@Kaetana јас кога и реков на сестрата да се одмолзам со пумпата да имам млеко за дома, не ме остави. Ми рече ако доиш не да се одмолзуваш, ми објаснуваше уште нешто на германски ама не ја разбрав.
Не се работи за млеко за дома. Се работи за стимулација на млеко - особено за породени во Македонија, кои најчесто не го добиваат бебето веднаш и не иницираат доење веднаш. Туку седат, им носат деца како мене првото на рандом интервали преку ден, вежбаме доење демек два три пати дневно, навечер бебето не е со мајката и нема никакви стимулации. И после надоаѓа нагло млеко (hormonal driven) и градите се камен, болни, па се случува и температура одма да се крене. На тоа мислам. Не секое молзење е за да се собере млеко. Некогаш молзење значи две капки кои ако излезат ќе дадат знак до мозокот да направи 4 за многу брзо време. Ете тоа е тоа молзење за стимулација.
Ништо, не му е доволно млекото мое. Му додавам АД, ако го ставам да спие само со млекото мое одма се буди, нервозен е и цицка на рацете и плаче. Се измачив денес на града ама ете не му стига. Вака и ќе ми ослабне бебе и него го мачам
Не, не неможеш од старт да се откажуваш. Не му е доволно, ок, стави го пак да цица. Не е мрзливо дете, туку толку сила има на почеток. Не посегнувај по ад кога имаш млеко. Ставај го почесто на града
Си имаш млеко, само ставај секогаш кога ќе побара. И на 15 минути да бара, давај цице. Нема тука мачење, си се навикнувате еден на друг, не се откажувај, какво ад. Честитки, големо да расте!
Ти си мајка ти одлучуваш за него Од тука може само совет да ти се дава ги знаеш последиците од давање ад дека ја загрозуваат лактацијата Но за твое дете ти одлучуваш Иначе да се редактирам не ти треба 10пати лак консултант викни 2 3 пати ако имаш можност секако хранењетп со ад сигурна сум дека е далеку поскапо. Сега не пие многу но понатака тие пари на тоа ќе ги дадеш
после оваа лекција денес знам што да правам. Прво цицање 30минути 15 една 15 друга града, после 50мл АД и лаку ноч.
А зошто толку сте против да даде ад? Јас од 3ти месец почнав да давам и ад по еднаш или два пати на ден кога ќе приметам дека немам доволно млеко, најчесто попладне ми се случува. Супер ми е откако го правам ова. Па и мајката треба да одмори малце. Мака е цел ден само да дои или да се молзе со пумпи, рачно итн... Мојата не се одби од цице, сака и едно и друго.
А кога ќе завршиш со тие 2х15мин, да го вратиш пак на првата града? Јас не сум доктор, разбирам зошто ти рекле да го ставаш и на двете ама не можеш на саат да гледаш. Реално на почеток 24/7 се на града. Не памтам моето да цицало 15мин на старт. Можеш да се измолзуваш на пример за додатна стимулација, мислам дека со 15мин не правиш ништо особено ако е мрзливо или нема сила убаво да влече.
Исти сме и ние. Го ставам бебе редовно на секое будење на града, цица ама по 10-15 мин станува нервозен, плаче, цел станува црвен и спремаме АД 50-60мл и лакомо влече од шише.... Уште не ми е дојдено млеко како што треба. Сакам да прашам чајот Хумана за доилки дали може да се пие неколку пати на ден?
Града се менува кога бебе ке ја пушти поточно кога ке ја испразни. Уоброчување и гледање на час не, само ке ја намалиш лактацијата. Ексклузивно доење значи цицка кога сака и колку сака. На 5 мин ако бара на 5 мин. Секако дека со ад ке спие по 3 часа, толку треба да се свари.
Јас не сум против ад, давав на почеток додека ми надојде убаво млеко. Мачно е да ама ако сакаш да доиш се знае како оди. Млеко не можеш да снемаш на 3 месеци, може претходните денови цицало бебето помалку, па се намалила лактацијата ама секако може да се врати. Јас ноќно време доев од една града и на другата ми се намали, после ја форсирав повеќе таа и се врати во нормала. Многу добро знам што е умор, сум плачела за туш и храна ама ете помина, сакав да дојам, мрзливо бебе беше кога се роди, едвај го научив да цица, со силиконски бев, со пумпа, маки видов ама успеав. Многу пати сакав да земам ад кога си умислував дека немам млеко или кога ми доаѓаше преку глава. И не им судам на мајките што избрале ад за да одморат, да се наспијат, напротив целосно разбирам. Конкретно @BabyD0ll колку што сфатив сака да дои, па претпоставувам затоа добива совети да исфрли ад. Плус во Германија е, за таму само пофални зборови читавме досега ама изгледа и таму не се обрнува внимание на доење.
А кога ќе спие тоа ако го ставам така од града на града? 4 сати се мачев денес со доење, знам кога ја испразнува едната града и кога другата. Не е за мене јас можам цел ден да го префрлам од една на друга града, ама тоа кога ќе спие? Ќе ослабне на килажа.. Вчера рекоа дека слабо ми е млекото и да додавам АД, иначе Швајцарија жиевам и тоа како се обрнува внимание на доење тука.
Тоа попладне да има помалку млеко е нормално, кај сите е така. Така е и кај тие што се на есклузивно доење. Мака е, не е лесно ич, но тоа е доењето. Некоја ќе издржи, некоја ќе даде ад. Избор е во прашање и сè е океј, само ако сака само да дои, поинаку оди. Не сум против ад, од каде ова сега. И јас сум со комбинирано, скоро 8 месеци има малиот, не се одбил, но тоа не значи дека така е кај сите. Ако кај тебе и кај мене не се одбиле, не значи дека тоа е правило и нема гајле. Секогаш постои опасност да се одбие. Тоа што давам ад не е за да одмарам, моето не напредуваше скоро месец дена иако правев сè што постои. Кој сака да дои и има млеко, треба да се наоружа со трпение и упорно да дава секогаш, баш секогаш кога бебето ќе побара, а не да одредува колку време да цица, а кога да даде ад. Градите надвор и бебе на цице на секое.
Зошто оваа мерење на време? Немаш потреба од тоа, остај бебче да си стои на града, ем тоа ќе стимулира ем ти ќе се одмараш. На почетокот кај сите е вака. И јас првите недели бев нонстоп со градите на мегдан, убедена бев дека немам доволно млеко и давав еднаш дневно ад по 30мл, кога видов дека си напредува како што треба, прекинав. Пробај барем една недела како ќе биде без да дадеш ад, мери го ако напредува ќе немаш потреба. Не секогаш кенкаат/плачаат од глад. Со среќа.
Не постои слабо млеко. Новороденче спие скоро цел ден, не му се секирај. Може да спие и да цица. Битно е активно да голта. Кога ке ја пушти едната нуди ја другата. Ако полни пелени значи сито е и нема да падне на килажа. Нека цица една недела, носи го на мерење и тогаш ке видиш до каде сте со цицање. Што друго не ти јасно конкретно? Доење накратко е цица цица цица кога и да закенка. Може е какано, ама ако е сува пелената значи ска цицка.
Како што го слушав Сајковски има 2 типа на доење пп кои педијатри се водат едното е Колку сака кога сака и каде сака а другото е со одредено време односно тој размак пд 2 часа Иначе и Марина и Јадранка истото ова ми го ижамат кажано со по 15мин Марина на визита кога ни објаснуваше а Јадранка на преглед пошо ја го доев по саат ипол збудалував ама имаше жолтица и дохранував Нејзиново е како 1 мес бебе сигурно има сила што знам...