девојки мака имаме со млекцето , дојките зараснаа , едната силиконска ја тргнавме одма после 3 дена , другата на десната града несака да ја фати па некогаш со силиконска некогаш без , ама градите и после подолг период одмор никако да се наполнат убаво со млеко и не ја заситува , разговарав со интернистот кој ми ги води контролите за тироидната и ми напомна дека поради хашимотото и дисбалансот на хормоните да имам недоволно млеко па да мора да се вклучи дохрана ако нема напредок кај бебче ..... дали некоја имала слично искуство ?
Полни ли пелени? Колку напредува на неделно ниво или на две недели? Плаче ли после подој? Не знам дали тироидната влијае на количина на млеко, ама овие прашања погоре ке дадат одговор дали имаш доволно млеко.
пелени полни , после подој плаче многу , градите ги празни двете и уште сака да цица , мислев грчеви има пробав два пати дадов АД по 30 мл навечер , си го испива се смирува ни плачки ни думкање и си спие по 4 саати , затоа и алармирав по докториве што е проблемот , невозможно е бебе две недели во 12 саати да не дремне повеќе од 15 мин и на цице да биде по саат ипол и пак гладно
Дали кога се исфрлаат токсини од телото, се исфрлаат и преку млекото? Сакам да почнам да пијам црвена мака и прочитав дека помага за исфрлање на токсини ама не знам дали е во ред додека дојам.
Јас најмногу за баланс на хормоните и меѓу другото прочитав за токсините. Супер штом вака, ќе почнам од утре зашто малиот овие 2 недели ме цеди и веќе на пола ноќ немам доволно млеко и се нервира. Фала
само навечер дадов вчера и завчера по еднаш , а јас пијам и чај за доилки и вода повеќе од 2 л на ден и јадам редовно , патронажната ми препорача после секој подој да и давам дохрана за да фатела ред ама додека не ја измерам мене ми е страв да не ми се намали така уште повеќе млекото ....
Хашимото може да има влијание, но не мора да значи. Индивидуално е. Жени со Хашимото имале супер количина на млеко, додека некои со Еутирокс пример супер држеле под контрола. Кај тебе може да има некое влијание, ама од ова што го пишуваш, не мора да значи. Во принцип, првите денови па и месец бебето е нормално да цица нон стоп. И мора веќе да престанеме да слушаме луѓе кои ни кажуваат дека не треба. Има ситуации во кои навистина треба да се реагира ама со добра едукација и правилни насоки можете тие ситуации да ги препознаете. А советот да се даде после секој подој АД и те како ќе придонесе кон намалување на количината. Јас на твое место ќе си побарам стручна консултација, од некој кој ако сакаш да доиш - ќе ти помогне тоа да го оствариш. А не да ти каже дека - давај после секој подој. И да треба да се даде, се прави проценка колку, кога, на кој начин. Те молам не се откажувај, и побарај соодветна помош.
не и давам после секој подој , само навечер еднаш 30 гр инаку колку има цица ( по цел ден на цице ) ја меревме 20 дена е бебе и 50 гр од родилна тежина само има качено и тоа ме исплаши мене малку ми изгледа , ама направив хормони резултатот не ми го пратиа на меил ,сестрата ми се јави само ми напомна пролактинот бил паднат , ТСХ било качено над нормала , докторкара не беше тука да ми ги прочита резултатите ама мм ќе иде да ги земе и најдов одлична докторка па ќе се видам со неа после празников и ќе барам терапија секако
Не е од родилна, туку се мери од минимална падната. Ако сакаш, пиши ми порака со сите мерења, ќе ти кажам како оди со тежината. Што и да ти речат, ако сакаш да доиш - не се откажувај. Ситуацијата многу лесно може да се стави под контрола. Хармони? Јас. Ок ми беше. Ма да на долги стази боли рака. За твојот случај би требало да ти заврши работа. А можеш и рачно да пробаш. Најефективно е.. Може ако од една чаша не се пијаниш. Ама пиеш, одма доиш или пумпаш, и тоа е тоа. И е една чаша.
Девојки ми треба помош бебуш е 21 ден на доење сме и супер ни оди бебе сака да цица јас имам млеко и со задоволство си цицаме Е сега на контрола ни велат дека слабо напредува роден е со 3200г Од болница не пуштија со 3030 г на 15 дена беше 3215г денес на 22 дена е 3365 значи за 1 нед качил 150г јас мислам дека е ок ама докторкава во диспанзеров ми вика да давам по 30 мл ад по секој подој јас не сакам и викам имам јас млеко зошто да давам ад ке се измолзам ке му давам мајчино и ај некако се убедивме за така да пробаме Измеривме и подој и беше со 55г повеке во тежина во однос на пред подој Инаку имаме по 2 или 3 какани пелени и мочани и вака бебуш е весел и не покажува знаци на глад ве молам за совети @Kaetana
Не брзај со ад, мене правата недела ми качи 300 грама, втората недела не качи ич... Третата 200 грама качи, а вкупно за цел месец мислам дека беше 550 грама.. Докторот не ме советуваше да давам ад, туку да го нудам повеќе да цица за да се стимулира лактација. Не дадов ад воопшто.
А што ти вика матичната Тие од диспанзерите ја не би ги слушала некои се можда добри ама мене ич добро не ми го измерија таму Ти си го знаеш најдобро детето ако е најадено па не може сите по шема да накачуваат
Не! Сосема е во ред, килажата е супер! До две недели после раѓање доволно е да ја врати само родилната тежина. Додека да фати "залет". И јас преплашена дека не напредува ќерка ми, а имав лапач невиден, за две недели имаше само 250g ставено. Покрај еден куп прочитани мислења по интернетов, и сестрата во диспанзерот ме смири со истиот муабет. После тоа детето продолжи да качува по едно кило месечно во наредните 8 месеци! Детето таман ќе си напредува, не посегнувај по вештачко веднаш, погубно е за лактацијата. Прво нека помине мерењето кога ќе има еден полн месец.
Тие што сте царски, на колку дена ви дојде млеко? Сега за сега сме само на колострум а бебе ептен гладно многу сака да цица. Му додаваат ад тука до 20мл.
Jas 27 den kako sum porodena so bliznaci,ednoto go stavam so silikonska da cica vidi se deka ima mleko okolu ustata i posle saat vreme cicanje ono pak si place i posle mu davam AD a nemam nekoja promena vo gradi normalni meki....