Во аптека или бебе продавница имаш пумпи само ја би почекала да се породам да видам каква пумпа ми треба таму кај тебе сигурно има да изнајмиш убава пумпа прашај
На 5ти сме, сигурно барем по двапати во денот нагоре надоле по скали плус пешачење. Дома турбо секој втор ден ‘ќе се пораѓав’ па правев генералки. Урми, ананаси, сексови.. Што све не пробав па и вагинални прегледи што имав ( еден дури за да ме подотвори демек да убрзал процесот), и на крај пак 42ра ме фати со провокација да се роди женската
И јас исто како тебе, мене 41г.н ме фати. Ама без провокации поминав. Си добив природно болки ама се отворив експресно а филмски се породив. Што не пробав да убрзам процес, ама не бре и не. А и плус второротка ама тоа е. Не се сите тела исти.
Супер, вака да ти е мерак и на трето да одиш И мене ми е второ, првото точно на термин природно го родив. Сите викаа сега второ порано ќе се породиш, али ете неморало да значи Али како и да е супер ми беа и двете бремености па и пораѓаите, да сме живи здрави па може ќе ми се исполни замислата од детството да имам три деца малце офф топик сме биле сега ја гледам темава
И кај нас беше така. Излачувањето млеко функционира со побарувачка-понуда. Навечер давај АД ако немаш доволно млеко, но рачунај дека со секое давање АД на телото сигнализира дека нема потреба да лачи млеко и ќе лачи помалку. Секогаш кога даваш АД измолзувај се колку толку на тој начин и да не измолзиш на мозокот се сигнализира дека е потребно повеќе млеко за следен подој и така ќе стимулираш дополнителна лактација. И да немаш доволно млеко, ставај го бебе на града пред АД, се лачат хормони кои исто стимулираат лактација. Со тек да време ќе имаш доволно млеко и ќе исфрлиш АД. Консултирај се со педијатар или консултант за доење. Мене многу ми помогна Др. Радица Муратовска од Систина и Др. Драгана Емел Марковска и сестра Јасна (Идадија). Господ здравје да им даде, бев на раб од откажување од доење.
Може ли Ферум лек( таблетите за џвакање),многу ми е слабо железото или па нешто на природна база што смеам
Јас во бременост пиев хеферол таблети - само тие ми помогнаа - и сега ги продолжив. Ми рекоа педијатрите дека е ок додека дојам да ги пијам.
Не ми се познати. Наназад некој имаше постирано листа со дозволени лекови при доење, побарај го постот да си прочиташ