Форумџика на годината

Доење

Дискусија во 'Бебе' започната од bibitri, 28 јануари 2010.

  1. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.744
    Допаѓања:
    18.449
    Пол:
    Женски
    Ама за доброто на нејзиното дете мора да стави точка некаде. Денес ад, утре пак, задутре и до кога?
    Јас и кажав да не се грижи дека има млеко, плус има среќа што бебето и цица без мака. Зошто да го фрли тоа во вода? А ако не повлече линија некаде, можно е, да заврши целосно на ад. Не мора да значи, ама има шанси.
    Плус не кажа дека плаче, во неколку наврати кажа дена кенка.
     
  2. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.094
    Пол:
    Женски
    Ќе стави точка. Ако не денес, утре.
    Ништо страшно и непоправливо не се случило.
    Да немаше голема желба членката да дои, немаше ни да пишува секојдневно во темава.
    Нема причина зошто да ја отвори темава и наместо поддршка да прочита дека некоја случка сме ја извадиле од пропорции.
     
    На Milkiway му/ѝ се допаѓа ова.
  3. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.625
    Допаѓања:
    39.759
    Пол:
    Женски
    Навечер од што сите се околу тебе и бебето, ти стварат притисок и нервози, а бебето тоа го осеќа и нормално ќе е вознемирено и ќе плаче. Многу сум против тоа кога има мало бебе од неколку дена да се собираат сите околу него и овој го земе, оној го земе, а оно кутрото не знае уште каде е, уште се навикнува на надворешниот свет. Изгледа си во заедница, затвори се во соба со маж ти и кажи дека не сакаш многу луѓе околу тебе, нека го ѕирне свеки малку ако сака и толку. Многу луѓе не му требат на бебето.
     
    На LivingGlam, Fatalnata, Izzy_0504 и 6 други им се допаѓа ова.
  4. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.744
    Допаѓања:
    18.449
    Пол:
    Женски
    Ама кој не ја поддржува? Сите и кажаа да биде храбра и да верува на своето тело.
    Сите сме го поминале истото, таа има куп олеснителни околности и пак не е сигурна? Неколку членки и кажаа дека има млеко и дека се е во ред.
    Плус, никој не кажа не давај ад, сите кажаа нема потреба. Греота е на тоа млеко да дава ад. Со тоа да ризикува намалена лактација и бебе да се навикне на цуцла. Тоа се факти кои не може да се кажат со поинаков тон.
     
  5. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.608
    Пол:
    Женски
    Бидејќи работите во темава излегоа многу од пропорција, и не само тука, туку се проширија и во лични пораки, јас сакам да споделам неколку работи, кои мене лично многу ми значат да ги прочитате.

    Веќе имам зборувано за поддршка тука на форумот, но имам зборувано и дека таа поддршка некогаш може да биде многу страшна. Ако читате мислења мои од претходно, ќе знаете дека се залагам дека поддршката треба да биде во онаа количина која ѝ треба на мајката, но при тоа да знаеме до каде се нашите граници, и од аспект на емпатија, и од аспект на култура. Особено од аспект на одговорност. Баш бевме еднаш и на тој муабет паднати, особено мислам дека беше темата „дај слободно ХХХХ, јас правев вака и ништо не беше“. И коментирав дека не е фер да се кажува така, бидејќи ние не можеме да понудиме гаранција дека и на тоа бебе ништо нема да му биде.

    Совети дека не треба да се даде формула, ниту сум дала, ниту ќе дадам на слепо. Ниту сум јас со мајката заедно, па да гледам како цица бебето, ниту знам дали бебето полни пелени, дали цица во ред или не. Затоа ве молам размислете едно десет пати кога пишувате изјави дека мајката има млеко, и не треба да даде формула. Дали можете да гарантирате дека има? Не. Истото важи и кога викате дека треба да се даде формула, а може да го загрози доењето.

    Од тие причини, сите мои постови се со прашања назад за мајката, и одредени насоки како може да си помогне и самата да процени дали бебето добива доволно млеко. Секогаш прашувам кога е следно мерење. Дали е мајката со бебето под надзор од педијатар, бабица, што и да е. Никогаш нема да осудам мајка која дала формула во момент на немоќ, умор, страв. И ве молам немој да ми наметнувате такви етикети. Премногу ве има тука такви кои сте сведоци на тоа, кои лично сте дале формула, и јас никогаш не сум ви рекла зошто, ниту пак сум ве навредила, туку напротив, сум имала разбирање и сум ви рекла дека ако сте немале храброст, ок е, ќе се проба кога ќе бидете спремни за тоа.

    Ретко се случува и јас да изреагирам поостро, сепак сум човек, и имам право и мене да не ми е денот понекогаш. Сѐ што постирам, не го сфаќајте лично, јас не го постирам против вас, јас го постирам за вас. За сите кои читате сега, како и за сите оние кои читате и после месеци од моево пишување.

    И ве молам, доколку ви смета што и да пишувам, слободно цитирајте ме и кажете си... прегледајте ми од мислења дека ретко се препирам, ниту сум фан на дискусии кои не се на ниво (иако може ми се провлекле неколку).

    Досега имам впечаток дека од моите совети / статии / видеа / линкови имате корист. И затоа постирам. Ако сметате дека не е така, слободно споделете.

    Толку од мене. Иако сум можеби малку офф.
     
    На Monella, SkarletOHara, Thallia и 16 други им се допаѓа ова.
  6. Elena878

    Elena878 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2020
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    369
    Пол:
    Женски
    Добро, ама не ве мрзи да доите? И по цел ден само дете на града?
     
  7. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.744
    Допаѓања:
    18.449
    Пол:
    Женски
    Некои мајки ги мрзи. Едвај чекаат да завршат со доење на 6 м, 9 итн. На некои им е сеедно.
    Јас сум од тие кои уживаат во тој процес.
    Знам мајки кои дале ад за да се слободни. Секакви не има.

    Зошто го поставуваш прашањето?
     
    На GolemaMala, WonderGuurl, dunika и 3 други им се допаѓа ова.
  8. BabyD0ll

    BabyD0ll Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2011
    Пораки:
    2.372
    Допаѓања:
    8.328
    Пол:
    Женски
    Оставете вие не расправајте се поради мене.
    Фала на сите за советите ги применувам, кога ќе дојде патронажната ќе ви кажам што совет ќе ми даде за доење.
    Сеуште мислам дека имам foremilk и дека бебе не се заситува.
    Големо бебе е не е од 2 и пол кила.
    Може до телото мое е не знам ете не излегува масно млеко.
    А свекрва не може да ми го храни детето со АД ако јас не дозволам.
    Кажувам само дека ствара притисок, може ете и таа не знае па се мисли дали бебе е гладно, толку е знаена, што да кажам друго.
    А маж ко маж, за малце да заплаче што му е сега што му е?
    Го седнав прееска и песна му испеав дека бебе ко бебе уште допрва ќе плаче.
     
    На dunika, LivingGlam, Ava.84 и 2 други им се допаѓа ова.
  9. minne992

    minne992 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 ноември 2013
    Пораки:
    4.382
    Допаѓања:
    26.411
    Пол:
    Женски
    @BabyD0ll иста приказна мене ми беше со првата, голема родена и ненаситна цел ден можеше да си пие млеко а кога и давав од града се нервираше се тргаше. Дали беше до неа или до мене незнам , јас до три месеци успеав да ја дојам и после се на ад беше.
    Имаше период кога се осеќав виновна дека не успеав подолго ал шта је ту је, бебе секако ке си порасне . Сепак мислам дека и подобро и полесно е од града, на другово ке сум поупорна можеби ке успеам подолго :)
    Можеби пак зависи и до млекото и јас како тебе бев мислев дека ми е слабо и не се наситува :)
    Многу е битно да си смирена и да не мислиш што рекла свекрвата или некој друг, дека нервозата многу влијае на бебе.
    Само смирена и одморена.
     
    Последна измена: 6 јануари 2021
    На Klara91, Ava.84 и BabyD0ll им се допаѓа ова.
  10. Elena878

    Elena878 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2020
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    369
    Пол:
    Женски
    Мене лично ми беше многу мака и ужасно ме мрзеше целиот процес
     
  11. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.798
    Пол:
    Женски
    Јас да ти кажам од мое искуство за foremilk. Го читав тоа пред да се породам, всушност читав доста и мислев знам за доење. Кога се породив многу се разочарав кога не сакаше да фати цицка, не можев никако да го убедам. Небитно, почна да цица, дојдовме дома и беше на комбинирано зашто уште млекото не ми беше надојдено. Среќа во несреќа, моето не спиеше ни после цицање, ни после ад, па не мислев дека е проблемот foremilk и дека е гладен. Не се роди 2ипол кила, се роди 3.900 и не мислам дека игра улога тоа во глад. Ете моето си беше мрзливо. Првиот месец бевме хаос, но вториот се средивме и си качи 1кг само од моето млеко.
    Првиот месец цицаше на пола саат-саат ипол. Не сврзувал повеќе од 2 саати како ти што сакаш твоето да сврзува и сосема е нормално. Така е со новороденчињата и ова не е проблем. Па, ако земеме предвид дека така цицаат 24/7 нема време да размислуваш за предно, задно млеко (она што ти го кажува Каетана), па плус и многу често млекото само тече од градите. Имав забележано проѕирно млеко и густо млеко неколку пати ама тоа го видов доста покасно кога почна да врзува 3-4 саати ноќе. Само што тогаш бебе веќе имаше сила за влечење и ми ја празнеше градата за 7-8 минути.
    Не се замарај со тоа, не гледај на саат колку спие, колку јаде. Првиот месец нема такви мерења, само спијте и цицајте, тоа е тоа.

    Не знам дали ја доловив поентата, пишувам и малиот ми се качува на глава. Значи ако бебе цица нонстоп нема што да се секираш за предно и задно, дали имаш доволно млеко, ако голта и влече убаво, си мочка на добар пат сте. Ако цица подолго остави го, може е мамина маза :) Ќе се нацица и си сака до мама. Моето е 8 месеци и уште е забиен во мене по цела ноќ. Имаше период кога сакаше кај татко му, еве го сега пак ми е лепенка, плачко си е од мал и си сака да го држам и гушкам.
    Тука можеш да читаш искуства, но твоето бебе си има свој карактер и ќе си го покаже уште сега. Треба да се запознаете убаво.

    @Elena878 Мене ме мрзеше по цел ден да мијам и стерилизирам шишиња за ад, нема полесно да извадиш цицка.
     
    На GolemaMala, Alishan30, mssuniquee и 11 други им се допаѓа ова.
  12. Elena878

    Elena878 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2020
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    369
    Пол:
    Женски
    Близнаци имам, и јас мислев дека е полесно ама беше општ хаос, и искрено не се каам за одлуката да пијат само АД. Сепак тоа е мое искуство
     
  13. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    7.585
    Пол:
    Женски
    Не ме мрзи ,појќе ме мрзи да чистам или готвам ,отколку да се гушкам со бебуш. Зошто доењето е и еден вид гушкање. Плус тоа така е само првите два месеци после само си става ред.
     
    На SkarletOHara, GolemaMala, mssuniquee и 5 други им се допаѓа ова.
  14. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.231
    Допаѓања:
    18.985
    Потешко е Ад кога треба да одам на гости кај мајка ми: Термос со вода, шишенце, млекото во кутија,лажичка и обавезно 3-4 цуцли пошто јас не можам на цицка да го ставам на секое кенкање. Веројатно веќе знаеш

    Мајка, во твојот случај со близнаци алал на тие што ги дојат. Вујна ми си беше и проба да дои одма откажа и премина на ад. Рече дека и е полесно ама ќе отидев и јас и заедно ќе ги раневме.
    Ама секако деца растат и вака и онака. Потешко или полесно е индивидуално не треба да се генерализира :hug:
     
    На Izzy_0504, 0ли и Осе им се допаѓа ова.
  15. Elena878

    Elena878 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2020
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    369
    Пол:
    Женски
    Затоа спремни шишиња веќе растворени имам за цел ден и само ги стоплувам
     
  16. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.744
    Допаѓања:
    18.449
    Пол:
    Женски
    Како ги стоплуваш? Ад не смее повеќе од 30 мин да стои.
     
    На Ava.84 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.231
    Допаѓања:
    18.985
    Ај пиши ми ЛП ако може како ги правиш да не ја полниме овде темата
    Фала ти
     
  18. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.798
    Пол:
    Женски
    Ај пишете овде на кој начин ад се дава после 1 саат откако е направено.
     
  19. Cholipam

    Cholipam Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2013
    Пораки:
    279
    Допаѓања:
    445
    @Kaetana ми треба совет, бебе ми е една недела на доење сме само. Млеко имам од 2 ден, градите дури камен ми се од болница што ми ја земаа ноќе едвај се оправив. Е сега бебе цица кога сака и колку сака трпелива сум максимално, ама има жолтица успано е многу посебно дење. Бевме на педијатар има намалено 50 г, плус во болница намали 200 (тоа зошто не им дозволив да му дадат ад а јас изгледа немав доволно млеко).
    Со какани пелени сме топ, дури и ми е чудно по 7 какани пелени во 24h.
    Зошто детево не ми напредува со килажа?
    Додуша само 2 дена бевме дома и одма на мерење го однесов.
    Ме советуваа да ја будам насила за да цица така и правам сега, а и чудно ми е што кака, моча си спие по 2h, ама не накачила килажа.
    Фала однапред
     
    На Kaetana му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Elena878

    Elena878 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2020
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    369
    Пол:
    Женски
    Јадат по 8 пати на ден, преку ден зовривам вода за преку ден, навечер за преку ноќ. Кога ќе ја зовријам и оладам растварам аптамил во шишињата и ги чувам во фрижидер. На секое јадење вадам и ги топлам во лонче врела вода. Се породив во Ремедика и ми кажаа баш таму дека е ок така да правам. До сега не сме имале никаков проблем а се веќе 2 и пол месеци
     
    На Chuchanov му/ѝ се допаѓа ова.