Да не е од умор 3 сати како што се мачевме, еве спие сеуште 2 и пол сати. Сигурно ќе се разбуди за пол сат. За прв пат се истуширав за 5минути. Го чекав маж ми од работа
Зошто бе од сите мои коментари и совети се фати за една проста реченица ? Го реков тоа поради тоа што сите бебиња што се околу мене баш тој период се во таков цицам не цицам тек...и зошто од тие мајки пола заради тоа дадоа АД а фрлаат нивно млеко ,слабо било а не како сега се жалиш а полошо ќе биде . Сега јас одговарам за тоа што го кажувам ама не и за тоа како некој ќе ме разбере.... И мене ми било коментирано и за дебелина и за спиење и за цицање ,и уште се чудат како цица ,ама упорна сум и ќе бидам
Мене ќерка ми од тој скок ми се одби од цицање,ниту АД сакаше,ниту да цица и толку беше. Ми беше криво тогаш иако беше на комбинирано дека немав многу млеко,ама пак колку толку цицаше,две недели бев во депресија.Не знам можеби не бев доволно упорна или не знаев ,ама сега ќе видиме со второто како ќе биде.
Супер е да знае а не некоја да мисли дека млекото и сменило вкус или дека и ослабнало Тука сме за мислења и совети
Па две реченици ти е коментарот се на се. Да, треба да се едуцираат младите мајки, ама не во стилот Чекај ти да видеш.. Лично јас тоа го сфаќам како кој знае што може да се случува тој период. Кај некои бебиња не се ни појавуваат ваквите скокови. И џабе се наплашуваат мајките и чекат да дојде тој скок и се да препишат на него. Барем гледам што се случува околу мене. Секој месец е детето во скок, а оно мош и да не му одговара АД млекото, мош му е жешко. Ама не, родителите мислат во скок е и ништо не прават.,чекат да мине
Не бе каков умор, ти си уморна, ама тоа не е уморно, на бебе му е работа само да спие и да плаче толку си спиело затоа што било најадено, најубаво најадени бебиња со најубаво млеко спијат 2 и пол максимум 3, само продолжи вака
Ама тогаш родителите не доволно се едуцирале. На апликацијата што ја следам пишува како ТИ да му помогнеш на своето дете и дава вежби за секој скок да си претставиш низ што детето може да поминува. Е сеа ако некој седи со скрстени раце и чека да поплаче и да помине скокот тоа е негов избор и начин на гледање бебе и негово понатамошно воспитување. Има цела тема за скокови и грчеви ај да ја избришеме за да не читаат новите мајки да не седат и чекаат. Безвезе се генерализира не треба да биде ни предмет на дискусија ова. Форум е не е само два тројца да седат и да пишуваат што они прават а ние да седиме со тефтери и да пишуваме и да ќутиме да не случајно некоја не го дои пошо МОЖДА ќе и се одбиело. Еве јас немам намера да престанам да пишувам и коментирам. Ако грешам ќе се коригирам,ако не сум во право ќе се исправиме и дополниме. Ако не сакаш да читаш скокни. Многу е просто, Оце знам дека го мислела тоа најдобронамерно.
Очигледно не си ме разбрала. Никој не го оспорува тоа дека постојат скокови. Зборувам за тоа дека има родители што секогаш кога плаче бебето, виновен е скокот. А на бебето му е можеби жешко, можеби е гладно/жедно, можеби има грчеви, можеби не му одговара млекото што го пие. И за нив за сето тоа е виновен скокот. За тоа зборувам. Едукација не е само да прочиташ дека постојат скокови и да се опседнеш со тоа, без да прочиташ каква треба да биде температурата во собата, какво млеко друго има и слично
Ако можеш прочитај ми ги претходните коментари и ќе видиш дека не ми е само тоа коментарот. Зборував за скокот во однос на цицањето ,а за останатото да во право си ,ама за се си има знаци кои бебето цело време ги дава. Ако не научила мајката да "чита" знаци ...јбг нека чека ќе мине ... И не пишува чекај ТИ да видиш.
а да пробаш вака ,фотелја или агол ,или на спална на потпирачот и перниче под бебе ,едната нога можеш и да ја поткренеш ,а со грбот потпрена на кревет/фотелја. Мислам дека нема толку да те боли.
Уживај си ставив јас јорган под него како во гнездо си е. И паузи си прајт измеѓу цицање и си уживат.
Леле само пишувам тука заспа дете во 20:05 добро е му ставив и цуцла зАтоа што почна на градата само да цица заспиен. Ете го спие да видиме до кога. Треба 3 сати да поминат не?
Јас лично најубаво дојам на перница за доење горе како што прати Оце. Кога не сум дома и дојам без таа перница, ем не можам бебе убаво да го наместам, ем јас се кичмам.. најтопло ти препорачувам да пробаш да го местиш како што би бил на перницава (ако не можеш да најдеш да купиш) и ќе видиш разлика во доењео и спас за кичмата. Не мора да значи дека 3 саати ќе спие. 3 саати би било максимум што ќе спие, но нема стално да е така.. 1,5-2 саати во просек спиеше моето бебе. Од Третата недела негде подолго седеше буден после цицање, а пред заспивање.. Ќе видиш како ќе биде твоето.. Не се оптеретувај со гледање на саат.. биди смирена и користи го времето кога спие бебе да спиеш и ти, да се избањаш, да јадеш..
Да ,ако е гладен ќе примети дека ништо не му тече и ќе плаче... Мојава не фати ни цуцла ни шише ,фаќа да цица прсти гледа не тече и вика одма