Исто и кај мене беше и сега се случува некогаш. Немој да даваш ад, не постои слабо млеко. Првото млеко е ретко за да гаси жед кај бебето, се си има свое
Ќе го кренеш да ждригне ,пауза две три минути и пак. Чекај да видиш 4 ти скок што е ми се цица ама не сакам да цицам Eпа тоае тоа што го зборувам ,јас вака сите цвеќиња по дома ги нахранив. Тоа е затоа што градите ти се преполни.
Ќе се навикне и тато ,мене па тој само ми викаше и се цица зошто не и даваш. Уствари ден денес ми вика И не мора пумпица чим вака тече и со рака можеш ,почнуваш со масирање со притискање од горе накај брадавиците и после на брадавиците стисни и ќе потече.
@BabyD0ll не ти треба пумпа. Ништо не ти треба,држи бебе на цице само и уживај.Не се замарај ни со АД ни какво е млекото.Премногу си на почеток за да носиш заклучоци.Битно е да полни пелени. Почетокот е тежок малце,после е ептен уживање. @Alishan30 со тек на време не се толку полни пелените,освен онаа од вечерта,не се грижи.
Не можам да ти го најдам постот со пелените Мислам дека сте Ок пошто сега бече од 4ти мес нели не треба 1кг да накачуба туку 500-600гр. Така бар педијатаров ми вика, е сега ние сме на ад има одредена количина која ја пие и секогаш е во плус па пелените се уште многу тежат. И како и грото на ад ќе качува 1кг мислам и понатака. А ова кај тебе што се дешава е мислам по таа правилна шема за раст и развој. На мојата апп Baby glow има графици кои визуелен приказ даваат и јас гледам кривата како се движи дали сме добро или не. Така можеш да си ја следиш. Бар ја вака педијатарот го сфатив
Ок, фала Чудно ми беше оти до пред 3-4 дена, се беше во "некој" ред. Потоа смени со цицањето, па има сега денска дремка од 1 час, па ова со пелените, и се врати на цицање Буквално преку ден смени, нас ни дојде нагло и затоа вака потпрашувам
Многу знае тоа што прави и зошто го прави тоа, сигурно не е за да ти рече ама мамо тргни се, доста со цицката ми сметаш Срценце мало, сега излегло, не знае ни каде е. Гушкајте се, секогаш на цицка кога ќе заплаче и ќе немаш гајле. Камо мене така да ми течеше млеко, ни капка ад немаше да дадам, ти љубоморам Сега се поврзувате двајцата, се навикнувате еден на друг, уживај во тоа и циците на готовс спремни за него, цице му е сè. Биди упорна
После три сати борба, конечно заспа во креветче. Мислам дека почнува погусто да доаѓа млекото, ама не сум сигурна. Иначе ја ставив водата да се кува за да му дадам ад и заспа.
Ти како да не не читаш. Сите ти велат не ти треба ад, чекај до прва контрола, ти не, ад па ад. Давај, твое бебе си е, ама не не заебавај и не барај совети за доење.
Никој не те тера сосила да ја читаш темава и сосила да даваш совети. Излези од темава едноставно и не се понашај. Прво бебе и е, нормално дека ќе се прашува дали е гладно, како да постапи. Гледаш дека пишала дека ставила вода за ад, а бебето заспало од нејзиното млеко и не му дала ад, немало потреба. Баш е напредок тоа.
Не ти се обратив тебе. Нејсе, и покрај сите совети кои ги побара и ги доби, таа упорно дава ад. Која е поентата да не прашува кога си тера по нејзино?
Нареден подој дади од другата града. Така најизменично. Ако сакаш малце се одмолзи па после дај. Види упорна ако сакаш да доеш. Ќе видеш дека од ден на ден ќе има напредок.
Читам и сите совети ги применувам. Само сакав да кажам се мачев 3 сати и секако сакав да се откажам ама рте заспа дете за среќа, 3 сати не се малку. Кичмата ми падна готово. Ете сега спие од 4 саатот да видам до кога.
Значи да кажам дека не сум туширана, зедов сендвич набрзина јадев, плус царски сум стомакот ме боли наведни се исправи се.
Доењето е таков процес. Додека да се навикнете ке биде тешко. Се лажеш ако мислиш дека ад е полесниот пат. Синко имапе грчеви 3 месеци. Од 10 до 3 сабајле секој ден. Сега одам на масажи. Знам како е. Тоа е мајчинство. Барај помош од маж ти. Јас не бев бањана 5 дена во болница додека бев. Преживеав. Нареден пат баш ке те прашам како да правам.
Ај пиши колку време ќе спие нацицано со твое млеко. Ако спие меѓу 2 и 3 часа, рачунај дека супер е најадено затоа што толку спијат новороденчиња меѓу подои.
Зошто бе вакви коментари Чекај да видеш.... Значи не се сите деца исти. Моево мака немаше ни со скокови ни со неспиење. И многу се иритирам кога сега некој ќе ми каже Поспиј си додека можеш, после ќе стануваш на 2 саата или нема да спиеш ич. Како па да не...