Така викаат по 15мин на двете за да се стимулираат двете гради, но тоа не значи да се прекине после пола саат. Баш Марина ми викаше доење на барање од бебето. А тоа на 2 саати не знам искрено ама дефинитивно така снемува млеко. @BabyD0ll И јас колку што знам не постои слабо млеко. Инаку, спие меѓу цицање или додека цица. Така е на почеток. Цица, спие, цица, спие и така до недоглед. Тоа е тешкото што се жалиме цело време. Сега и хормоните ти се хаос и затоа се осеќаш вака. Мој топол совет, легни си во спална со бебе по гаќи и цицајте и спијте колку што ви душа сака. Ако после една недела нема напредок ќе се договорите со доктор за комбинирано. А градите како ти се, тврди, меки?
На овој начин постои голем ризик по лактацијата. Ќе спие на града. Меѓу подои. Кој ти рекол дека ти е слабо млекото - да бегаш што подалеку од било кој совет што ќе ти го даде. Нека бил педијатар, нека бил Господ. Не велам дека имаш млеко и дека е сѐ супер, ама начинот на кој одредуваш дали имаш млеко не е коректен. И не знам што да направам за да објаснам дека тоа гледање на саат колку време цица бебето, и слушање совети дека се дои од само една или две гради, или слично - може да направи голем проблем кај доилки. Едно нешто треба да ни е јасно на сите нови мајки - НЕ очекувајте бебето да цица на 2-3 часа и сѐ да е супер. Новороденчиња бараат да цицаат речиси нон стоп, бараат да се припиени на града кај мајката, бараат топлина, близина. Тоа е репер за нормално. Не она што останало да се проповеда од педијатри кои останале со препораките од времето на експанзија на хранење со формула. И да. 50 мл на 2-3 часа се скоро цел оброк на бебе старо колку твоето. А тоа е ризик поради лактација и те каков.
Така прави спие на града меѓу подои, ајде преку ден ама ноќе што ќе правиме? Ете не знам како се дои ама тука ме научија така да додавам млеко затоа што е големо бебе и не му стига моето. Јас му ја гледам устата негова кога го дојам полна му е со млеко и бебче ужива. Ама во креветче кога ќе заспие на мене го префрлам се буди и мрда со рачиња, нозе и продолжува на рацете да цица и стенка. 4 сати прееска така правев. А синоќа во 12 исто и мене главата почна да ми се спушта надолу и не можев повеќе се исплашив дека ќе го задушам. Пампата ја полни и тоа доста. Не знам стварно што да правам почнувам да се нервирам, си плачам понекогаш.
Браво за упорноста мајка Баш ме радуваат вакви објави. Прво, нормално е да е потечна каката кога е на ексклузивно доење. Кај нас е така цело време, но за секој случај давај пробиотик додека да му се развие дигестивниот систем. Ако имаш 3-4 какани плус мочкани не се секирај. Зошто се плашиш од дехидратација? Има температура? Ако тоа се алучи ќе ума суви пелени, ќе биде малаксано, сува уста...вака со цицање не може тоа да се случи. Мерете се чисто да си мирна, инаку ти сама ќе си приметиш дали напредува. Првите неколку дена кога се префрлаш од комбинирано на ексклузивно може малце да стагнира, додека да фатите ред. Кај нас барем беше така. Кога бевме на АД мислам детето се збуцка за една недела, после со мајчино теравме пополека и сега фала Богу си е топ тежина. Држам среќа, да ги спакуваш сите цуцли на највисока полица
Никоја од нас не знае да дои на почетокот, и сите си потплакуваме и тоа не малце.. малце повеќе. Сето тоа нека не те плаши. Не си сама. Дел си од една огромна заедница на нови мајки кои не знаат кај тераат. Она што ти треба е малку поддршка и соодветен совет. Бидејќи некој кој ти вика дека ти е слабо млекото, буквално не знае што зборува. Знам дека е ова можеби претерано да се каже, ама искрено не ми е многу гајле околу тоа, затоа што е редно време да бегаме од тие совети кои нѐ водат кон неуспех. Сѐ што опиша е дел од нормално однесување на бебе. Тоа не значи дека е лесно и едноставно. Ама е многу очекувано. Ако гледаш дека му се полни устата на бебето со млеко додека цица, значи вие сте веќе го транзиционо млеко и не се работи за капки колострум. Тоа е супер. Но секое дохранување е ризик по твојата лактација. Особено ако се дава без план, со шише, ако се даваат лажливки цуцли додека не е воспоставена лактација. А тоа колку кг се родило бебето не мора да значи дека му треба повеќе храна. Обично е обратно. Тоа што е убаво е што поголемата родилна тежина дава некоја сигурност дека рефлексот за цицање е поразвиен. Пиши ми во порака детали со тежини и пелени ако сакаш. Но едно нешто ќе ти кажам - сѐ додека не пробаш да е само на доење, нема да знаеш дали му е доволно. И тоа не према плачење. Према пелени и напредок. Тоа што не сака да спие во креветче не го сметам за знак за глад - моево уште не спие во креветче а има скоро 16 месеци. Ниту ко бебе сакаше. Спиеше строго на мене. И уште спие преку ден. И мене ми е сосем ок и знам дека е нормално. Затоа и преку ден и навечер е следна тактика на почеток - лежиш со бебето по цел ден. Ама сериозно. Батали чистење и чуда. Решаваш да се релаксираш - одиш под туш. Партнерот по можност го носи бебето во слинг. Тоа е начин да се "преживее" првиот период. И да знаеш - бебе кое обично е поактивно преку ден навечер брзо ќе презаспива со доење. Не е правило ама има големи шанси да е така.
Така е, и мене педијатар ми објасни дека треба да гледам на саат, да не го држам подолго од 15мин на града! И да чекам саат ипол за подој/АД. Ова многу збунува, баш и тука пишував! Тоа функционира само доколку не цица како што треба, само за залажување. Во моментот кога ќе почне да си цица активно не треба да се трга туку да се остави да се доцица. Инаку мојот педијатар има завршено во Германија, може таму има такво правило- не знам. Ама мене ми немаше логика да го тргам детето од града за да му дадам АД @BabyD0ll не дека сакам да ти паметувам, ти си ја знаеш финансиската ситуација, ама пресметај колку ќе те чини да купуваш АД 1 година, а колку е консултантот за доење. Гледам дека си збунета, имаш млеко не се откажувај, ама ти треба помош.
@BabyD0ll честитки мајка,да е жив и здрав бебуш Каетана е закон за доење,веќе ти дала супер совети,мене ова со 700евра ме збуни.Мислам дека сте разбрале погрешно,патронажна сестра е бесплатно да ти доаѓа дома.Можеби чини 700е,но тоа оптината си го покрива.Препрашај убаво,мене многу многу ми помогна.
Според истражувања што читав на нет и со консултација онлајн со консултант се препорачува 128 унци или 3 литра течности додека се дои. Секако дека подвоени се мислењата од тоа што го читав и ми го кажувале на почеток. Но јас во болница се препив а и бев жедна и отидов дома со полни гради моето искуство е такво на друг може не е.
Апсолутна невистина. Како што ти кажав, големо бебе значи јак рефлекс и сила за цицање. Јас родив големо бебе, над 4 кг, дохрана доби 2 3 дена и оттогаш е само на цицка. Првиот месец качи без малку 2 кг само од мое млеко. А имаше физиолошка жолтица што е предизвик плус. Полна уста кај бебе значи млеко за извоз. Значи не треба да погледнеш ад. Сега можеби мислиш дека даваш ад и оп бебе спие 3 часа, го нема да шушне. На долги стази ад е скапата опција и куп шишиња за стерилизирање. А ако даваш ад огромни се шансите да се намали млекото и да го снема сосема. Плус цуцла сама по себе е друг механизам на голтање, полесно е, може да му текне дека не сака цицка. Пиши ни или пиши и на @Kaetana за полни пелени и грамажа па ке ти кажеме дали е добро.
Ја не верувам да знае она грамажа дали 2 дена е дома. Зборам за испис и сега овие 2 3 дена освен дома ако не го мери Ај ќе каже ама многу и нагрнавме некако му е страв контраефект дека че и направиме Јас би ја чекала патронажната не сме со неа нека издише
Секако ама и се кажува да не дава Ад, ако сестрите во Швајцарија и рекле да дава според мене треба да дава. Ниту јас, ниту ти ниту некој друг на форумот знае повеќе од доктори што учеле и имаат диплома за тоа. Може да дадеме совет ама јас би слушала доктор. Сепак не сме кај неа дома за да видиме и да знаеме. Малце ме буни ипак е породена во Швајцарија. Ај за кај нас сите ги кудат нашиве дека Намерно загрозувале доење и поима немале Зар и швајцарските сестри и лак консултанти поима немаат?
Форсирање на течности кога не ти се пие прави дисбаланс на електролитите во телото. Се пие према жед. Секако, не е муабетот да останеш на еден литар. Ама ако испиеш 2.5 или 3 литри нема некоја голема врска со млекото. Што ако мери некој колку пие - треба ли да мери и колку моча и колку поти.. Не навлегувам толку па да дадам оценка према географска локација. Давам оценка према тоа што некој ѝ рекол дека ѝ е слабо млекото. Тоа е крај на муабетот. Башка породена е скоро. Ако морало да се дохранува првите два дена, не значи дека мора и третиот. Пример, карикирам нели. Млеко надошло. Колку? Кој знае да ѝ каже? Знаеш кој? Никој. Пелените и бебето. Ниту јас, ниту ти, ниту докторите со дипломите. Ете тоа е точниот одговор. Едит.. и јас не би платила 700 евра, ама од IBCLC тоа е нормална цена за толку посети. Јас платив 60 евра за еден час консултација. Цените се тие. Е работата е дали може да се земе единечна консултација, а не цел пакет. И секако - види групи за поддршка кои би биле волонтерски. Ние имаме La Leche, имаме AFS, .. не знам што има во околината...
Офф јас реков за тоа дека ја пратиле докторите дома со ад. Чим ја пратиле јас би давала до прво доаѓање на патронажна. За слабо млеко мислам она сама си даде мислење, не верувам да доктор а за тоа требала да се едуцира во бременост. Искрено, ако докторите и рекле така ондак дефинитивно треба со МК доктор да се советува пошто ќе испаднат далеку покомпетентни. (Инаку сигурно 7 дена ќе е на дохрана па ќе и исклучат не знам зошто се гледа ко Крај на свет) За пиење течности си стојам на ставот затоа што тоа го кажува моето искуство. Твоето може е поинаку. Крај краева секој може да изгугла и да одлучи во што да верува и да прочита разни статии,да се консултира со доктори. Секако е битно да се хидрира. Ако членката од немање време пие 3-4 чаши тоа е премалку по мене и можеби затоа нема млеко. Ско исклучила други можности ( не ставање редовно на града итн). Иначе секое мое мислење е согласно сопственото искуство. Секој бара како и во сите теми туѓи искуство. Некому ќе помогне. А за тоа дека си давала оцена по географска локација сме се убедувале јас и ти конкретно дека во МК докторите се борат за доење ама ај...
Настрана од доење, се согласувам со каетана за пиење спрема жед. Јас пијам литар до литар и пол во жешки денови или ако физички доста се изморам, инаку литар ми е доволен. Класичниот совет што сите го знаеме, минимум 2 литри, пробав да го применам и си направив проблем со бубрези. Не само што обавезно ќе ви каже телото ако сте жедни, туку и проблем може да си направите ако пиете и кога не сте.
Јас пијам по минимум 2 л дневно течности. Ама одсекогаш ова, и пред и во и по бременост. Ми сака телото. Имав и гестациски дијабет, сега веќе во ред е шеќерот но течностите си останаа да ги пијам
Најголем проблем е кога тука пишувајќи си мислиме дека во областа на доењето нашето лично искуство е меродавно и применливо кај сите и кога не знаеме да процениме до каде се нашите граници.
Секаде во секоја тема се дава мислење Ова е форум ипак за разменување на искусвта и мислења. Ако не смееме да даваме мислења тогаш нека ги избришат и нека се изјаснат модераторите за да знаеме во иднина сите не само јас.