Форумџика на годината

Доење

Дискусија во 'Бебе' започната од bibitri, 28 јануари 2010.

  1. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.749
    Допаѓања:
    18.471
    Пол:
    Женски
    @Izzy_0504 одлично што пиша. Се е точно. Тоа е моментот што го пишав јас, само не убаво објаснето како тебе. Значи една дојка се исцицува до крај и кога е празна бебе ја пушта. Со тоа мајката е сигурна дека и хранливото млеко е исцицано.

    И особено важно е на нареден подој да се нуди прво дојката со која завршил претходен подој. Заради масното млеко кое го спомна Изи. Значи ако цицањето завршило со десна, нареден пат даваш пак десна иако делува празна. Нека цицне и 2 мин, па тогаш на лева. @BabyD0ll

    И уште нешто битно. Не ги оставај градите да се полнат. Давај со ред. Млеко ке се произведува според побарувачка. Ако ја оставаш да се полни ке дадеш знак дела не треба повеќе млеко.
     
    На 0ли, Alishan30, Fatalnata и 5 други им се допаѓа ова.
  2. BabyD0ll

    BabyD0ll Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2011
    Пораки:
    2.372
    Допаѓања:
    8.328
    Пол:
    Женски
    Бебе голта и понекогаш се трга од градата и прави аааа и ме гледа, се враќа пак на града, млеко капки дури на лицето има.
    Понекогаш прави и еден звук со јазичето како НТ.
    Да сега пред да го подојам последниов пат му променив пелена каката му беше златно жолта боја.
     
    На dunika, ni.na, Kaetana и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.801
    Допаѓања:
    97.111
    Пол:
    Женски
    Се звучи одлично, само продолжи и ќе исфрлиш скрос ад, ќе видиш :inlove:
     
    На thelittle17, Capricorn1, Alishan30 и 4 други им се допаѓа ова.
  4. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.749
    Допаѓања:
    18.471
    Пол:
    Женски
    Не е, ке видиш за неколку дена дека ке се научите и двајцата и ке ви биде песна.
    Јас имам доенечки стаж од 17 месеци, ти посакувам и тебе долг доенечки стаж.
     
    На dunika, Kaetana, Izzy_0504 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.608
    Пол:
    Женски
    @Izzy_0504 ок имаш пишано, и ова е едно многу обемно подрачје. Уште е дискутабилно но веќе се смета дека овој момент со "предно млеко" и "задно млеко" едноставно е мит. За ова прашање можам да објаснам со една одлична аналогија од Кели Бонјата, која совршено го објаснува сето ова.

    Во принцип, се работи за истото млеко цели време. Нема две различни млека. Работата е што мастите во млекото се полепливи и се лепат за алвеолите во градите. Е сега. Кога се лепат и зошто. Најчесто мајки кои дојат од една града на подој поизразено можат да ја видат "разликата" на ова млеко. Зошто. Бидејќи кај градите кај кои млекото создадено во алвеолите не се отстранува почесто може да се случи да се налепат мастите на алвеолите, но во текот на самиот подој се одлепуваат. Кога се случува тоа - никој не знае. И никој не може да гарантира. Бидејќи секоја жена е различна.

    Кај жени кои дојат од две гради по подој, најчесто млекото е секогаш побело бидејќи често се отстранува и нема време да се случи тоа налепување на мастите на ѕидовите од алвеолите.

    Замислете го тоа како чешма со вода. Пуштате жешка вода. Ако чешмата долго не е пуштена, треба време да дојде жешката вода. Но ако набрзо потоа пуштите жешка вода, многу побрзо ќе дојде. Ете тоа е таа аналогија.


    Е сега, што е правилно. Едно е сигурно - ако го слушате бебето и ги следите неговите потреби околу тоа колку гради сака на подој - нема воопшто да згрешите околу масно или немасно млеко. Сѐ што ќе правите форсирано може да направи проблем.

    Затоа што често се зборува за моментот со storage capacity или капацитет на жлездено ткиво кај мајките. Како што сме сите различни, така и нашите гради се различни. Некои гради произведуваат "повеќе" млеко (hence жени дојат една града по подој) а некои помалку (потребни се две гради по подој).
    Не значи дека бебето кај втората мајка добива помалку млеко. Во 24 часа ќе си добие исто ако не и повеќе млеко, но бројот на гради по подој ќе биде поголем.

    Колку гради? Бебето ќе ви каже. Ниту педијатар, ниту патронажна. Пристапот е - се нуди една града. Се мести бебе и се работи на фактот да е длабок. Се гледа доењето дали бебето ефективно ја празни градата. После првиот лет даун, се прават компресии. Кога бебето нема веќе интерес се нуди втората града. Ако на прифати - ок. Ако не - повторно ок.

    Се гледа доењето да е на 2-3 часа најмногу. Ова во случај бебето да не побара. Инаку не се гледа на час. Се дои буквално на пола саат ако треба. Горното потенцирам е само за во случај бебето да не побара - да знаете дека града не се остава нестимулирана подолго од 3 часа во никој случај. На почеток на лактација.

    Се следат пелените. Мочани, какани. Се гледа бебето и неговото однесување. Се мери подој ако треба. И на база на сето ова се дава формула и тоа на начин кој нема да го загрози доењето - шприц, чашка, finger feeding, lactation aid at the breast. И се работи на детектирање и отклонување на проблемот ако постои.
     
    На kukla21, Mi LeNa ^^^, Kitten и 7 други им се допаѓа ова.
  6. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.608
    Пол:
    Женски
    Вака делува супер. Во зависност колку формула даваш, постои начин и да ја тргнеш постепено. Ако ти е шубе наеднаш. И не давај со шише, плис. Давај со шприц ако даваш.
     
    На MilaSs12 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Izzy_0504

    Izzy_0504 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2020
    Пораки:
    1.442
    Допаѓања:
    4.149
    Пол:
    Женски
    Јасно. Јас давав по 1 града на подој, мнооооогу многу ретко 2. Бебе само се тргаше и не сакаше веќе ни од истата ни од другата. Кога мислев да не му е малку, ќе ја дадев другата на сила и обавезно бљуцнуваше пошто му беше вишок. Така си сфатив дека си цица колку му се јаде и тоа е тоа. Тоа значи дека кај мене се налепувало масното млеко и доаѓаше подоцна, но тоа е ок - секако го испиваше бидејќи ја празнеше градата. Така се научивме, така фативме ред и така функционираме како доенечки пар.
    Секако дека потребите на бебето се различни и треба да се прилагодуваме спрема бебето, но тоа е тоа што беше добро за нас двајца :inlove:
     
    На Thallia, MilaSs12 и Kaetana им се допаѓа ова.
  8. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.608
    Пол:
    Женски
    Точно. Нема правило. Муабетот е дека и да се налепат, може се одлепуваат после минута. Или две. Кој знае да каже. Никој. :)

    Нема погрешно или не. Пример, јас доев секогаш од двете гради. И едното и другото дете.

    И една града од подој е супер. И две. Сѐ додека бебе си цица и си напредува, не е важно. Ама бебето е тоа што ќе каже. Неговиот инстинкт за преживување е најмеродавен.
     
    На Thallia, BabyD0ll, MilaSs12 и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    7.585
    Пол:
    Женски
    Може да ја раскажам мојата приказна ? Не мора да значи дека сегде ќе е така секако ама може некому ќе помогне ,затоа и не означувам никој. Бебе мораше да оди на интензивна нега..значи две недели бевме одделени ,јас дома она во државна,откако ја пратија таму си зацртав дека ќе ја дојам па што сака нека биде. И така си се наоружав со пумпици ,врели води ,масажи болни ,поболни од самиот пораѓај. И дојде млеко , искрено после целиот тој стрес и мислев дека нема да добијам,ама добив. Станував на секои 2-3 часа да се одмолзувам ,тоа и чекањето да дојде време да се јавам ми беше денот ,ништо друго не правев. Во отпусното писмо пишано АД + доење ако сте во можност. Прво прашање ми беше дали морам АД. Ме прашаа дали имам млеко ,кажав дека имам на сестрата дури чудно и беше. Не рече ништо ама самиот израз на лицето кажа многу. Одговорот беше не дека мораш ама давај... Ама јас решив да не давам барем до прва посета на педијатар. Кога бевме кај педијатарот ме праша дали давам кажав не,и објаснив со каква упорност успеав да добијам млеко ,за сега да давам АД едноставно не сакам ,ме разбра жената и рече за недела дена ќе дојдете пак да видиме напредок ,ама ќе даваш кога сака каде сака и колку сака ,едната па другата ама не да гледаш на саат ,туку ко ќе прекине на едната на другата нудиш ако не сака ок е. Нареден подој обратно. Си одиме дома бебе спие ли спие. Првите два дена ја мачев демек да ја будам,што и да направев спиеше преку ден а ноќе цела ноќ на цице,се плашев дека нема да има напредок ама мм ме смируваше ,дека ако е гладна ќе плаче итн.. по една недела пуфла имаше качено скоро 700 гр. Докторката во чудо ,само рече што и да правиш продолжи така. После во вториот или третиот месец се стабилизираше ,освен навечер од 6-7 до полноќ сакаше само на цице со паузи по 10 мин. И и давав ,често блуцкаше и пак бараше...
    Некогаш ми се смачуваше да ,ама не потклекнав. Прашав за ова ,за тој конкретен период - двата различни совети беа : Дека тогаш има грчеви и цицањето ја смирува.
    Дека си цица убаво за да поспие ноќта (спиеше од кај 23:30h до 4-5h).
    Проблем ни се појави во 3 тиот месец јас имав многу болки во десната града и помалку и ја давав ,па кога ми помина таа не ја сака ,ретко ако и ја подметнам.. ако не пумпица пак. Ама сепак убаво напредува и тоа ми е најважно. Дали со една или со две гради не е битно. Боли да,ама не можам да направам ништо освен пумпица,колку да не фатам мастит. Чудно ми е како млекото не прекина таму...
     
    Последна измена: 3 јануари 2021
    На GolemaMala, Monella, SkarletOHara и 13 други им се допаѓа ова.
  10. Alishan30

    Alishan30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јуни 2018
    Пораки:
    7.062
    Допаѓања:
    119.014
    Пол:
    Женски
    @Осе после скокот може да ја сака и другата града.
    Браво за упорноста, горда сум на ваквите приказни.

    @BabyD0ll и те како има и тука добри доктори, боже мили, живи сме и ние овде, и нашите деца.
    Секаде има луѓе кои грешат.
    Престанете да генерализирате.
     
    На Monella, Kaetana, 0ли и 6 други им се допаѓа ова.
  11. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.231
    Допаѓања:
    18.985
    :bow: Браво!
    Летово моја блиска низ ова поминуваше но за жал она не успеа. Стануваше на 2ч се молзеше ама стресот си го направи своето.
    Баш ми е мило вака читајќи те даваш доверба дури и додека ти беше бебето на интезивна имаше самодоберба и не се предаде. Во тебе може бури имало ама секоја чест на јачината :muscle:
     
    На Kaetana, 0ли, Izzy_0504 и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    7.585
    Пол:
    Женски
    Искрена да бидам на некој начин тоа ме држеше ,зошто докторите во Чаир толку вина ми набија што ако не успеев и во ова ќе си пукнев ... Сега од оваа перспектива поинаку се чувствувам во однос на тоа ,ама среќна сум што успеав и покрај се. Кога ја земав и одвишок млеко имав ,сите цвеќиња ги нахранив по дома :D

    Инаку и сега ми се плаче кога ќе помислам на тој период;(;(
    Ама поминало и кај никој да не се повтори :)
     
    На Kaetana, Thallia, dunika и 7 други им се допаѓа ова.
  13. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.231
    Допаѓања:
    18.985
    Така е ! И нема да се повтори со второ па и трето уште подобри :inlove:(fingers)
     
    На Alishan30, MilaSs12 и Осе им се допаѓа ова.
  14. BabyD0ll

    BabyD0ll Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2011
    Пораки:
    2.372
    Допаѓања:
    8.328
    Пол:
    Женски
    Ете сега се разбуди пак, 1 ипол сат спиеше, не е како со ад не спое 4 сати без да претне.
    Цицкаме сега.
     
    На 0ли и Izzy_0504 им се допаѓа ова.
  15. ni.na

    ni.na Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    1.630
    Допаѓања:
    1.565
    Ај еден совет, а дали и потоа кога ќе биде поголемо бебето еве скоро 3 сме треба да се дои кога ќе побара или да не е пред 2 часа. Јас го дојам на 2 некогаш 2 ипол но пошто таков ред има порано не ни сака не е гладен, но малку буце е па да не треба да гледам на саат или секогаш кога е гладно да нудам како и до сега? :)
     
  16. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.749
    Допаѓања:
    18.471
    Пол:
    Женски
    Доено бебе цица кога сака и колку сака секогаш. Од каде да знаеш колку исцицало? 20 50 120? Од мајчино млеко не може да се здебели.
     
    На Kaetana, dunika, Осе и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. BabyD0ll

    BabyD0ll Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2011
    Пораки:
    2.372
    Допаѓања:
    8.328
    Пол:
    Женски
    Еве бебе сеуште цица не се заситува :D
     
  18. BabyD0ll

    BabyD0ll Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2011
    Пораки:
    2.372
    Допаѓања:
    8.328
    Пол:
    Женски
    Леле не можам многу ми се спие, главата надолу ми оди.
     
  19. Klara91

    Klara91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2020
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    1.206
    Пол:
    Женски
    Ако не ти е проблем би сакала да ми ги пратиш мене видеата да знам што се случува
     
    На Kaetana му/ѝ се допаѓа ова.
  20. BabyD0ll

    BabyD0ll Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2011
    Пораки:
    2.372
    Допаѓања:
    8.328
    Пол:
    Женски
    Значи изгуглав за бојата на млекото.

    21A4347D-BAEB-4B8D-B95F-3D9CD2AFBE20.jpeg

    Бојата на моето млеко е првата.

    И еве што пишува за истото.

    B2F8CED0-3B1F-4BF6-A0CC-47B6347012E7.png
     

    Прикачени фајлови:

    На Izzy_0504 и Milkiway им се допаѓа ова.