града, а на другава града синко фати да цица во ист момент. Инстинктот ме водеше, си го надоив. Потоа ми шибнаа антибиотик и не смеев да дојам 8 часа. Детево ми се тресеше од глад кутрото, викав сестри упорно, ретко кога се одзиваа. Им велев не смеам да дојам-земете го, ми враќаа дека не смееле, имале инспекција?? Каква врска имаше тоа?! Го тешев само в раце. Кога дојде време за да му дадат АД (ги хранеа на 5 часа) девојчето што доаѓаше да ми го носи ми вели "А, што убаво, во раце го научи". Синко немаше потреба да му стискаат шприц, самиот си го вовлекуваше и без здив го шмукна АДто, душичка мила. Барем му дадоа дупла доза, многу лаком цицач е. Вечерта дури го доев, па го будев да цица уште еднаш пред да го земат за да не плаче, гласот му беше зарипнат од толку што плачел, срцево ми се кинеше. Последниот 5 ден, некој час пред испис, конечно дојде жена за да ми ги провери градите, итоа само до врата, ако не побараш помош никому ништо. Виде дека имам млеко и дека сум буквално пред маститис и ми рече под итно да се измолзувам рачно, ми покажа и како. Јас не знаев дали да се пакувам или да се молзам. Среќа што читав искуства на форумов додека бев бремена, па веднаш по доаѓањето дома пратив другарка да ми купи пумпа, па со облоги и чуда се дотерав до некаков ред.
Само упорна симулација и упорно молзење ако сакаш млеко да ти надојде џабе пиеш чај без симулирање гради
Плус ако си била будна цела ноќ Јас редовно кога доев за да не заспијам над бебето, во темница сум буљала во телефонот тука на форум
И јас се борам во темине за пораѓај со тие што пишуваат дека природен пораѓај на клиника е хорор. Пораѓај како пораѓај, тоа е. Ретко кој зборува за ужасниот однос после. Бебево мое за тој ден ипол (среќа што беше само толку) што лежевме на клиника само ад пиеше. Јас само слушав, немаш брадавици немаш млеко во круг. Една сестра проба да го намести, не знаеше да фати и толку беше. Ме советуваа за силиконски само, и земав. И бебево година ќе прави уште цица со нив. На крај сестрата за испис беше единствената фина сестра таму, ме стисна правилно за градите и ми кажа дека ми доаѓа млеко. Другото, катастрофа. Една смрди корне на цигари, друга како ги фаќаше и ги трескаше бебињата, да ти се стемни. Идиот до идиот. Поддршка во минус.
Во Чаир изгледа е малце подобра поддршката за доење, но сепак треба да се праша и соодветна сестра. Тие младите сестри што беа задолжени само за хранење со шприц и бањање на децата, беа млади, и според мене скроз неискусни. Си ја работеа само таа работа, средување на бебињата. Имаше повозрасни сестри кои покажуваа ако побараш помош, и не сум слушнала ниту еднаш муабет- немаш млеко.
Баш вака е؛ Колку што бев задоволна од родилна толку незадоволна бев од оддел؛ Сестрите нигде ги нема а не дај бозе да ти објаснат нешто؛ Родилката што беше со мене во соба, ќе и испукаа градите од млеко бидејќи детето и беше со инфекција и не и го носеа, а никој ништо не и каза؛ Ајде ја посоветував да земе пумпа, млекото душичка го фрлаше а кга им реков да и ги видат градите кп зачудени, пред мастит била!!! Пумпи као немале؛ Лично мене само ми го дада детето и никакв совет, ме прашуваат дете цица, имаш млеко? Појма немам, прворотка! СТРАШНО! сестри од 22 до 6 спијат а ти викај па мозда ќе дојдат؛ се што научив и што успешно дојам е благодарение на форумов и мојата упорност за да успееме со беба
Јас се породив во државна пред 10 дена имам само пофални зборови од сам почеток на пораѓајот и после тоа едина забелешка што ме заборавија да ме станат после пораѓај во соба па сама си станав зошто буквално ништо не ми беше се осеќав добро. За бебињата ги ранеа на 3 саати и те прашуваат дали цицало или не ние пробувавме да цицаме и кога ќе им кажев дека малку е цицано и даваа ад млеко за да не биде гладна или ќе не оставеа да пробаме пак да цицаме па ќе се вратеа да ме прашаат пак дали цицала. За разлика со првото пред 3 години беше катастрофа сестра немаше по ходник да најдеш. За сега само пофални зборови барем јас вакво искуство имав
A koga imat zoltica dali gi nosat na cicanje....mene nikoj nisto ne mi ima kazano i objasneto a gi prasuvav....mene nikoj nisto mi nema kazano jas ispadnav poseben slucaj a sega prosetav da gi prasan nesto gleda deka site bebinja se kaj majkite.
И мене највеќе ми помогнал форумов, и ради него имам две успешни доенечки приказни од 16 и 18 месеци и ниту едно едно шишенце адаптирано млеко
Мене па болничарките мн ми помагаа за станување дури и ме молеа да јадам и ми чуваа бебе за пресоблакање؛ Нооооо, не е само да те прашаат дали цица сестрите, дете шмука ама од кај да знам дали имам млеко؛ тек 3 ден ми дојде млекото а ме пуштија за ден ипол
Мајките што раѓаат таму си знаат бога ми. Едвај чекав дома да ме пуштат да се спастриме. Пораѓајот супер пројде, ама потоа ко ветер се сестрите. Таман да прашаш оп ја снемало. Среќа за ден ипол ме пуштија дома