Доење

Дискусија во 'Бебе' започната од bibitri, 28 јануари 2010.

  1. Tsukinory

    Tsukinory Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2019
    Пораки:
    1.103
    Допаѓања:
    5.864
    Пол:
    Женски
    Мајки кажете некој домашен лек за блистер? Четврт пат на исто место ми излегува мислам ќе остане веќе така брадавицата...
     
  2. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.442
    Допаѓања:
    8.827
    Пол:
    Женски
    Мене во болница ми викаа само од себе ќе си помине. Евентуално ланолин да мачкам. Ми се направија тогаш само на почетокот, мачкав Пурелан. Поминаа за неколку дена. Ама јас и силиконски брадавици користев тогаш.

    Ти како си мама, слабо те има тука. Се навикнавте ли? :):hug:
     
    На BeLLaDona23, Ava.84, Fatalnata и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Tsukinory

    Tsukinory Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2019
    Пораки:
    1.103
    Допаѓања:
    5.864
    Пол:
    Женски
    @Lovebug01 Се навикнав си го земав редот веќе. Истеравме и на прав пат со доењето а и бебулето си напредува убаво фала му на бога. Се спремам да пишам во мајчински поодамна ама никако да се натокмам. Ми останаа некои безпотребни стравови и анксиозност ама после толку хормони и доживувања не е ни чудо. Синче ми дава сила за се. Не сум ве заборавила ми фалите сите и нашата дружба. Во најбрз згоден момент доаѓам назад. :inlove:
     
    На BeLLaDona23, azelea, Fatalnata и 9 други им се допаѓа ова.
  4. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.442
    Допаѓања:
    8.827
    Пол:
    Женски
    Баш ми е мило. И јас се токмам во мајчински да си напишам едем реферат ама тешко да најдам време некако :D
     
    На 0ли и Milkiway им се допаѓа ова.
  5. Dikinzi

    Dikinzi Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2019
    Пораки:
    2.592
    Допаѓања:
    6.154
    Пол:
    Женски
    Здраво женски.

    Морам да ве прашам, малата ( скоро 11 месеца), вчера вечерта не стана кога и беше време за да цица, и нормално градите се наполнија. Сабајле се нацица, арно ама нешто ме тераше да се пофанам и да видам дека на левата града точно над ареолата имам неколку топчиња. Да напоменам, ова не ми е прв пат да ме боли, и да имам топчиња на градите од преполнетост. Ми минело за 4- 5 дена. Ставам топли облоги, па масирам. Одам под туш и пак масирам.
    Прашањето ми е зошто вака ми се случува само на десната града.

    Исто така имам и 2 ранички, госпоѓата ми ги направи со ноктињата. И сега едното е на самата пупка, а другото на ареолата и е поголемко и има малце гнојче. Знам дека е дозволено да цицаат и дека немаат проблем. Ама ова со раниве дополнително отежнува масирање на градите оти ме боли. Мачкам Ланолин, и оставам раната да диши.

    @Kaetana ? Ако имаш одговор пиши :D
     
  6. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.811
    Допаѓања:
    18.624
    Пол:
    Женски
    @Dikinzi јас кога имав грутки, не топчиња, поголеми беа, имав на една града само. Два три пати имав, брзо помина, ама секогаш на една града. Сум имала и на десна и на лева. Веројатно затоа што сум спиела на таа страна.
     
    На Kaetana му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Dikinzi

    Dikinzi Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2019
    Пораки:
    2.592
    Допаѓања:
    6.154
    Пол:
    Женски
    Овие се баш како топчиња. Како зрна леќа се големи.
     
    На MilaSs12 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.241
    Допаѓања:
    19.024
    Мене така ми се правеа а поминеа 2ипол саати
    Ако редовно ноќе цицала и сеа се успала сигурно си требала да се измолзиш мада големо ти е бебето
    Ја бу ти препорачала на ехо да те видат што е некое запушување
    Те боли ли? Ја пукав од болки од тое грутки
     
  9. Dikinzi

    Dikinzi Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2019
    Пораки:
    2.592
    Допаѓања:
    6.154
    Пол:
    Женски
    Голема е више, цица и влече како смог. Ова не ми е прв пат, и друг пат вака ако не цицала на време, и ако се наполниле ми се правеле. Ќе помине, дај боже..само ме интересираше зошто вака ми е само на десната града. Имам болка само на допир, не е многу страшна, правам масажи цело време. Ваљда е малцр запушенко .
     
    На Kaetana и Milkiway им се допаѓа ова.
  10. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.811
    Допаѓања:
    18.624
    Пол:
    Женски
    Кај мене се правеа грутки со големина на орев. А исто поголем беше синко, 7 8 месеци.
    Мислам дека не е ништо, ама @Kaetana ке каже поконкретно.
     
    На Dikinzi му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Dikinzi

    Dikinzi Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2019
    Пораки:
    2.592
    Допаѓања:
    6.154
    Пол:
    Женски
    Ова кажувам дека и после цицање си стојат, а редовно цица.:)
     
    На Milkiway му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.241
    Допаѓања:
    19.024
    Имаш нешто запушенко најдобро на ехо да отидеш да те видат кај матичната или некој од центрите за дојки што прегледуваат или најдобро ти е лактациски консултант да најдеш
     
    На Dikinzi му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Len@82

    Len@82 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2016
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    143
    Пол:
    Женски
    Здраво,
    Дали има надеж од АД да се префрлиме на доење?
    Една недела е бебето од што го теравме да цица во болница урла вришти кога ќе го наместам за доење, не сака да фати особено што морам да користам силиконска брадавица (стискам млеко во брадавицата за да му асоцира нешто).
    Се одмолзувам 4 пати во денот и максимална количина на мајчино млеко од секое измолзување ми е 30ml (по 10 min од двете гради).
    Секој совет е добродојден.
     
  14. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.608
    Пол:
    Женски
    Нормално дека е така. Ако даваш од една почесто, од таа ќе имаш повеќе. Градите функционираат на база на побарувачка, па ако нема стимулација, нема ни продукција. Во ред е да не се исти градите, ние не сме симетрични, ама разликите никогаш не се премногу драстични. Давај од двете. Колку помалку даваш од левата страна, ќе те боли и ќе се преполнува, сѐ додека не се намали лактација.

    Ако сакаш да престане млекото, кога ќе осетиш притисок измолзи само колку да ти олесни. Без дополнителни стимулации. Така ќе се намали до престанување.

    Колку е старо бебето? Ако е меѓу 3-4 месеци тој е најтежок скок по доењето. Доење во тивка просторија, мирна, или во полузаспана состојба. И секако, зголемување на ноќни подои ако дење протестот е многу изразен. И трпение. Челични нерви.

    Млекото само од себе не може туку така да намали. Особено не ако сте имале нормални подои, бебето имало достапна града кога ќе посака и колку ќе посака. Значи ако сте доеле на барање на бебето, а не на саат. Каков е напредокот на бебето. Како се печените. Цуцла дали добива. Шише дали добива макар со молзено млеко. Колку цица дење, колку ноќе. Може е скок, може е и близина, грчеви. Навечер се секако и понервозни. Мека града не значи дека нема млеко.
    И џабе се чаеви, сокови, доколу нема чести стимулации. Ако сакаш да сте само на доење, треба малку подетално да се разгледа ситуацијата.

    Ок е..

    Колострумот најдобро се вади со рачно молзење бидејќи се работи за капки.

    Сите се изнапишаа дека не смее, ама не е баш така. Препораките се да не се дои и да се пие алкохол, но, една чашка за Нова година не е проблем. Денес веќе се располага со податоци околу тоа колку навистина влијае, па сите релевантни и еминентни стручњаци кажуваат дека една чашка (доколку мајката обично не се пијани од таа чашка, т.е. нормално толерира алкохол) смее да се напие.
    Секогаш е подобро да не се напиеш. Ама ако решиш, нема потреба да се молзиш и да фрлаш. Тогаш следува вака - пиеш, одма после тоа доиш, и после тоа следен подој треба да ти е за 2-3 саати.
    Ако сакаш ќе ти пратам линкови.

    Смее кафе. До две кафиња на ден се смета дека е ок. Напиј се и нека ти е на здравје.

    Грутки се случуваат во секое време од доењето. На почетокот почесто, ама не се нестандардни и понатаму. И може да седат неколку дена. Сѐ додека немаш мака, третирај ги со топло / ладно градите, и празни ги кога ќе осетиш тензија. Не е нестандардно едната града да биде проблем. Тоа е затоа што немаме исто жлездено ткиво на двете гради, и не работат двете симетрично. Не е страшно. Различна анатомија, па може едната да е посклона на грутки и затнати канали. Она што е важно е грутчињата што ти се како леќа, да не се нон стоп таму присутни. После некое време треба да поминат. Не за еден ден, ама за неколку дена пример. Претпоставувам се смениле работи кај вас - баш пиша дека се пропуштил подој затоа што бебето врзало да спие.. и сето тоа е нормално.

    Надеж има секогаш. Само мене не ми е јасно како бебето не сака да цица од причина што сте го терале... ? Бебињата се раѓаат со инстинкт за преживување, а тоа е со рефлексот на цицање. Ние сме тие што им го потиснуваме тој рефлекс со тоа што им шибаме формула со шише и доиме со силиконски брадавици. Па се учи бебето на силикон како материјал, и после плаче и се чуди што да прави со градата. Не знам како си поминала во болница, дали убаво ти помагале да го наместиш бебето, дали сте добиле внимание како мајка/бебе пар за да видат дали има некој проблем, ама ако сакаш да доиш, што порано се ангажираш, толку полесно би поминала. (Нема гаранција, статистички).

    Молзење 4 пати во денот не е ништо. Ако сакаш да стимулираш млеко, треба да се молзиш 10-12 пати деноноќно. На секои 2 часа преку ден, и максимум 3 навечер.
    И дохранување директ на града.

    Ова се генерални насоки, но конкретни за вас, зависат од многу други фактори. Јас би ти препорачала да се консултираш со стручно лице.
     
    На Monella, Fatalnata, mKdevojce и 9 други им се допаѓа ова.
  15. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.616
    Допаѓања:
    35.538
    Пол:
    Женски
    Бебе од 1 недела не ни пие повеќе млеко, минијатурно му е желудничето и толку собира.
     
    На Fatalnata и Izzy_0504 им се допаѓа ова.
  16. @rollercoaster@

    @rollercoaster@ Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 март 2020
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    221
    Мајки, имате ли некиј совет како бебето да не голта толку воздух кога цица
     
  17. Izzy_0504

    Izzy_0504 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2020
    Пораки:
    1.489
    Допаѓања:
    4.225
    Пол:
    Женски
    Гледај видеа за како да постигнеш длабок фат. Кога убаво ќе фати, длабоко, асиметрично, не би требало да голта воздух.
     
    На Kaetana и @rollercoaster@ им се допаѓа ова.
  18. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.608
    Пол:
    Женски
    Голтање воздух се случува кога се губи вакуум за време на цицање. Експериментирај со позиции, ќе видиш во која ќе постигнеш најдобар длабок асиметричен фат.
     
    На @rollercoaster@ му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Balerina90

    Balerina90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2020
    Пораки:
    138
    Допаѓања:
    78
    Пол:
    Женски
    Здраво. Колку време после испиен кафетин може да се дои ?
     
  20. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.811
    Допаѓања:
    18.624
    Пол:
    Женски
    Не знам. Нареден пат испи парацетамол или бруфен, безбедни се за време на доење.
     
    На Kaetana му/ѝ се допаѓа ова.