Мајки ние сме месец и на доење сме за еден месец имаме качено 800+ грама докторката вика добро е. Е сега последниве неколку дена приметив кога цица бебе неколку минути убаво си цица и ја слушам како голта и после почнува да плаче многу ајде ја ставам на другата града и таму исто многу малку цица а не спие ич цело време плаче поготово навечер
Денес градите ми се тврди. Се надевам дека ќе ми дојде млеко до вечер. Тука ми покажа сестрата некои вени и речи еве ова значи дека ќе продуцира млеко и рече да ги масирам нонстоп и таму каде што е тврдо.
Дете цицаше 5 минути на града и заспа и спие така на града 25 минути. Тука викаат ок е. Буцко мој Денес си одам дома одвај чекам
На града мислиш до тебе или градата во уста му е? Ако му е во уста тргај одма града зошто ке ти се научи цело време дур спие да ја држи градата
Убав графник имаше во пенти во сити мол, ама скап ми беше, па купив од сара фешн. За дома имам како беби дол од мега фешн, најевтини беа. Имаше тема за градници за доење види таму.
другиве две и лулка позиција на почеток и после едне месец строго легната ( ја имам мн големи гради ) , ова бебе сега само лулка , легната неможе да фати
И ние денес 3 ден како сум породена цицавме активно, имам млеко дури ми се тврди и ми жежат градите. Ги земаа на преглед незнам колку ке ги задржат ке морам да се масирам одмолзувам
Да чекам ли дете да подригне навечер после доење? Заспа на мене сега и сакам да го префлам во креветче ако го Чекам да подригне ќе се разбуди.
ако ја легнам а не жригнала после 5 мин ми се буди , па ја кревам и откако ќе ждригне спие мирно ....
Легни го, ако се разбуди ќе ждригне, Не го легнувај одма после цицање, подржи го малку исправено, ама повраќањето е нормално, не се грижи.
дали некој е бил во моја ситуација породена сум царски пред 3 дена, ради антибиотик не го дојам додека го примам тука во болница, и му даваат они, мене ми потече ептен малце од една града се надевам ке дојде, но ми рекоа пред прво доење одмолзување и фрлање па доење, што значи колострумот нема да го прима...
Читам дека некои мајки почнуваат со измолзување пред пораѓај. Дали сметате дека е тоа потребно и колку е безбедно? П.с. дали чајот за доилки е ок да се пие пред пораѓај?
Форевер Ливинг Јас преку една жена го земав што работи со тоа а имаат и продавница во Аеродром карши хотел Порта
Зависи од бебето. Јас навечер никогаш не ги чепкав. Ги доев лежечка позиција, и ги оставав така да спијат затоа што исправени за ждригање се будеа. Види према бебето. Што антибиотик примаш? Која е логиката да се одмолзиш па да доиш? Молзи се што побрзо за да надојде млеко, а дали смее да се даде на бебе или уште подобро - смееш да доиш, ќе ти пишам откако ќе ми кажеш што антибиотик примаш. Не е потребно. Ептен ако си последната недела и од некои Х причини сакаш. Ама дека мора - воопшто не. Многу е важно веднаш по породување да иницирате доење. Или ако не можете - да почнете со одмолзување. И не се работи за одмолзување за собирање на количина колку што е важно за стимулации - да надојде повеќе млеко. А не знам од кои причини никој тоа не го прави. Не чекајте да ви с стврднат многу градите - многу е потешко бебето да фати да цица така. Башка е ризик за вас за мастит.