Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Доење

Дискусија во 'Бебе' започната од bibitri, 28 јануари 2010.

  1. Love86

    Love86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    195
    Додека цица кога се испушта млекото јас ја потргнувам,оти се засркнува,ама кога и се спие а е претходно нацицана пак бара цице,е тогаш имаме мака.На цице е,си влече потекува млекце а сигурно најадена,тогаш е нервозна..а не ми заспива со нишање.За јазичето ќе пробам со раствор вода со сода прво,а во пон на педијатар
     
  2. Love86

    Love86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    195
    Мислам дека е 100мл зовриена вода,ама незнам дали во водата се става една лажичка сода да врие,или на стерилна газа малце сода растворена со вода и да го чистам.Ама незнам како ќе го изведам тоа..страв ми е
     
  3. MikicaBt

    MikicaBt Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2019
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    1.429
    Пол:
    Женски
    Не е нешто страшно... Намотај газа на чист прст и макни во растворот и потоа јазикот помини го. Мојата имаше многу првиот месец и го чистев така и плус нистатин... И мислејќи дека се исчисти престанав да и го поминувам и пак се појави.. И пак одново цела процедура. Досадна е кандидата ама како што ќе расти и ќе јача имунитет нема да се појавува повеќе.
     
    На Осе му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.199
    Пол:
    Женски
    Нема потреба содата да врие, само стави ја во вода и промешај да се раствори. Доволно е само твоите брадавици да ги поминуваш пред и по доење, за една недела би требало да се среди.
     
    На Kaetana, Осе и Love86 им се допаѓа ова.
  5. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.441
    Допаѓања:
    8.823
    Пол:
    Женски
    Ве молам за совет.
    Бебе за 4 дена ќе прави 2 месеци и денес бевме на рутинска контрола кај педијатар. Бебе е родено 3030г, пред 20 дена мерено точно 4кг и денес мерено 4420, што значи во последниве 20 дена качувала по 20г дневно. Педијатарот ме советува дека тоа е многу малку и да почнам да давам и дохрана, а јас го замолив да почекаме уште неколку дена. Минатата недела користевме кога беше времето убаво за шетање и бебе спиеше во количка дури и по 4 саати. До сега не сум ја будела специјално за да цица, секогаш давам на барање нејзино и секогаш цица само од една града по подој. Не сум се загрижила досега, бидејќи редовно има какани пелени. Но сега се посомневав во количината на млеко-да не случајно немам доволно? Како да знам? Дали да пробам да се одмолзам да видам колку мл ќе извадам? Дали треба да ја будам ноќе на 3 часа? Ќе бидам поупорна деновиве, не би сакала да давам и дохрана, ми е страв да не ми снема млеко.
     
  6. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.744
    Допаѓања:
    18.449
    Пол:
    Женски
    20 гр дневно е просек за доено бебе. Тоа не е загрижувачки а според некои доктори воопшто не е за дохрана.
    До 6 месеци треба да ја дуплира килажата.
    Не качуваат сите бебиња по 60 80 гр месечно.
    Битно е бебе да е весело, да полни пелени со мочки и каки.
    Јас би дала фора уште барем две недели, не би брзала со ад. Во право си дека може да снемаш млеко и да се префрлите на ад целосно.
     
    На Kaetana, Capricorn1, Fatalnata и 5 други им се допаѓа ова.
  7. Love86

    Love86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    195
    А на малата на јазичето секако треба нели,или јас пред секој подој да се измијам со растворот
     
  8. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    7.585
    Пол:
    Женски
    И на малата и тебе . Тебе пред и по секој подој . Мене ми се префрли и на градите ,преболно беше ,заради тоа и од десната и не ми сака многу ,еднаш многу ме здоболи и веројатно осети ич ја нејќеше тој период . Ако ти дадат капки и да нема веќе ќе ги дотрошиш зошто знае да се врати.
     
    На Kaetana и Love86 им се допаѓа ова.
  9. Izzy_0504

    Izzy_0504 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2020
    Пораки:
    1.442
    Допаѓања:
    4.149
    Пол:
    Женски
    Се согласувам со Мила, мислам да почекаш уште некое време, да не даваш ад. Гледајќи строго бројка на калкулатор за давање дохрана од страна на педијатар ми е малку несериозно.
    Син ми третиот месец имаше качено 400 грама само иако пред тоа си качуваше по 800-1.000 грама. Педијатарот ми кажа да форсирам повеќе на течности, и да следам пелени. Доколку каката е жолта, да не се секирам, најадено е детето. Ако се појави зелена кака, тогаш да реагирам. Баш сам рече дека не би давал ад при мајчино млеко, греота е да се дохранува и плус да се ризикува намалување/губење на моето...
    Јас во меѓувреме почнав и да се одмолзувам после подој за да стимулирам повеќе млеко и му го давав одмолзеното. Дете и бљуцкаше после тоа пошто му беше вишок и одеднаш почна многу повеќе да кака - од еднаш на ден премина на 3-4 пати. Како вишокот да го исфрлаше... еве вчера го мерев на домашна обична вага - се мерев јас со него и без него и пак искача за 2 недели дека качил 200 грама... не знам дали е точна или не, ама горе долу толку е..
    Значи бебето си јаде и си зема колку му е доволно. Да напоменам дека моето спие по 9-10 саати навечер без јадење, а и денски кога му е големата дремка може да помине 4-5 саати без јадење. Кога пробувам почесто да му давам, а него не му се јаде, не отвара уста за жива глава :x
    Мислам да си го гледиш бебуш, дали активно цица и голта, дали е расположен, дали си спие убаво и најбитно дали полни пелени. Ако е ‘да’ на сите прашања, мислам дека нема место за паника.

    Едит: се консултирав и со лактациски консултант и ми кажа дека е нормално да не качуваат секој месец исто и дека на 6 месеци треба да дуплира родилна тежина, така што се на се сме добри во килажа. Тоа што го кажа докторот за пелените го потврди и она. Дури и не ми кажа за дополнителна стимулација туку дека доволно е бебе колку стимулира, но сепак на своја рака се одлучив да се измолзувам плус од цицање, макар не го дала тоа млеко сега.
     
    Последна измена: 9 јануари 2021
    На Kaetana, Thallia, Capricorn1 и 5 други им се допаѓа ова.
  10. Alishan30

    Alishan30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јуни 2018
    Пораки:
    7.062
    Допаѓања:
    119.014
    Пол:
    Женски
    Јас заради вакви ситуации, гледам да е до максимум 4 часа најадена. Ако гради ти се тврди, одмолзи се, ем да ти олесни, ем ќе и го дадеш и тоа млеко. И тебе и нејзе ова ви одговара.
    Навечер будам иако ми кажаа колку сака и кога сака.
    Многу ретко таа плаче за цицање.
    Еднаш пробав и цели 11 часа таа си спиеше, се будеше, се смееше, за млеко не се расплака.:^)
    И почнав навечер на 4часа да давам, денски на 3.
    Веќе таа претка или е понервозна и сваќам дека е гладна, па давам да цица.
    Редовно си ја мерам и следам дома. Досега само еднаш ми намали килажа, и сега чекам за неколку дена преглед и мерење и вакцини.
     
    На Kaetana, dunika, Thallia и 5 други им се допаѓа ова.
  11. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.199
    Пол:
    Женски
    Па најубаво и на бебето за побрзо да помине. А процедурава кај тебе можеш да продолжиш да ја правиш и понатака како превенција да не се појавува друг пат.

    @Lovebug01 според бројкиве гледам дека малото за 40 дена качило цело кило, што е супер, а за наредниот месец отпилика 600г (ќе заокружам на отприлика бидејќи за 20 дена нели 420), што е на долна граница или онолку колку што најмалку треба да стави. Мислам не е за паника и давање вештачко млеко. Другарица Каетана исто така повеќе пати има кажувано на темава дека напредокот на бебиња не е секогаш линеарен, значи ќе има периоди кога ќе качуваат повеќе или помалце. Пред сѐ најважно е здраво бебе и полни пелени. Ќе видиш на наредно мерење колку ќе качи.

    Имам искуство со пријателка со која често се советувавме околу доење, нејзината малецка сѐ напредуваше на долна граница а она беше толку упорна и не попушташе за давање Ад. Среќа и докторот ѝ се погоди ја поддржа со муабет дека не секое дете напредува исто, едноставно има и ситни и крупни деца, неможе сите да растат по ист терк. Беше ситничка и на годинка имаше 8 кила, но детето си беше супер, си порасна во здраво жилаво детенце.
     
    На Kaetana, Thallia, Capricorn1 и 5 други им се допаѓа ова.
  12. Happyinlove

    Happyinlove Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    2.871
    Допаѓања:
    10.838
    Пол:
    Женски
    Првото бидејќи после 2 месеци беше само на доење никогаш не бараше да цица. Јас гледав според градите и според час да му давам да цица. Преку ден на 2 часа а ноќе кр кемкаше не плачеше го подигав и си цицаше заспан.
    Не мислам дека е гладна штом спие. Бебе гладно ни спие само плачи.
    Може си е ситничка. Неможе секое бебе по 1кг да става месечно.
    Мислам да не и даваш ад одма,него на 2 часа ставај ја да цица секако ако си сака.
    Гладно бебе не е среќно бебе.
     
    На Fatalnata, ni.na, Lovebug01 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Bicka77

    Bicka77 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2020
    Пораки:
    1.694
    Допаѓања:
    5.031
    Пол:
    Женски
    Дали користите перница за доење? Има некаков бенефит или џабе потрошени пари?
     
  14. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    7.585
    Пол:
    Женски
    Јас користам обично попразно перниче ,мали ми се градите и тоа ми помага за да не паѓа целата тежина врз рацете. Таква за доење не стигнав да земам и ко видов дека може и вака не ни земав.
     
    На Bicka77 и Fatalnata им се допаѓа ова.
  15. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.199
    Пол:
    Женски
    За мало бебе, многу е згодна! (Мада јас ја користев до крај, до 18 месеци).
    Практично цело бебе лежи врз перницата, поткренато е за да не мораш ти да бидеш наведната постојано. Спасува кичма :)
    Првото го доев без, второто со перница и од искуство позгодно е со неа.
     
    На Kaetana, Bicka77, Bravenewmama и 2 други им се допаѓа ова.
  16. ni.na

    ni.na Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    1.630
    Допаѓања:
    1.565
    Јас имам, искрено на почеток пробував ама не успеав со нејзе да дојам некако гломазна ми беше. Сега си ја користам повеќе за малиот на меше го ставам да се потпира на нејзе интересно му е така
     
    На Bicka77 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.441
    Допаѓања:
    8.823
    Пол:
    Женски
    Ви благодарам девојки. Синоќа еднаш јас ја разбудив, толку убаво си спиеше, жал ми беше. После си заспа и си прокенка после 2.5 часа и така на 2 пати. И ќе цицнеше малку само од една града и ќе си продолжеше. Другата немаше шанси да и ја нудам ептен длабоко спиеше, никако не се будеше. Утрово цицаше од двете гради, 15 мин од едната, 7мин од другата града отприлика. И на крај блуцна малку, значи многу и било. Ќе пробам така деновиве, барем кога нема да спие да и нудам од двете гради па ќе видиме. Се мислам уште дали да се одмолзувам за да стимулирам повеќе, ама па мене градите ретко да ми се тврди, ако не и дадам повеќе од 4 часа, тогаш се стврднуваат. И едната секогаш повеќе од другата. Сега вака ќе терам па ќе видиме.
     
    На Fatalnata и Happyinlove им се допаѓа ова.
  18. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.744
    Допаѓања:
    18.449
    Пол:
    Женски
    Мајка ти имаш млеко, можеби на бебе толку му е доволно. Нуди ноќе на 3 часа, тогаш најмногу исцицуваат. Денски нуди на 2 часа и види како ке биде.
     
    На Kaetana и Lovebug01 им се допаѓа ова.
  19. Capricorn1

    Capricorn1 Активен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2020
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    42
    Пол:
    Женски
    Моето е 5 недели. Повраќа од што прејадува, јаде кога сака и колку сака, некои денови на 1 час, некогаш на 2, некогаш на 3. Ноќе никако не го будам, знае да врзе 4-5 часа. Се роди 4090, вчера се меревме 5250. Пред некој ден дури и млекото ми се имаше намалено, но со повеќе вода се средивме. Биди упорна. :)
     
  20. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.441
    Допаѓања:
    8.823
    Пол:
    Женски
    Си викам може и мене ми е намалено, слабо течности внесував периодов. И јас давав така на нејзино барање, некогаш и на пола саат дури. Првиот месец си качи скоро кило. Ама се зезнав изглеа минатата недела кога ќе шетавме си спиеше во количка по 3-4 саати на воздух. Прееска ја ставив на едната па на другата града, плачеше се тегнеше и поцрвенуваше на другата и на крај блуцна. После 10 мин почна да ика и ја понудив градата, плачеше не сакаше (инаку секогаш кога ика и давам да цица без разлика дали била јадена скоро, за да прекине). Ќе видиме еве во среда ќе ја носам пак на мерење.

    И друго прашање, ако се измолзувам тоа да биде после подој? И кога да и го дадам тоа млеко? На наредниот подој или веднаш? @Izzy_0504 тебе ќе те означам пошо погоре пиша дека така правиш.
     
    На MilaSs12 му/ѝ се допаѓа ова.