Тоа е тоа што пишувавме прво и второ или преднп и задно млеко. Значи не стига да дојде до второто помасно млеко што изгледа како десното на сликата. За да стигне до тоа не менувај града на секое туку нуди од истата града 2 па дури и 3 подои доколку подоите се чести односно ако имаш 3 подои во период од 2 часа. Бидејќи си на почеток и воспоставуваш лактација, не оставај повеќе од 2 часа нестимулирана града. Тоа значи дека по вториот или третиот подој од иста града, понуди ја и другата за и таа да ја стимулираш. Па следните подои од таа ќе ти бидат. За да му помогнеш на бебето, пред цицање можеш да ги истушираш градите со топла (жешка) вода и да ги масираш со кружни движења. Исто така можеш да правиш масажи на градите со шишиња со жешка вода од клучната коска надолу накај брадавицата, па од под пазувата накај брадавицата. Така ќе помогнеш за ослободување на каналите и бебето убаво ќе си голта и полесно ќе дојде до задното млеко кое веројатно е налепено на каналите, а бебуш не успева да го исцица
Абе синоќа до 3 доев и бебе се изнервози и почна и градата да ја турка и да плаче и на рацете да цица. Значи гладно беше, земав АД му дадов се засити и заспа.
Супер штом е така јас реков да не правам погрешно нешто со ова п Мој совет не давај АД, и јас првата недела го правев тоа оно кенка јас дај му АД да не му е малку,од што незнаев дали голта дали му тече и колку се додека не решив дека доста е, пошто градите ми тежеа. Ако кога ќе стиснеш на градата излегува млеко значи имаш него малку му треба за да се засити со АД само ќе си направиш проблем со преполни гради ако веќе имаш млекце. За менување гради искрено јас му давам од едната па му ја нудам другата кога ќе почне да се лути значи еден подој 1 града му доаѓа не сум нудела по неколку подои од иста града или гледам која му тежи повеќе од таа давам па со килажа има и повеќе од што треба. Битно да е најадено и тебе да ти е лесно
Мајки, Оце ме инспирираше да ја раскажам мојата приказна за доење, можеби ќе му помогне на некого. Имав тежок пораѓај, во болница бев 2 дена со пукнат водењак и болки, отворена 3 прста. Конечно 3тиот ден се породив со провокација, самиот пораѓај не беше тежок. Се породив во 11ч сабајле, ми ја ставија на гради и ја земаа. Ме однсоа на патолошка (во Чаир) бидејќи немаше место кај родилките. Веќе трет ден како не бев спиена, не можев ни да заспијам од возбуда, бев цела зашеметена, во некој полусон. Почнаа да влегуваат сестри и болничари, прашував кога ќе ми ја донесат, веќе стана 18ч јас уште ја немав видено. Знаев колку се важни првите часови за инстинктивно цицање и барање града. Почна паника да ме фаќа сама бев во соба ајде викај една сестра викај друга на крај ми ја донесоа. Колку само беше слатка. Одма се изгушкавме и ја ставив на града, си мрдаше со устето, но никако да фати. Си викам ајде ќе се научиме. После 2 саати дојде сестрата со прашање :цица ли мајка? Викам, не не може да фати, и јас изгледа уште немам млеко...ја грабна бам бам шприцот во уста. Ни објаснување ни бутур. Ок. Се расположи бебка и заспа. За саат време доаѓа друга сестра. Цица ли мајка? Викам не, пак почнувам да објаснувам...ми го граба од раце ќе го носеле во другиот дел да спие, патолошка им била далеку, полесно им било за гледање. Првата ноќ сама. Спиев ама како да не спиев. Топла вода немаше. Ајде чекај го утрото. Сабајле доаѓа визита, добра ли си мајка како раната, цица ли бебето? Викам не и пак ...добро има време ќе се научите...сестрата бам шприцот и ми ја дава. Во меѓувреме на града, раната ме боли, хемороидите распукани, жива ненаспана. Мести ја вака мести ја така не фаќа. Конечно после 2 дена не пуштија. Дојдов дома, свекрвата демек ќе ми помага. Ахам. Првата вечер маж ми и свекрвата си легнаа во 11. Јас цела вечер будна повторно. Бебе или плаче или спие. Никако да фати цицка. Јас не знаев кај сум. Баш се сеќавам пишував и тука во ниедно вреже што да правам, добив некоо совети, фала им на сите (не се ни сеќавам кој беше). Се разденува утрото ја гледам пожолтена, малаксана, ја будам не се буди. Ја гледам дали дише, не реагира на дрмање и гласно викање. Го будам маж ми во паника оди купувај аптамил, купувај пумпа не знаев ни јас што попрво. И дадов АД некако се залажа со цуцла на Avent. Малку и дојде сила. Одма почнав да се одмолзувам првин по 10мл, после по 20мл...и давав на 3 часа најизменично. Кога ќе и дадев АД се успиваше и имаше задоволнп лице. Мене срце ми се кине. Свекрвата со коментари од типот:слабо ти е млекото, уште немаш млеко, зошто не цица, ти си нервозна она те осеќа дај ми ја мене (ја граба да ја успива) 2 дена така. 3 ден станувам сабајле решена позитивна ќе бидам. Совет од сите ставај ја града, ставај ја на града. Џабе. Не цица. Мафта со главчето лево десно никако да фати. Плаче она, плачам јас. Доаѓа свекрвата пак со некои бабини деветини. Јас ја откривам да се разбуди да цица, она ја покрива ладно и било. Не знам што ми се деси, ми се споија жиците ја отерав у три лепе. Не знам што не кажав. Ок, му викам на маж ми одиме во Систина да видиме што е работата. Ја мериме. За 3 дена ослабнала 100гр! Од родилна тежина 300гр помалце! Ок не е страшно, се тешам сите намалуваат на почеток. Тука доктор Радица Муратовска ми даде прекрасни совети. Ми ја намести на града и почна да цица. Прв пат после скоро 1 недела осетив што е цицање! На мојата радост и немаше крај. АД давав со цуцла на Madela (Calma). Не можеше да цица од таа, бидејќи требаше да влече, а се имаше навикнато на лесен проток. Плаче вика, не се откажувам. Почна да ја прифаќа. На 2.5 саати се молзев, ако имаше барем 40мл го давав моето ако не го собирав и давав АД. Во меѓувреме ми кажа пред подој 15мин на града. Ок, и така не цицаше само си мјацкаше. Првите денови беше 80% АД, 20% мајчино. Потоа почнавме се помалку АД ама бавно одеше. Да не ја должам на крај почна да цица по малце, од 15мин ја оставав и по пола саат, 40мин, саат се додека не се откаже...Во меѓувреме раната ме боли, хемороиди потечени ни да седнам ни да легнам. Влези у вц алишта до врата, влези во кујна, садови до плафон. Јадење нема. Вода нема кој да ми даде. Свекрвата на телефон прима честитки. Јас неизбањата 3 дена. Ја викам сестра ми, свекрвата на сестра ми секој што може да ми помогне. Со братучетка ми на телефон со совети, она имаше ист проблем. Барај ја Јасна, збори со Др. Драгана Е.М. ...гуглај на интернет, ггледај на youtube... Малку фалеше да се откажам. Поради некои коментари од типот НЕ ТИ Е ХРАНЛИВО МЛЕКОТО ,поради давање лоша цуцла, лош почеток уште во родилиште, никакви совети ќе останевме на АД. Она што јас го заклучив е дека секое бебе е различно, секое искуство е индивидиално. Воопшто не сум против АД, мене ме спаси, ама тоа додавање е меч со 2 острици. Во моментот бебето е најадено и си мислиш тоа е најдобро. А со секое давање АД, ти се намалува млекото, посебно ако не се измолзуваш. Верувам дека сите совети се добронамерни, ама честопати на мајките им се наметнува грижа на совест ако даваат АД, а бебето може да не цица од Х причини...Мојот совет е секој што има проблем да си бара професионална помош, ама најважно од се е да го следи својот мајчински инстинкт и да го следи бебето, да се труди да ги разбере неговите потреби. И да, глупи совети не прифаќајте. Се што не ви логично и не ви одговара, исто ко да не сте слушнале. Се распишав ептен
Имам јас млеко ете пишав погоре го имам тоа со прозирна боја, не го заситува едноставно си сака бебе повеќе.
А зошто не пробаш да измолзеш малку од градата и после да го ставиш бебе да цица? Така би требало малку да се испразни градата од предното млеко и да почне да цица од задното.
Па ставај го на града нека цица повеќе време за да дојде и тоа хранливото за да го засите. Со 10мин цицање ретко кое новороденче се заситува. Мојата по саат и пол цицаше, мислеш лесно е? Она спиеше на градата повеќе отколку што цицаше, кога цицне, кога заспие. Ама за сѐ треба упорност, а не да се каже немаш млеко или не ти е хранливо. Нормално нема да е хранливо кога цица по 5мин од двете гради.
Мила откако ќе го исцицаат првото млеко кое е потечно и им капе побргу, ќе дојде момент да треба да цица поактивно од горните слоеви, се изморуваат, стануваат мрзливи, почнува да плаче страшно и бараат цуцла на готово. Мораш смирено да го оставаш да се помачи малце, ќе цуца па ќе прави паузи, во меѓувреме масирај ја градата од погорните делови да надојде млекото за да се засити.Важно е имаш млеко и цуца бебуш, само треба да се извежба да цица поактивно
Не знам еве јас да имам млеко ,да тече од сите страни како што кажуваш @BabyD0ll никако не би дала АД , значи додека не се воспостави лактација така ќе биде ,а со додавањето АД го решаваш моменталниот проблем а го пореметуваш воспоставувањето лактација... Сега секој со своето нели ,да не испадне ти солам памет. Друго еве золва ми 3 то дете се роди 4500 машко ,десната града од кај 2 месец не ја сакаше никако , и прекина и млекото таму,па само со лева го израсна ене 14 месеци е уште цица само од лева. Тоа предно задно млеко ,ако веќе мислиш има врска оставај го да цица на едната страна додека не ја исцица цела па менувај. @BeLLaDona23 тоа свекрвиштата веќе аман ,и мене она малку побунисе таа одма нема млеко ли така што се кара ...еднаш два пати ,третиот ко стиснав до кај неа летна,еве велам сакаш да се напиеш и ти . Кога рече бега хахха. Ама стварно сега кај се мачи човек уште глупости да слуша.
Ајде ќе ве послушам пак, ќе бидам упорна што да прам. Ама ако плаче и ми ја турка градата што да прам?
Јас никогаш не доев и на двете гради во 1 подој. Од старт беше 1 града на подој. Имав многу млеко, градите ми се навикнаа така, и на 3 или 4 часа давам само од 1 града да цица. Скроз ја испразнува па следниот пат од другата и така во круг. Нервозна ако гледаме, моето бебе плачеше нонстоп, заради грчеви ваљда. Јас ниту еднаш не помислив дека е гладно. Полнеше пелени и ставаше на грамажа, ја мерев неделно. Така и тераме до денес. Сега цица, намалени се пелените со мочки, на број се исто 4-5 во денот но не се полни како претходно. Некоја со вакво искуство?
Оно не разбира, може да ја турка, пробај полека ако не фати крени го, понишкај па насмеј му се и пак полека врати го на града. Итри се, незнаат што им се случува, до пред 3 дена беа во матка, мислат способни се, а уствари не се, за надвор
Ќе ја стиснеш градата да потече некоја капка и пак понуди му, така ќе му текне дека има уште млекце за цицање @oce добра си ме изнасмеа Не ми текна на такво нешто, инаку ќе ја шприцнев @Alishan30 и кај нас има такви периоди, ама не се секирам многу додека си цица. Дополнотелно се поти (вежбаме) па претпоставувам дека и така губи течности
Моево е 3 месеци и 1 недела, не се полни пелените да кажеш труп да тежат, ама има мочки. Такви ептен да тежат се кога ќе му дадам чај да пие. Инаку јас нон стоп го ставам на града, уште давам Nurse harvey 3 пати на ден со чај, го смирува и му помага да кака на моево,ние со тоа имаме мака. Инаку градите од сам старт ми се меки и кога ги стискам едвај капка излегоа од нив,ама бебе убаво напредува. Ај пробај нуди града почесто, многу е размак 3-4 часа по мене.
Ауу на тоа не ми текна, фала ти. Баш си помислив дека почна да цица а не ги полни како претходно. Ама и држи вода тоа што ми го пиша ти. претка и си игра, и така троши.
Јас доев до 18 месеци. Освен кога почнаа да растат запчиња па болно беше кога ќе загризе, други потешкотии немав. Се помина прородно и лесно
@eli.karameli педијатарот за неа вели кога сака и колку сака, пробувам на 2 ипол да дадам но плачи и вришти. Штом поминат 3 часа давам и цица. И секој пат исто. Нејќе да цица на помалку од 3 часа, а потоа си сака.
Mozebi imas mnogu mleko pa ne uspeva bebeto seuste da stasa do pojakoto mleko, uste se vospostavuva laktacija pretpostavuvam. Obidi se da se Izmolziz prvo malku 20-30 ml pa daj bebeto da cica. Mene koga mi se prepolni gradite vadam i po 50 ml poluprozirno mleko. Toa samo koga mi se tvrdi i prepolni. Inace ostavam bebeto da si regulira samo
Немам сеуште пумпа, ќе морам да купам денес. Еве што се случува со десната града додека цица на левата Спојлер