@Lovebug01 по подој се измолзувај за стимулација. Ама немаш потреба да даваш, барем јас мислам дека не треба. Само дацај почесто цицка. На саат сат и пол нуди, колку цицне толку. Ноќе на 3 часа. Не се јади, ништо не менуваат тие 4 часа на воздух. Значи бебе си цица, веќе е и големо, лактација е воспоставена, немате вие проблем. Само често давај цице, обавезно се хидрирај убаво и опушти се. Млеко имаш.
Во 16 ч цицаше 10 мин од една града и заспа цвесто, уште спие. Сега се одмолзив по 5-6 мин од града и од таа што не цицаше извадив 40мл а од таа што цицаше само 10... Тоа значи дека ми е млекото намалено или..? На почетокот кога почнсв со доење кога се измолзував вадев и 80-90мл од двете гради.. Денес бебе ми е поспано, беше будна прееска саат и пол, весела беше си се смееше, гугаше. Ќе ја будам сега...
Јас се измолзував по подој за да стимулирам лактација. Ако цицал од една града, од таа молзев макс 10 мл. Од другата кога како - некогаш 60, некогаш 100, некогаш па и од таа 10, кога како.. на два пати измолзев 150 мл од двете (скоро по исто од двете) кога дете заспа порано, па ќе ми се фатеше доста долго без да цица. Секако количината на измолзеното млеко воопшто не е индикатор за тоа колку млеко имаш, нема пумпа на светот што може да испумпа колку бебе што може да извлече, така што воопшто не се оптоварувај со количина на измолзено. Мене најголема причина да измолзувам ми е што некако во третиот скок како помалце да ми цицаше и се осеќав ко да ми се намалува млеко.. исто така ако сакам подолго да цица или да цица од двете, а дете е најадено, нема шанси да цица.. уста не отвара.. па мислев ќе сака од шише, ама пак да си е моето - не ад... а и сакав повеќе да му давам - и да цица и измолзено - пошто малку качи последниот месец. Ова мислам дека е џабе - он или бљуцка или кака по повеќе пати во деновите кога го пие измолзеното и мислам дека едноставно детето си знае колку му е доста и толку и си цица. Се изнапишав, а на конкретното прашање не одговорив директно - некогаш давав од измолзеното, некогаш не. Некогаш пиеше се, некогаш не. Исто така внимавај со давање молзено од шише за да не се одбие од града.. ако веќе решиш плус на цицање да даваш молзено, може да даваш со шприц или лажичка. Мислам да пиеш повеќе течности и да си продолжи да цица на барање дека нема да имате проблем. Сепак ти одлучи си како ќе се осеќаш.
Мајки тука ќе пишам,поактивна е темата.Значи вака,малата е 5 недели и тешко ми заспива,пример ако е будна после подој и после саат време кога и се преспие,бара цице,ја ставам на града смукме неколку пати и се тргне,нервозно се тегне,ќе.ја смирам ја враќам пак и пак исто.А се презева,нервозно мафта со рачињата.Дали немам млеко? Бидејќи ја ставам на истата града што претходно цицала,за.да.може да.дојде до погусто млекце. Имам ја ставано и на по полната града и истото се случува. И после ми заспива нишајќи во раце.Некогаш знае да се успие,некогаш одма стане пак нудам града не бре спие и се. Дали немам доволно млекце или е само нервозна за сон?
Секогаш е таква или во последно? Зошто во 5та недела е прв скок, па може да е од тоа. Ако е тоа ќе помине за некој ден
Што убаво си советуваш. Уште истото да си го кажеш себеси, таман ќе е. Те прочитав. Искрено, не гледам некоја посебна грижа со килажата. Сигурно не е за давање формула. Прво - имав дете кое месечно ставаше по 600-700 грама цело време. Какаше после секое цицање, мочаше интензивно, ама тоа е. Толку. И сега си јаде, ама не се дебелее нешто многу. Таква си е..брз метаболизам. Сакам да кажам дека мене 20 грама на ден ми беше стандард со нејзе. И не знам зошто 20 грама особено извадени од 20 дена се најрелевантни и одлучувачки за тоа дека "не оди" и дека "треба формула". Друго пак што воопшто не ми е јасно, е моментот зошто ти се нуди формула? Зошто кај бебе кое напредувало досега супер, а ете последните денови "потфрлило" се нуди формула, а не е прв избор мајчино млеко? Зборувам од аспект на тоа да се препорача со стимулации, да се зголемат подоите, можеби да се пумпаш (јас сметам дека нема потреба, евентуално еднаш или два пати на ден)... Значи во сам старт докторите одат со најлесното "решение" без при тоа воопшто да се позамараат со "проблемот". Со самиот ваков пристап делуваат и на мајката, дали свесно или потсвесно... Дека млекото ѝ го снемува, и тоа е тоа. А давање формула и те како ќе придонесе да го снема. Со вакви препораки се докажува колку кај нас педијатрите не работат на оваа проблематика. Затоа што едно нешто пример е сигурно - бебе кое напредувало одлично, е знак дека мајката има(ла) млеко. Дури и да се намалило, брзо може да се коригира количината, и да се заштити доењето. А не да му се поставуваат препреки. Види како оди и пиши. Јас на твое место само евентуално би зголемила еден подој. И толку.. не би ни молзела. Па после према следното мерење ќе се ориентираш, и ќе го прилагодиш планот.
Мислам дека мене сериозно ми се намалува количината. Досега одлично напредуваше по 1200 месечно само со доење, сега не сме се мереле ама по пелените гледам дека не се полни како претходно. Бебето не плаче засега ама градите меки, голта интензивно само при првото испуштање на млекото и пелените 2 во денот пополни, другите мочнати малку. А кака почесто но малку, а некогаш полузелено. Ич не успевам да измолзам после подој. Што може да е причината за ова? Тоа се случува два дена веќе и морам нешто да преземам па те молам кажи ми некој совет како да си го вратам млекото дур не е касно.
Немој воопшто да се секираш, и ние бевме така горе долу со килажа на почеток додека да се стабилизира лактацијата. Зоглеми еден подој навечер и готово. Еве ја оваа табела ми ја даде педијатарот од систина, се додека сте во оваа крива сте на добар пат. Башка твоето е девојче, не е ист стандардот за девојчиња и момчиња. Едит:вие сте малку под зелената линија. Тоа не е за додавање АД. Доколку недај Боже бевте под црвената линија тогаш има место за паника. Ова е стандард, нормално не сме сите луѓе исти, па така и бебињата, секое си напредува индивидуално.
Од синоќа се заситува дете само на доење, не додадов никаков АД еве и моментално се нацица и легна да спие. Не знам зошто навечер или по ручек бара повеќе и морам да му додавам?
Обично ако ја преспива ноќта, дента надоместува и попладне се јавува тој "недостаток". Измолзи се навечер додека спие, во текот на ноќта надоаѓа повеќе млеко и тоа давај му го ако не може да се нацица приквечер. Јас така правев неколку дена додека да ми се регулира лактацијата.
Ќе пробам, кај 4 и онака се заситува од една града и ќе пробам другата да ја молзам. Се става во фрижидер после? И како се топли?
Да се става во фрижидер, стабилно е 48ч. Кога ќе треба да дадеш ќе го стоплиш шишето во сад со топла вода или под чешма.
Пијам и тоа многу, јас лд секогаш сум пиела по 2 литри на ден. А сега некако и повеќе сум жедна, тоа цица јас пијам.
Кај сите е така, пиј и повеќе ако ти се пие. Не треба со сила да пиеш 3 л ако не сакаш, ама ако си жедна обавезно. Пумпај ноќе а давај му кога ке бара уште.
@Kaetana ти благодарам. Свесна сум за последиците по лактацијата ако почнам барем еднаш во денот да додавам ад, но очигледно на педијатрите им е важно само ода оди напред по некоја зацртана линија. Се јавив и Ремедика, истото ми го кажаа, да дадам фора неколку дена и ако напредува бавно (20г дневно и според нив било малку) да почнам да додавам ад. Почнав да давам од двете гради, ако е расположено бебе, ако не-не давам со сила. Од пред 3 дена навечер почна да кака пообилно, ама столиците се убави жолти. Последниве 2 дена од сабајле во столицата има како темно зелени траги, ама пак си викам не е можно да е гладно бебе кога си цица и тоа убаво и на 2-3 саати. Си велам да не е од гасови што има, особено навечер и наутро се поизразени. Ќе следам како ќе биде. Утрово пред да ја хранам ја мерев дома на обична вага- јас со неа и јас без неа, 4.6кг ја мери. Па ќе видиме обично точна е. И минатиот пат кога ја мерев покажа исто со таа на педијатарот. Мислам дека нема да има потреба, еве млеко имам, зголемив течности (кога ќе се сетам изминатиов период јадев посува храна а не внесував течности) , подои на 2,5 максимум 3 часа преку ден, по 2 гради од подој...би требало да има резултат. Баш ќе пишам.
@BeLLaDona23 ти благодарам. Го имам и јас графиков од сзо. Покажува дека е малку помалку од што треба ама сепак и јас мислам дека не е страшно. Така инстинктот ми вели
Искрено, не можам вака ништо да ти одговорам со сигурност. Кога се прави проценка, се прави на база на повеќе знаци, т.е. треба да се гледа целата слика а не само фрагменти од нејзе. Прво - меки гради е сосем ок, такви и треба да бидат. Второ, може од првиот лет даун бебето пие доста многу и после си мезнува и толку. После подој не би требало да измолзуваш многу млеко, бидејќи баш значи дека побарувачка и производство се во баланс. Сигурно нешто вадиш, иако не е тоа количина голема. Ако доиш на барање на бебето значи кога сака и колку сака, не даваш лажливка, шишиња, не применуваше тренинг за спиење или да одложуваш ноќни подои, единствено нешто што би можело да ти даде таков ефект е циклус или бременост. Сѐ друго е моментална работа или пак може да е само субјективно видување. Ако не си многу сигурна, направи контролно мерење. Женски ве гледам дека графиците најверојатно грешно ги интерпретирате. Линиите на графиците претставуваат перцентили. Што се перцентили? Статистички податоци за тоа колкав процент на деца на одредена возраст колку тежат. Значи бебе кое е на 25 перцентила не значи дека нешто не е во ред со него. Само значи дека 75% од децата на негова возраст тежат повеќе. Но тоа не значи дека бебето тежи малку или дека е слабо. 50 перцентила е статистичкиот просек. Не знам зошто се сфатени дека колку погоре толку подобро. И обратно. Реално - не е важно во која перцентила е бебето. Тоа го сместува во статистика према другите деца. Она што е важно е да останува на истата перцентила со текот на растот. (Или тука некаде). Значи да нема скок од две или три перцентили нагло. Без разлика дали нагоре или надолу. Така да и бебиња што се на црвената линија (нека е и најниската перцентила) се здрави и прави бебиња, сѐ додека си ја пратат цело време таа перцентила. Слушајте некој кој имал искуство со бебе и во 0.01%. П.С. fun fact: статистиките се на база на бебиња на формула, а после тоа се прилагодувани од СЗО да се применливи за доени деца. Но, реални статистики само од доени деца, нема. Прочитај на интернет за "the witching hour".