И моето повраќа многу. Некогаш и во текот на доењето. Го исправам да ждригне, ќе ждригне и после тоа пак или повраќа или бљуцка. Педијатарот ни рече дека штом добива на килажа и напредува, нема проблем. А добро си напредува.
Ако убаво напредува и добива на килажа, нема што да се плашиш. Мене и првото дете исто ми беше, а буцка се направи за месец-два. И ова почнува да станува округло во лицето, 2 месеци и 4 дена има
Значи од левата града имам многу малку млеко,не знам зошто така ,а пак од десната тече премногу млеко. Дали е можно зошто почесто му давам да цица од десната , а пак левата многу ме боли,можеби дека поретко му давам да цица од неа?
Да ради тоа е истото ме снајде кога доев ради рагади имаш и ти? Приметуваш на неа кпга цица дали голта воопшто да не ти се запушени каналите?
Бевме нс комбинирано и АД и цицаше 4 и пол месеци но веќе не сака да цица,а и секако немав многу млеко повеќе се залажуваше и после секое цицање си пиеше АД исто како да не цицала. Е сега како да го сопрам млекото почнав мал притисок да осеќам и по малку да тече млеко?
Здраво мајки, моето бебе е за 3 дена 2 месеци. Од почеток сме само на доење но почна да ми се намалува млекото и почнав да давам ад, неможам да го оставам гладен. Сакам да го дојам.. млеко имам насабајле, кога спие подолго 3-4 часа ако не цица или ако давам ад. Во текот на денот како ме исцицува така се намалува за на крајот од денот, приквечер да нема воопшто или ептен малце што го прави многу нервозен. Ве читав и пробав со сок од јаболка, чај за доилки веледа, многу вода, храна, дете почесто на града... но преку ден е исто, не ми се полнат градите. Пробувам и да не дадам ад воопшто ама бебе станува многу нервозно, плаче вришти помодрува дури и неможам да го дозволам веќе тоа. А многу сакам да го дојам, неможам да се помирам дека можеби треба да завршиме на ад. Чаре некое?
Луѓе ко ќе стиснам на градите имам бел колострум, а сеуште не сум породена. Прв пат гледам вака, до сега имав само прозирен.
Во осмата недела започнува вториот скок во развој, каде бебето почнува да се запознава себеси, рачиња, ноџиња, открива што може да направи со нив, плачењето може да се должи на тоа, а не мора да значи дека Бебче е гладно. Не може туку така да снема млеко, ти имаш млеко онолку колку што му е потребно на бебе и да не сумјаш во тоа. И јас многу пати паѓав во искушение да дадам ад, ама среќа издржавме и еве уште се доиме скоро 16 месеци полни. Ако почнеш со ад само ќе си ја намалиш лактацијата. Изгуглај за скокови во развој, има тука и тема, а можеш да прочиташ и кај dr goodnight. Неколку дена трае скокот, издржи мајка
Ја имам и апликацијата TheWonderWeeks И читам и тука знам дека можеби е и скок но тоа што ме загрижува е што јас ги чувствувам празни градите, кога цица добро кога има млеко не ме болат, кога ќе снема почнува болката. Навечер пред спиење му давам да цица нема млеко на празно влече почнува да плаче, пробувам со нишкање, пеење, никако да заспие. Давам ад ќе го испие и потоа бајче си спие 3-3ипол часа.
Исто правеше и мојава сигурно добри 2 месеци И тоа во млазови На педијатар ми кажаа дека се прецицувала,такво детето лакомо се погоди Ја држев исправрно после секој подој но некогаш и така знаеше да ме исповрати Јас мислам дека не е ништо,докторката кажа вишокот го исфрла не е страшно После 2 месеци си научи по колку и треба најверојатно и престана
Нормално е, уште од 7ми месец јас почнав така да имам а млеко ми надојде некои 4 дена од кога се породив
Нормално е Некои жени дури и го собираат колострумот, го замрзнуваат и го одмрзнуваат кога ќе се роди бебе за да му даваат дури им надојде млеко