Еве јас кревам 2 прсти, се е проверено и детето во скок ми прави проблем голем. Не чекам само да мине, се' правам и пак се смирува само кога ќе помине периодот на скокот. Секој со своето искуство, мене ми помага многу кога читам кој како поминал, за да знам што да проверам или што да очекувам
Јас не мислам на такви како тебе и нема зошто едно мислење 3 пати да го пишувам. Кој прочитал ок, кој не како му одговара така нека си пишува
GLOW пиши на плеј стор многу е добра се имаш на неа Исто и BABY TRACKER е добра ама првава мене ми е поинетересна Има статии за доење и дохрана
Еве една група од каде што читам инфо ,многу ми помогна. Спојлер https://www.facebook.com/groups/RODA.dojenje/?ref=share
Колку дена е старо бебето? Скоро сите бебиња на почетокот намалуваат на килажа. Со колку гр е испишано од болница?
30ти се роди, со 4374гр. И првиот коментар на свеки, “ти изгубило детето на килажа одма се познава” Опппп јас стрес одма.
Мислев колку старо? Моето е 8 дена и не можеме уште да ставиме ред со доење и да се задоволи, па давам и ад, сеуште немам доволно млеко... Почнувам да губам надеж
Нормално е да губат до 10 проценти од родилна тежина, тоа се должи на какање, мочање, невидлива перспирација, ако не го знае тоа свекрвата, нека не коментира и баш ме интересира како успеала да процени 200 грама, тоа никој не може да го процени без вага, не се замарај.
здраво, зошто бебе после оброк не здрига туку ика????? оброк со адаптирано , се трудиме да вклучиме доење не смеев до сега ради снтибиоик во болница, но многу тешко оди сеуште немам доволно млеко
Ништо страшно, мојата икаше после секое цицање на почеток, сега чат-пат. Тоа се случува зашо голтаат воздух, поради лошо фаќање на града, лакоми се. Поткрени го, промени просторија, стави го на града пак за да смени ритам на дишење. Кај нас ова понекогаш помага, ако не ја оставам ќе си поика и ќе престане. Откако ќе се научи да цица правилно ( целосно фаќање на брадавица) нема да ика.