Јас јадев неколку пати досега, се консултирав однапред и ми рекоа дека е во ред бидејќи има ниски концентрации на жива.
Мислам дека голта , што да правам ми е страв од маститис ? Дали ќе биде штета ако цица само од една града??
Јас каснувам еднош на сто, три четири пати имам јадено пица со туна и еве се е во ред. Па и искрено во пицата печена е затоа не ми беше многу страв. Сепак без претерување. Некако многу сакам алкохол да пијам за нова година ама не ќе смеам, не знам дали може една чашка вино? Од ко ќе се породам нормално.
Една чаша не е страшно ни во бременоста ни во доење, но многу алкохол го намалува млекото. А туна јадам секој петок до сега немало проблем затоа прашав.
И за доење е толку стриктно? Бар само една чашка, за нова година од тоа топлото вино како чајче што е.
Да ама да те исправам да чекаш 2 3 саати до следно доење а најдобро е да се одмолзиш ако веќе испиеш 1 чаша. И ова не се знае колку и како влијае а бебето да е постаро од минимум 3 месеци Најдобро би било ич
Зависи каква чаша и колку чаша ,ама сум се напила ,после доење значи наредно било после два часа ,количински не полна чаша конкретно ете вино @BabyD0ll не приметив промена некоја ,исто и пријателки пиеле и ракија дури без некоја промена. А за цигари да не зборам најмалку 15 жени знам што и во бременоста и во доење пушат па здраво право дете имаат. Јас пушев кога дознав дека сум бремена престанав и не сум запалила веќе ,не дека не ми иди желба ама не се давам . Ама пак на крајот пушачка постелката ми испадна , зошто? Дека мм пушеше дома... И ај сега што е поштетно?
Кога станува збор за цигари и алокохол мислам нема потреба од дискусија! Нема овде малку или многу. Се подразбира дека не смее воопшто! И ако паднете во искушение, помислете само за КОГО "се жртвувате", верувам полесно ќе ви биде
Доење е побетер.Ни медикаменти можеш да се напиеш ни алкохол.Многу пазење треба инаку многу лекови ја намалуваат лактацијата, а други штетно влијаат врз бебето. Обавезно ако треба да пиеш некој лек прогуглај на интернет дали смееш.Исто и некој чај.Жалфија не смее,нане итн.Доењето е голема жртва ама е компензирана со бесконечна љубов
Од кај знаеш дека 100 проценти им се здрави децата на другарките што пиеле ракија во бременост? Алкохол во доење и бременост не е дозволено ни голтка. За доење, евентуално две измолзувања и да го фрлите млекото. Ама тоа не е ич препорачливо за новороденче од 1 недела или 1 месец кога уште се воспоставува лактација.
Јас да прашам, дали смее да се пие турско кафе.Цела бременост не пиев, ама сега имам желба. Еднаш се напив, не приметив да има бебе грчеви..
Не е оправдано и океј да се пуши и да се пие во бременост и додека се дои. Толку ли не се може без нив? Толку ли МОРА да се испие чаша вино? Кога ќе се породиш и кога нема да доиш, што сакаш прави, но нема да пукнете за чаша вино или за цигара. Не е во ред да се пишува дека е океј да се пие и да се пуши само затоа што вие тоа сте го правеле или некоја додека била бремена и додека доела. Значи, не е океј. Уживајте во доењето, краток период е, здрави прави ќе бидете и без алкохол и без цигара.
Почнав да јадам марула, краставица,домата, наутро од понеделникот пијам лимон со топла вода, гледам не и смета.пред една недела јадев туна ама мене ми сметаше. Бебе има и ипол месеци. Со грав, леќа, грашок кога почнавте со јадење?
Првите што ги наброја ги јадам цело време, само помалку количински него претходно. За грав, леќа, грашок почнав негде кога имаше бебе 3ипол 4 месеци со тоа што во варењето ставав и ким. Пробував по малку видов не и прави некој проблем и сега веќе ги јадам без проблем (некогаш може и да заборавам ким али пак во ред било). Инаку сме 6месеци
Марула, краставица, домат цело време и тоа доста количински Мешункасти плодови јадев и во бременоста и откако се породив (грав, грашок, леќа, боранија) Туна прашував и овде и се предомислив, шубе ми е Лимон користам како зачин само, за салата, за риба и слично, цеден во поголема количина не сум пиела (ц вит може да резултира со црвено газе кај бебе, ова приметив кога го хранев 3 дена по ред со брокула, и таа содржи доста вит ц) Тестирај по малку како ќе реагира бебенцето