Добро е сега заспа пак, мислам дека левата града има од тоа погусто млеко, на десната треба уште да се стимулира.
Му се испушта брадавицата,треба време малце да ја извлече.За неколку недели ке биде експерт Не давај Ад,чим ти шприца млеко стварно мислам дека нема потреба. Слушај ја патронажната,ке го измери штом дојде
Не мешам бе од сабајле сме на цицање, него исто имам проблем ќе ми заспие на гради и не можам да го подригнам никако.
Јас апсолутно никогаш не ја ждригнував ќерка ми.Ко што цицаше нон стоп,ако ја кревав да ја будам кај ке ми беше крајот.Плус,немаше знаци на стомачни тегоби нит па повраќаше. Затоа се научи да си прди Ке видиш што е шприца за пола година од прилика.Ке се трга од цице правејќи вакуум,и уште 5 мин фонтана ке бидеш.
Се е тоа нoмал и кај сите ни се случува , опушти се ти биди смирена тоа е најважно , затоа што примаат од нас стрес , и нуди града цело време коа ќе треба па и на 5 и на 10м да е , не очекувај дека вадиш града , цица и спие 2 3ч секоаш . Нормал има моменти нервозно е па неќе да фате , па кенкаво е , ќе почнат сега може и грчеви и они ќе го мачат , па плачки .. Не се сите бебиња надој и спие ко кукла .. Се е нормално што се дешава , тоа е доењето полека ќе фатите и ред и рутина и ќе препознаваш добро се , најважно е што имаш млеко и бебето има фат , другото е твое да нудиш само овие недели - месец е така дури влезите во шема после ќе има ред и се .. А ако даваш Ад може само да пр да се напрае да неќе да цица затоа што шишето му е лесно му тече а овде влече на града , ако ептен си насекирана и се мислиш стварно дека има потреба од Ад дај му малце ама со Шприц не шише , ама по сето пишано уназад стварно нема потреба од Ад , машала супер сте . Доењето е такво некогаш и извртена лежечки на глава застаната што се вика којзнае како се не ќе нудиш града за да фате , ќе шеташ ќе доиш , глава за спање ќе ти паѓа , умор х100 , туширање јадење тоа се експрес , секакви фази има , ќе си делите обврски со маж обавезно .. И само тоа имај си го во ум нека те воде да ти дава сила , дека имаш млеко дека бебе фаќа што е најважно , а другото е на тебе ќе успеиш се само смирено и труди се , да пушта ќе пикниш па пак За ждригнување ќерка ми никоаш не ждригн. ептен ретко , па и коа ќе ждригнеше секоаш со повраќање беше па икање 5-10м оти и се вратило назад
Проблем е навечер вака повеќе плаче сега и сите што му е што му е, аа гладно е не му стасува. Свекрвами оп шишето со АД, маж ми исто дај му да јаде со шишето и стресови ете. Вака преку ден сум сама додека се на работа и супер ми е си цица на града.
Прочита јас како ја решив свекрва ми ? Ќе плаче и ти да те однесат негде кај што никој не те разбира ќе плачеш... Реално голема промена им е Матка и надворешен свет ,затоа плаче ,грчеви ,жешко,ладно ,го стега нешто од облека. Се може да влијае. А додека шприцаш наоколу млеко не може да не му стигнува ,може да недоцицало ,во тој случај пак на града а не АД .
Леле свекрва ти Кажи и дека баш од шише може да плаче.Дополнително му се ствараат тегоби,се меша мајчино и ад млеко,а неговото желудниче е колку орев. И многу нормално е да кенка и плаче првите вечери,и за него е ново се,му треба малце време да се адаптира,а најмногу од се,смирена мајка.Гушкај бебе и уживај,пробај да не допира ништо до тебе,брзо минат овие денови. Мене ме фаќаше паника кога се стемнуваше првите недели,а сега гледам слики и жалам зошто брзо ми поминаа
Ова е многу нормално однесување на бебиња, кое сите треба да го имаме на ум кога нѐ фаќаат нервози и кога мислиме дека нешто не е во ред. Проблем со подои и количина е кога бебето после секој подој е немирно или после скоро сите подои се нервира и не е задоволно, малку спие или премногу спие, пелените се празни. Значи запамтете една работа: За да се оцени како оди доењето треба да се погледне една целосна слика, а не само едно мало делче. Затоа има повеќе фактори кои се во игра. Секогаш, кога сака и колку сака. Еве линк од видеата: Многу се корисни и убаво е сите доилки да ги погледнете. https://ibconline.ca/breastfeeding-videos-english/ Значи претходно пишував огромен пост за тоа што е муабетот. Не е толку лесно и едноставно. Ова е дел од текст, но вака избарано е извадено од контекст. Од оваа идеологија одамна се бега. Ама да не се повторувам, туку ќе пишам наједноставно: Ако бебето го доите кога сака и колку сака, немате никогаш никаква потреба да се грижите за предно и задно млеко. Не го студирај млекото, процент на масти не се гледа со око. Не се опседнувај со бојата. Ваков заклучок ни стручни лица не можат да дадат, не па ние мајките со гледање во млекото и споредување со слика на гугл.. Не секогаш. Бебето е многу мало, ако има физиолошка жолтица може да спие многу подолго дури и кога е гладно. А може и да не спие а да е сито. Гледајте пелени, и после гледајте напредок. И секако, гледајте го подојот како изгледа.. наместо да гледате на саат. Во време кога се воспоставува лактација не се дава цуцла лажливка, баш од тие причини што не знаеме кога бебето цица од глад, а кога цица рефлексно (ненутритувно). Те молам кажи ми што антибиотик примаше? Големи се шансите да оди со доење. Ако сакаш да доиш треба да се удриш турбо на измолзување. Ама на секои 2-3 часа. И дење и ноќе. И неважно колку ќе вадиш. Буквално стимулација неколку денови максимална. А најдобра стимулација - е секако бебето. За икање, ок е, ама пробај да го храниш со метод на paced bottle feeding - ова бидејќи претпоставувам дека користите шише. Контролиран ќе е внесот и може ќе го ублажи икањето. Е према ова види колку влијание имаат другите во твојата емотивна состојба и стави си приоритет на твоето бебе и твоите емоции. Разговарај со нив. И пробај да уживаш во мајчинството.
Тука сама мора да со ставиш граница и ред , ќе си кажиш уште на старт дека сама си свесна што и како треба и со мт ќе збориш да и се обрате на неа а и ѕи со него исто муабет добар . Ако е срга вака тек фопрва врз глава ќе ти се дига , а и крај краева да зборе , они едно ти друго по твое како што мислиш , само мхм добро .. Нз ко да не родила и таа бебе , што очекува го легниш и да спие до сабајле ќе плаче бебе е нормал е се тоа , и не значи секој плач глад .. Па и шише ќе ми носе Да не е дрско одма ама би и рекла еe за тебе ли си го спрема
Леле сега пак истата песна со свекрва. Дете си плаче, таа јаде ли жено кај тебе? Јаде и викам имам млеко за извоз. Земав и со двете гради и шприцнав. И викам доење не е како со шише за 5 минути и ајде на спиење 5 сати. Доењето оди полека. Ајде вика добро реди го што повеќе на тебе.
Мамички втор ден веќе како ми се јавува период од денот кога градите ми се меки, бебе гладно плаче, вришти 1не сака да се мачи да му надојде млеко. Што да правам?