1 месец има малата, на ексклузивно доење, кака после секој подој. Читав после 6 недели почнуваат поретко да какаат.
Се пишавме, нели? Многу. Дури е супер. Пролив е во принцип повеќе од 5 столици во еден час. И плус се забележува, мириса, газето боли и е црвено... Вода. Не мора да се товиш со сокови кои се полни шеќер ако не сакаш. Најважно е да си добро хидрирана. Ама не се налевај премногу ако не си жедна. Има контраефект. Формула можете да купите веднаш. Моја препорака е да не купувате ништо. Видете во болница како ќе оди, како што сфатив, не си во МК, така да ќе имаш поддршка од стручни лица. Единствена препорака ми е ланолин да се понесе во болница. Извини погрешно сфатив, не знам зошто тоа ми остана во глава. Трицеф е цефподоксим и е ок со доење. Исто и фамотидин, т.е. фамосан. За аспиринот ги има следните информации: Повременото внесување на ацетилсалицилна киселина како ослободувач на болка до 1,5 g на ден се чини дека е оправдано. Сепак, парацетамол и ибупрофен се претпочитаат како ослободувачи на болка. Редовната употреба - особено во антиинфламаторни (антиревматски) дози - не е прифатлива. Третманот со „ниска доза“ со 100-300 mg на ден и надворешната примена на салицилати се непроблематични. Инаку ако ти е препишан заради короната како превентива (антикоагулантна терапија) тогаш ќе го пиеш повремено и не е фрка. Јас искрено се напив два пати, и после заборавив. Оставете ги тоа упатствата. Секогаш проверувајте. Муабетот е следен: студии на лекови со доилки не се прават, бидејќи не им е многу гајле да трошат пари за тоа. Па за да се оградат од одговорност, секогаш пишуваат дека не оди со доење, или ќе пишат советувајте се со доктор. Докторот исто така бидејќи не се замара со нас, ќе ти рече престани да доиш. Или ќе ти каже пумпај и фрлај. Дали тој доктор знае што значи бебе да храниш со шише, ексклузивно доено бебе, и кој ризик е тоа по доењето? Не, не знае и не му е гајле. Башка како пресметуваат колку време да пумпаш? Да не отворил да види колку е полуживотот на активната состојка која не е компатибилна? Не. И тоа од ракав го вадат. Знам дека ова за нови мајки е непозната ситуација, и знам дека слепо веруваат на докторите. И има доктори кои се слепо да веруваш во нив. Ама не сите. На жалост. Пробај си пак. Кај бебињата работите се менуваат многу брзо.
@Kaetana Па добро и онака три дена ќе сум во болница. Иначе јас спремив крема еве оваа е, нема да му смета на бебе нели?
Нема. Дискутабилно е околу измивањето на ланолин. Повеќето компании кои нудат чист ланолин велат дека не мора да се измива. Имавме дискусии на форумот со Биодевојка околу ова прашање, па искрено не би можела да те советувам што е попаметно. Јас лично се трудев да го измијам. Не секогаш. Некогаш вриштеше и давав одма.
Ако си во Германија, како што разбрав нема потреба да носиш од дома. Во клиниките обично има се'. Во клиниката кадешто јас се породив имаше буквално се' за бебето, формула од онаа направената во мали шишиња, шише стелизирано за една употреба, пелени, марамици, подлоги, боди, облека - сите бебиња беа во таа облека и можеш да го пресоблекуваш колку сакаш. За мајките исто имаше влошки од тие големите, мрежести гаќи, ланолин, пумпи и сл. Јас си имав земено за секој случај но се си вратив дома.
@BabyD0ll Елевит 1 и 2 пијам цела оваа бременост и голем дел од првата.Во првата немав пад на железо , ама сега слабо ми е.Можеш да си купиш за доење елевит 3 тоа е за доилки За ланолин јас не го миев , ја доев намачкана .На самата крема пишува не се измива пред доење.Јас користев најефтин од росман, ама е оценет со "sehr gut" и многу ми помагаше.
Мајки во темата Грчеви пишав ама не добив одговор.Како се даваат капките Колиеф,на доење сме? И уште нешто,дали смее при доење да се зема нешто за железо, конкретно Ферумлек ми се препишани кога ме пуштија од болница( таблети за џвакање се)
Гасови се јавуваат секако, но може да се нешто поинтензивни ако бебето голта воздух. Внимавање да има добар вакуум, ако го губи да се види зошто е така.. и исправено држење после доење.
Може ли бебе да заборави како да цица? Има месец и супер ни одеше доење, си качува килажа, полни пелени. Од вчера на секое доење како да подзаборава да голта и се пушта како во гушење, ждрига додека е на града или се закашлува, како нешто да се качува нагоре. Си бара и пие по нормален ред, но чудно ми е што ова од вчера почна да се случува. Пазам да и ја држам сега главата погоре, ја кревам веднаш штом се пушти за да ждригне или се смири. Единствено разлика од вчера е дека носето и е малку полно, но си дише нормално.
Мајки како се справувате со бебињата што се прецицуват и повраќаат...одкако ќе исповрати пак си бара цице,плаче отвара уста ...после колку време давате да цица пак
Дали е на ексклузивно доење? Дали добива цуцла лажливка, шише и сл.? Инаку многу фактори може да се, ама ако е факторот со полно носе, можно е да е секретот залепен позади и да е густ, и да смета во доењето. Кај синчето така беше кога имаше месец и пол. Ако бара, давав одма. Ама зависи од многу фактори. Колку често повраќа? Како напредува? Колку е старо бебето? Како полни пелени? Како оди доењето? Дали е само на гради или добива плус цуцла и шише?
Ексклузивно доење. Не добила шише досега. Лажливка пробавме неколку пати минатата недела но не ја сака. Вкупно да добила лажливка 3-4 пати по неколку минути, но ја плука дека нема млеко Се сомневам на рефлукс, и на спиење и прави мака и ја буди. А може проблемот на спиење да и е поради лошиот фат при доење. Денес е подобра, се нема случено, а пак е исто носето. Ќе следам, мачно ми е да ја гледам како се мачи у сон, досега беа само гасови, сега и ова.