Сигурно во болница ќе ти даваат бар тие ги споредувам со приватниве кај нас...имавме неограничено на располагање води и сокови а педијатар ако каже дека треба чај за доилки ти носат и тоа
Ке ти носат во болница чај за доилки по цел бокал,плус вода обична и минерална.И останати пијалоци што сакаш.Освен алкохол За млеко најважно е да си хидрирана,наспана,и да си создадеш микро свет за тебе и бебе дур да фати убаво,никој освен стручни лица да не дозволиш да ти влијае
Би додала без нервози. И не подпаѓај на коментари од типот мали гради имаш,или штом бебе плаче, сигурно е гладно. Ако веруваш и сакаш да доиш ќе успееш. И не дозволувај некој над глава да ти свети додека доиш. Сама во соба со бебче и пополека запознавајте се.
Така е потврдувам Не бев доволно сигурна ми висеа над глава...и сеа не дојам. Не беше целосно проблем ама имаше влијание тоа висење над глава и спздавање нервоза
@dunika @Fatalnata Вака сега се мислев и да земам Формула од во мигрос за секој случај ако не ми доаѓа млеко да му давам по малку, ама викаат ако почнат со тоа и готово, ама па ако плаче гладно?
Ќе продолжам со витамините што ги пијам сега во бременосва така ми рече матичниот. “Елевит” се викаат ете Дуника сигурно ги знае.
Земи си една кутија за мирна совест,ама се надевам нема да ти треба.Во болниците овде има посебен персонал,односно експерти за доење,ке ти помогнат многу ако сакаш да доиш. Како и да е,не трупај шишиња,стерилизатори и слично,се се купува за 10 мин дур си во болница уште.Еве мојата е 8+ мес,ни шише нит цуцла ми затребаа.
Прекрасно, многу професионални, се изненадив. Значи вака кога читам доста се смирувам. Има се да ги прашам. Мило ми е, само се да помине ко што треба со пораѓајот. Иначе планирам само едно шише да земам и тоа уште немам земено Планирам од тоа стаклените едно најдобро е. Се надевам ќе имам млеко за доење па нема да ми треба.
Ти благодарам за одговорот Каетана, многу ми значи. Малата има 3 месеци инаку не 13. Денеска продолжив со доење и радосна и она а најмногу јас . Уште само едно прашање ве молам. Имам уште 4 дена да пијам Трицеф, каде што во упатството читав дека не треба да доите додека употребувате Трицеф таблети, бидејќи мали количества од лекот се излачуваат во млеко?! Уффф, аман веќе..... не знам што да правам?! Од терапијата пијам и Фамосан и Аспирин инаку....
Одговор немам на прашањето. Ти си знаеш најдобро. Јас еве 11 ден утре како сум породена немам купено формула. Затоа не би делела совет околу тоа.
Првата вечер да, плачеше. И да барав формула немаше да дадат. Женичката што лежеше во иста соба со мене, им побара млекце и доби одговор мораш на града првите 24часа,млеко не даваме пред да направи бебе 24часа. Ако плачело не значело дека е гладно. Така да и јас не побарав млеко. Цело време на града ставав и се смируваше. Вториот ден па некако и не плачеше така интензивно, баш убаво го одспа денот. Третиот дојдовме дома и така малку по малку млекото слезе. Не ни помислив да дадам формула. Града па града и тоа беше се.
Денес пиев кока кола една чаша, гледам нема гасови кај бебе. Од кога почнавте краставица да јадете? Јас јадев кога имаше 2 месеци хорор поминав тој ден
Млеко не се дава први 24ч нигде им даваат тоа шеќерот и се прочистуваат Посме 24ч ако мајката нема млеко се дава ад