Не сака да ја фати другата, и пошто не ја влече нема многу млеко, одвај за еден оброк... Инаку до сега килажа е добра напредува, но зборот ми беше како ќе расте ќе се зголеми и потребата па дали само од една града би било доволно.
миличка ова ми е трето бебе , прво доев експлузивно 15 месеци , второ доев 2 години и некој месец со сите го имам проблемов во први неколку недели веројатно е до брадавиците мои, не сум нашла решение поефикасно до сега , ова сепак беше одличен предлог со оглед на тоа дека болката ми е намалена многу , не крварам интензивно , бебево веќе се нацицува од двете гради и не е гладно и плус немаат брадаввиците допир со плунка .... се надевам до следна недела ќе ги тргнам веќе едната е скоро заздравена побарав побрзо решение од тоа да го чекам природниот процес кој кај мене трае минимум 3 недели
@naturallmess прочитав дека не ти е прво бебе дури и да имаш искуство од претходно, не значи дека по автоматизам не може да се случи да се измести фатот за време на доење и да направи проблем со брадавиците. Супер што помагаат, сакав само да ти кажам да си претпазлива и да следиш ситуација. Воопшто не ја фаќа? Како знаеш колку млеко имаш во неа? На база на молзење? Во принцип успешно се дои и од една града, но ако сакаш таа града да ја задржиш во функција (особено ако бебето ја одбива краток период) тогаш треба почесто празнење и стимулација. Да. Може. Некаде го есапат и за галалтогог.
Секогаш нуди ја прво таа што не ја фаќа... пробај и да се измолзуваш почесто од неа. Бебе ќе се најаде и од една ќе стимулира таа доволно, но тебе ќе ти биде чудно и естетски неприродно Прво нудиш од таа што ја одбива, му даваш подој па пак ја нудиш првата. После тоа измолзи колку можеш од првата. Не се откажувај би требало да фати, може не му е згодна положбата, може има некое затнато дупче ама за се има решение.
Ме врати на почеток, пред 11 месеци.. ај ама брзо растат. Нина мораше да ја држам исправена пошо повраќаше секогаш обилно, и вака и така се будеше, ако ја легнев одма ќе повратеше, памќ пресоблекување,па пак цицање и така во круг, држење пола саат, па ете ја станала ау ау ако не то повраќа спуштај после ждригање.
Мајки мислам дека бебка ми има шлајмови.Кога цица и тече од устичката,ама слушам како си голта.И додека спие како да и застанува на грлото како да ми се дави,како нагон за повраќање добива и знае да поврати.Како да ги исчистеме?
@Love86 ти пишав во порака. Капки физиолошки пред носните отвори (полека ќе се стркалаат навнатре) кои ќе го разводенат секретот. Јас на бебето инхалации му правев со физиолошки со инхалатор.
Колку ќе е побарувачката, толку ќе е потрошувачката Проблемот е само во несразмерноста на градите, ај сега зима, ама лето Полни 6м беше само на мајчино, па почнав со дохрана и доење продолжив и машала како крофна беше, со витки со се 2години ни траеше доеничкиот стаж. Се трудев да му ја нудам и другата града и пумпа употребував и првин таа ја нудев и се, но не ја сакаше. Немам појма зошто, мене иста ми личеше, млеко имаше Јас не ни приметив одма дека цица само од едната, кај вториот месец ми стана јасно..
Исто , без да приметам изгледа подолго време сум ја нудела десната града. Ноќе се буди неколку пати, заборавам од која цицала последниот пат, се пофаќам да видам која е потврда и давам, оно јас сум давала цело време од десната , кога се свестив левата мека и мала, смешно дури огромна разлика. И почна и сама да ја одбива таа, полесно и беше на десна, полна , брзо тече. Почнав кога е веќе во полусон или кога се буди да и ја давам левата. Исто и ноќе сонлива е па ја фаќа и таа. Почна да се полни повеќе и се враќа во нормала.
Мајки бебе кога цица сигурно и надојдува повеќе млекце и се засркнува.Јас си осеќам по градите,наеднаш како некоја струја да ми поминува и почне повеќе да тече,устата и е полна и тече и се засркнува.Душа немам...Со страв ја дојам Пробувам во моментот кога надоаѓа млекцето да ја отргнам од градата и пак ја ставам,но после не продолжува да цица,не секојпат и за многу кратко се нацицува Како се справувате вие ?
Прочитај во темата Безбедност на Бебе Мина има пишувано она навистина имаше проблем со доењето и наназад на оваа тема ја имаш позата за доење исправено за да можеш да се справиш побарај ги постовите од @MinnaAnne и во др тем Безбедност
Мамички, синко има 2 недели. Цица на 3 саати но после секое цицање повраќа и страшно ме плаши. Ве молам за совет
Држете го исправено и ставајте го на рамо после доење за да подждригне или тоа нека го прави вашиот сопруг