@Kaetana само на доење сме,не фати лажливка.Си полни пелени редовно,инаку старо е 10 дена. И во сон или и кога е будна како да се дави,незнам како да објаснам.Не сме биле на контрола уште да видеме како напредува.Сношти за прв пат поврати пообилно.Кога цица,знае да заспа на града ќе ја дигнам малку исправено,и кога ја спуштам во креветчето се буди и пак бара да цица.
Јас ставав физиолошки раствор во носето барем да ги разводени мрсулите кога беше затнато. Не му течеше носето, ама го слушав позади дека беше полн шлајм. Ако добро напредува, полни пелени, дефинитивно може проблемот да е со шлајм позади носето. Тоа што бара цело време да цица не е воопшто невообичаено, ама ако го задоволува критериумот да полни пелени, тогаш би требало да е во ред. А за давењето, вака не можам ништо да ти кажам. Може да е нормално учење да голта на некој начин, може да е рефлукс, може да има мака со сфинктер на желудник, може да е орална проблематика... иако мислам дека најверојатно не е ништо. Кога сте на мерење? Спомни на педијатарот за ова, чисто да го види бебето, да сте раат.
едно прашање до Вас мамички , 4 дена бебче од прв ден цица интензивно , ама мене ми е трето бебе и со секое градите ми распукуваат на почеток , еве со ова како пликчиња на двете брадавици , ставам ланолин на медела од пораѓај ( и пред тоа мачкав ) ама подоите се многу болни, долги и крвави ..... знам дека ќе се залечи за некое време ама и бебе нервозно и мене ме боли дали да давам дохрана да не плаче бебе ( некои 20 или 30 мл ) , градите ми се мекички како уште да не ми е надојдено убаво млеко , кака до 4 пати во денот , мочка често и на пример претпладне и околу ручек си спие си цица , веќе вечерта станува нервозна и плачлива како да е гладна .....
Ако веќе толку се болни брадавиците јас би ти рекла покрај мачкањето со ланолин да ставаш силиконска брадавица додека заздрават, наместо да даваш дохрана. Штом бебе си фаќа убаво нема да имаш проблем да ја тргнеш после некое време. Пред да намачкаш ланолин, измиј ги со вода, малку одмолзи се и размачкај ја брадавицата со млекото, па стави од ланолинот. Тоа пликчињата се блистери, ќе си се повлечат сами од себе, и мене ми се правеа во болница. А штом бебе цица интензивно може и да не ти станат "камен" тврди градите ако редовно се празнат, по некоја логика...
И син ми прави така, ко да неможе плунката да ја доголта мислам и испушта звук ко да се дави па мљацка со устето еве 2 месеци сме уште знае да направи така но поретко
ќе пробам и тоа , со првото купив силиконски ама не ми одеше некако ама сега нема друго чаре морам решение да најдам ..... проблемот е што се бориме со ова бебе ја ќе и ја стаам цела брадавица она ќе си се мрдне како и одговара и пак кога ќе ја извади сплескана брадавицата и испукана , никако да најдеме убава позиција , исклучиво поза лулка ништо друго не доаѓа во предвид, легната пробав два пати неможе да се наместиме ич
Исто и ние, само лулка и еднаш легната ја фати. Ама мислам дека мене силиконските ме спасија од распукување, како што не ми беа убаво извлечени брадавиците.
Се согласувам. Меки гради не е репер дека не е надојдено млеко. Еве 2 недели само на доење сме, нити еднаш не ми се направиле градите тврди. Тоа е Знак дека бебе супер цица и ја празни градата максимално. @naturallmess
Живо и здраво да е бебенцето Јас легната ич не можам да дојам. На почеток и јас имав мака со блистери и фат на бебе. На левата немаше проблем, ама на десната во лулка положба многу плитко фаќаше. Додека не ми се залечија блистерите покрај пуреланот, ставав бебе покрај тело од десната страна за да цица од десната града. Така му доаѓаше како да цица лулка од левата и поубаво фаќаше. Дополнително и силиконски користев од старт поради вовлечени брадавици, ама помогнаа и за блистерите. Сега веќе (2 ипол месеци е) само лулка и без силиконски одамна. Тука многу се против силиконски, ама спас се за вакви ситуации. Ти одлучи си дали ќе користиш, веќе си доела, знаеш како е.
Мајки кога ви се будат ноќе за цицање дали ги држете исправено да ждригнат или одкако ќе се нацицат ги легнувате веднаш во креветче ? Ако треба да ја држам и пола саат исправено,додека ја налегнам она пак ќе стане за цицање
@Lovebug01 @Izzy_0504 живи и здрави да сте за предлогот , частам пиење кога ќе завршиме со доење сега може по едно топло чоколадо земав на чико силиконски , болката за 90% намалена се надоивме како што треба прв пат од раѓање , едната брадавица пушти малку крвче ама може ја баш не ја наместив силиконската како што треба , ама во суштина ова е тоа што ни треба во моментов додека да зараснат убаво ..... уште еднаш фала најмногу
Смеам ли да се напијам провен или некој др пробиотик ? Беба е на комбинирано. Веке 2 часа имам проблем со про**в.
Не, заспива префрлам во креветче и толку, прашав и педијатар ми рекоа нема потреба ако е заспано јас ни преку ден ако заспие не го кревам
Дали доите и од двете гради? Кај мене ја фаќа само едната на другата нема млеко ни за еден оброк... Страв ми е декаа од едната града нема да му се задоволат потребите по цел ден и цела ноќ на истата страна, инаку сме 2 месеца и една недела.
@naturallmess сѐ супер со силиконските, ама јас не се осудувам како другите што ти пишаа, и толку уверено и лабаво што ти ги препорачаа. Не за други, лесно е да се каже "после ќе ги тргнеш" но знае да е многу потешко да се направи. Нејсе. Би те рекла тргај што побрзо. И барај ја причината зошто ти се направиле блистери. Може да е од лош фат. Ако е така, џабе ти се силиконски. Ќе ги извадиш - пак ќе ти се разранат. Just saying. @merina.93 не разбирам..како доиш два месеци? Една града може да задоволи потреби, но во зависност од тоа колку е стимулирана. Што е проблемот со другата града? Инаку можеш да доиш и од две гради. Бебето треба да каже дали му е доста една или две. Како е тежината досега?
Јас доев од едната џабе не можеше плачеше и после тоа ад морав да давам Пиши ми ако сакаш ЛП за совет дополнителен за да ти споделам искуство