Форумџика на годината

Доење

Дискусија во 'Бебе' започната од bibitri, 28 јануари 2010.

  1. Nikinena

    Nikinena Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 декември 2020
    Пораки:
    186
    Допаѓања:
    402
    Пол:
    Женски
    Девојки, зошто градите ми се меки а дојам? Бебче е предвреме родено со 2.500кг, а сега има 18 дена и во петокот на педијатар беше 2.750кг. Си цица денски нормално некогаш на 1ч некогаш порано бара да цица. Навечер додавам Аптамил 90мл зашто многу често бараше и навечер да цица а не можев толку неспана да издржам. Не се одмолзувам зашто ми се меки градите и ми е страв да не немам да му дадам кога ќе побара. Јас не го будам, само бара. Сега има и грчеви и кога плаче не знам дали е гладно или се грчеви оти нон стоп се стега и црвенее
     
  2. BabyD0ll

    BabyD0ll Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2011
    Пораки:
    2.372
    Допаѓања:
    8.328
    Пол:
    Женски
    @Kaetana леле точно низ ова поминуваме.
    Баш пред 12 само плачи и АД да му се даде џабе е, јас се нервирав вчера не знаев што му е, по сите парче лом викав, а и хормоните ми се на ниво. :sweat:
    А нормално ли е бебе да плаче во себе додека спие?
    Среда правиме 2 недели.
     
    На Kaetana му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.441
    Допаѓања:
    8.823
    Пол:
    Женски
    Меки треба да ти бидат градите, не значи тоа дека немаш млеко. Не знам како е со предвремено родени ама знам дека во рок од 2 недели треба да се врати родилната тежина. Мери ја на 1 месец кога ќе е. Тоа што ја ставаш на града е одлична стимулација. Па и на 1 саат да е. Ако пумпаш и тоа е плус. Мало е бебе се уморува нема толку сила да влече, а лактацијата ти е во период на воспоставување. Полни пелени? Види како ќе биде качувањето тежина, мислам дека нема да имаш проблем и потреба да додаваш АД. Ете нека кажат и поискусни зошто сепак се работи за предвремено родено. Стегањето и црвенеењето е од грчеви.
     
    На Nikinena му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Nikinena

    Nikinena Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 декември 2020
    Пораки:
    186
    Допаѓања:
    402
    Пол:
    Женски
    Дека почесто бара да цица а градите ми се меки мислев дека немам млеко. Денес еднаш е какана а мочки има на секое пресоблекување. Жолта боја на каки. Се случи пред неколку дена 3 пати беше какана. И забележав течно многу покакано е
     
    На SkarletOHara му/ѝ се допаѓа ова.
  5. BeLLaDona23

    BeLLaDona23 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    842
    Допаѓања:
    1.895
    Пол:
    Женски
    @Kaetana благодарам за појаснувањето, но и јас така го сфаќам графикот. Затоа и пишав секое бебе се развива според своја динамика и дека нема простор за паника во смисла дека бебето на @Lovebug01 малку напредува. Секако, овие графици се чисто за ориентација. Муабетот ми беше дека нејзиното бебе е скоро во идеален просек.
     
    На Kaetana, Lovebug01 и MilaSs12 им се допаѓа ова.
  6. Izzy_0504

    Izzy_0504 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2020
    Пораки:
    1.442
    Допаѓања:
    4.148
    Пол:
    Женски
    Доени бебиња не ни мора да какаат секој ден. Може да какаат и на неколку дена, а се да си е ок. Супер што има мочкани пелени, тоа е одличен показател дека не е гладно. Кога се воспоставува лактација градите омекнуваат, не значи дека нема млеко. Одлична стимулација е бебе на града кога ќе посака.
    Во принцип пишува сегде дека на 2 недели треба да се врати родилна, моето ја врати на 3 недели и тоа си е сосема ок.
    Немам лично искуство со предвреме родени бебиња, но од што читам/слушам од други искуства они се поголеми борци од термински родените бебиња така што нека не те ограничува тоа.
    Гушкајте се, дојте се, уживајте во заедничкото време :inlove:
    Измерете се на месец, не се замарај со секојдневно мерење ниту неделно бидејќи не е секогаш меродавно за напредокот.
    До месечното мерење пробајте само да се доите, а мерка за напредок нека ви бидат полните пелени и жолта кака
     
    На Fatalnata, Nikinena, Lovebug01 и 2 други им се допаѓа ова.
  7. PurpleMind

    PurpleMind Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    661
    Допаѓања:
    3.606
    @Kaetana ќе те тагнам и ќе си ја пишам маката.

    Малиот ми се роди 4,5 кила, во болница се спушти до 4,100. Инсистирав доење, пишував за тоа тука, земав и шумеќи таблети кои помогнаа доста и доев во поголем дел од времето. Формула два-три пати неделно, некогаш ни толку. Денес бевме на преглед, малиот е 3 месеци и тежи 6 кила и 60 грама. Ми рекоа дека можеби мајчиното млеко не ми било доволно хранливо и формулата обично нахранува повеќе(д фак?) и дека малиов не напреднува доволно во тежина. Ми препорачаа да давам формула еднаш до два пати дневно. Најлошо е што немам доволно поддршка околу мене, ми се зборува да си го проголтам егото и да не си го изгладнувам детето. :( Решив да давам формула за да не плаче и да може да качува тежина, ама и да продолжам да одржавам лактација, со молзење и оние шумливите таблети. Мајчиното млеко ми е приоритет.

    @Kaetana што би ме советувала ти?
     
    На Kaetana, Ava.84, MilaSs12 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.743
    Допаѓања:
    18.447
    Пол:
    Женски
    @PurpleMind баш за ова збориме погоре, членката има ист "проблем".
    Дневен просек за доено бебе е 20 гр. Кај твоето бебе тој просек го има.
    Јас би форсирала доење две недели, па тогаш би размислила за ад. Нуди цицка на 2 часа дење, на 3 ноќе.
    Велиш плаче? Кога плаче? Весел ли е? Пелени какани, мочани?
    Првиот месец колку гр качи?
    Мое мислење е дека ад еднаш дневно е исто како ниту еднаш.
     
    На Kaetana и Izzy_0504 им се допаѓа ова.
  9. Izzy_0504

    Izzy_0504 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2020
    Пораки:
    1.442
    Допаѓања:
    4.148
    Пол:
    Женски
    Какви беа мерењата првиот и вториот месец? Или сега прв пат го мерите? Какви се каките? Како е бебе?
     
    На Kaetana му/ѝ се допаѓа ова.
  10. mssuniquee

    mssuniquee Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 февруари 2015
    Пораки:
    3.781
    Допаѓања:
    53.280
    Пол:
    Женски
    @PurpleMind Ист случај бевме. Малиот роден голем, 4400 и беше само на доење. Никогаш не ми качи повеќе од 500 гр месечно. Се послабо и послабо напредуваше.. Дури и првите два месеци качи по 500гр. Според матичната океј било дека само доел.
    Сега со овој памет би додала АД. Така и планирам со второво.. неќам да биде гладно бидејки очигледно дете родено големо да напредне само пола кило е малце:| Млеко имав многу, првите месеци ептен но ете не напредуваше како треба.
    Барем сега си знам како ќе постапам.. иако мајчино е мајчино жал ми беше како бебе колку беше слаб.. па и сега е недајач:doh:
     
    На PurpleMind му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    7.585
    Пол:
    Женски
    Мојата матична вика колку поголемо е родено ,помалку накачува....
     
    На Kaetana, BeLLaDona23, Fatalnata и 2 други им се допаѓа ова.
  12. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.743
    Допаѓања:
    18.447
    Пол:
    Женски
    Зошто ад а не твое молзено?
     
    На Kaetana и mssuniquee им се допаѓа ова.
  13. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.743
    Допаѓања:
    18.447
    Пол:
    Женски
    Тука нема правила, синко речиси 2 кг качи а роден е над 4 кг.
     
    На Осе му/ѝ се допаѓа ова.
  14. mssuniquee

    mssuniquee Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 февруари 2015
    Пораки:
    3.781
    Допаѓања:
    53.280
    Пол:
    Женски
    А како молзено кога ете син ми беше баш на доење никогаш ад не му дадов и ете не напредуваше баш? Секако се надевам дека барем ова дете ќе напредне како што треба само од доење, ако не сигурно нема да се мачиме како си синко..
     
    На BabyD0ll му/ѝ се допаѓа ова.
  15. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.743
    Допаѓања:
    18.447
    Пол:
    Женски
    Зошто велиш мачење? Ако полни пелени, ако е весело бебе, ако си спие и не плаче по подој, тогаш не е гладно бебето.
    Бебе треба да ја дуплира килажата на 6 месеци, а тоа е просек од 20 гр дневно.
    Греота е при твое млеко да даваш ад само заради некоја си статистика. Доење има огромен бенефит за бебето, мада и сама знаеш.
     
    На Kaetana, Izzy_0504 и Осе им се допаѓа ова.
  16. mssuniquee

    mssuniquee Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 февруари 2015
    Пораки:
    3.781
    Допаѓања:
    53.280
    Пол:
    Женски
    Епа син ми имаше 9ипол кила на една годинка, а нели на 6 треба да ја има дуплирано родилната. Е каде грешам? Ако е така он на 6 месеци требаше да има 9кг .. а не на годинка
     
  17. Autumn_

    Autumn_ Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    2.504
    Пол:
    Женски
    Ќе си дозволам да се вклучам со мал совет, верувам дека и на три месеци доење сеуште може да се коригира количината на млеко ако воопшто е тоа проблем кај тебе, најдобриот совет што го добив јас е одмолзување после подој, млеко кое го додавав после подојот или после следниот подој ако осетев дека не ми надоаѓа зашто поминало кратко време од претходниот. Така со додавање на шише успеав да одржам период од 2-3h меѓу подои и доењето стана многу полесно, веднаш се полнеа градите штом бебе ќе фатеше.
    Тоа не го сфатив за првото бебе, немавме ритам, или висеше на града а не ми надпаѓаше млеко веројатно зашто бев преморена или ќе дадев ад па ќе се успие а мене ми стоеја градите полни па се одмолзував и се беше хаос.
    Обиди се да го следиш твоето тело еден период
     
    На Kaetana, BeLLaDona23, Izzy_0504 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.743
    Допаѓања:
    18.447
    Пол:
    Женски
    Да, така би требало да е.
    Ама дали он беше весел, дали спиеше убаво, дали полнеше пелени? Тоа се показатели дека е сито бебето.
    Да е до доење само, ке качел килажа од цврста храна. Значи детето генерално е нејадач.
    Статистика е просек, секогаш ке има бебиња кои се дебели и кои се слабички.
     
    На Izzy_0504, elimkd, mssuniquee и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    33.839
    Пол:
    Женски
    На братучетка ми бебето исто напредуваше помалку , а се роди 4350гр.Тој ја дуплира тежината точно на 6.месеци исто само на доење беше.Никогаш не и предложија ад.Го сметаа за нормално дете.Моето беше 3400гр, на 5 месеци ја дуплираше килажата.На година и двајцата беа по 9кг. Сега и двајцата се многу слаби:) Важно е да се здрави:) Мислам поголемите деца послабо качуваат:wasntme:
     
    На Kaetana, thelittle17, Fatalnata и 4 други им се допаѓа ова.
  20. Love86

    Love86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    195
    Мајки и јас проблем со млекото.Мислам бебе е гладно.Накратко:
    Бебе е месец и една недела.Незнам дали се грчеви,или бебе плаче оти е гладно,плус дење не врзува сон,го будат грчеви,или па можеби е гладно.Значи секоја вечер во исто време после 10-11 часот до кај 2-3 плаче.Кога црвенее,се грчи знам дека се и грчеви и бара да цица,ставам на града се тегне.Ако го ставам на испразнетата града се тегне,нервозно е.Го ставам на полната града смукне неколку пати пак се тегне( слушам како млекцето му оди до стомачето и му ги слушам цревата).Никако да се смири, нервозно прете со рачиња,бара цице...Кога ќе ја зема маж ми се смирува, ќе ја заспа и
    одма за 10 мин се буди.Ја зимам давам
    да цице од полната града,додека цице испушта гасови и кака.Се смирува и заспива.А мене во периодот на плачките градите ми се меки.Зошто во маж ми се смирува,а кај мене не?Нели ако се грчеви ќе си плаче од болка кој и да ја држи?Гледам и некогаш во тој период плаче и без да.се грчи и црвенее.Незнам дали секоја вечер плачките се од грчеви,дали е гладна и плус нервозна оти и се спие.
     
    Последна измена: 12 јануари 2021