Бебето последниве денови е кенкав и плачлив, инаку весел. На цицка ми е нон стоп, он бира кога сака дење или ноќе. Проблем настанува кога нудам и или одбива да цица, или почнува и испушта. Освен тоа знае често да плаче, дури и краток период после доење и мојов ме убедува дека е гладен. Ќе проверам во книшката точни суми, кака еднаш до двапати дневно, кафено-жолти каки. Мочка неколкупати дневно. Сметаат дека ми е слабо млекото, или немам доволно. Ќе инсистирам и мое молзено да пие. Вечерва дадовме ад, испи околу 120мл плус доење, се разбуди по три часа за пак, го доев и поврати многу. Не знам на што се должи повраќањето, ама можно е да е до вакцините што ги прими вчера и малку е болникав.
Мене ме загрижува фактот дека пелените не се веќе полни како што беа до пред неколку дена. Лажливка давам само за надвор, шише не сум дала а ни АД досега. Е ноќе не ја тренирам туку сама си спие повеќе. Цица пред спиење околу 8, потоа во 2 и тоа едвај, ја закачам за да не презаспие одма. После во 7 сабајле. Циклус уште немам а не сум ни бремена. Дали да пробам да воведувам уште еден подој ноќе ако успеам да ја разбудам?
Мајки ми треба помош Бебуш има 2 мес.сипер сме си со килажа,си напредуваме машала буцко . Последниве недела дена приметувам дека кога ке го ставам на левата града почнува да плаче мн.Од старт десната ми беше поголема и пополна ама цицавме и од левата.Можно ли е да нема ич млеко? Што да правам за да се врати млекото?
Што јадете бре мајки? Моево е 3,5 месеци, вчера прв пат пробав киви, го искинаа грчеви. Веќе не знам што смеам да јадам, генерално детево на секоја храна реагира. Компир ужасно му смета,манџа не сум пробала. Стварно фрустрира ова со храната, што се вели тој треба уште малку вкусови да пробува, а уште мака мачи со стомакот.
Колку месеци ти е бебчето си пишала 1200 на месец качила тоа е супер ама не е секој месец толку Ако ти е за каките еве споредба моето е само на ад какаше по 3 4 пати сега од кога напрај 3м кака само еднаш на ден а спиење врзува 6 7 саати не го будам. Чисто ти кажувам споредба да си направиш последно имаше качено он 900гр за 1мес Педијатарот ми вика на 4 саати да давам ама ја не го будам бебе што е гладно ќе вришти интезивно ќе плаче нема да се сопре .... Ова што ти кажувам е мое лаичко искуство прво бебе ми е
Два ипол е. Првите два месеца качи по 1200 месечно, што е одлично. Тогаш повеќе се будеше ноќе и почесто цицаше пелените беа ептен мочкани и тешки, сега се многу попразни, нон стоп бљуцкаше сега веќе не. Баш има промена.незнам дали е нормално вака или е нешто привремено...
Главно за ручек ориз, морков, месо, супи, полнети пиперки без салата. Од овошје јаболка банана круша. За доручек и вечера тостови, јајца, јогурт, овес, јуфки, лиснато ... Пукната сум по зелка салата
Здраво мајки, дали доењето со силиконски брадавици можеби е штетно? Бебче е 5 месеци и уште цицаме со силиконска, пробав неколку пати да ја одвикнам ама вреска, не сака
Јас мислам менува сега може 800 ќе качи и ќе се изедначи 1кг на месец а после тоа не качуваат баш точно на месец. Секога има разлика од бебе до бебе. Ти си знаеш дали плаче или е расположено гладно бебе одма се познава. Ама ако е се во ред од страна на педијатар со бебето супер што си спие си научило ден-ноќ разлика
Баш види ги тежините, ако има некое огромно отстапување, може и да треба да се преземе нешто - ама пак ќе кажам, за да зголемиш лактација, а не ад да се воведе. Дури и големо отстапување не мора да е показател за некаков проблем - кај мене беше прв и втор месец по кило, трет месец 400 грама, па пак си е се ок. Штом каката е жолта и мочкани се пелените, мислам дека стварно нема простор за грижа. За повраќањето, верувам дека бил прејаден и дека затоа повратил. На цицање плус 120 мл ад одеднаш е преголема количина на желудниче што до сега не примило толку млеко. Ништо страшно секако, не се плаши. Моја препорака е да пробаш да зголемиш лактација и да останеш на мајчино. Верувам дека ќе дадеш се од себе да доиш. Но.... Ако треба ад, давај ад и тоа е тоа. Не е ништо страшно ни трагично ако мораш да даваш ад, не си прави стресови. Биди смирена и гушкај се со бебе
@PurpleMind исто сакав да ти пишам како Изи. Штом го повратило АД значи му е вишок, односно дека било добро нацицано. Најдобро е следен пат да му понудиш твое измолзено. Е сега ако ептен немаш понуди му АД, ама помала количина (80мл на пример) Ние кога се одвикнувавме од АД малата исто почна да го повраќа и така намаливме од 40мл на 20мл, на крај ич. Мада според тоа што си напишала мислам не треба воопшто да додаваш АД. Побарај второ мислење од друг педијатар. Зошто толку напнуваат со АД не ми е јасно...место да дадат совети како да подобри доењето, природно да се зголеми лактација, одма АД. Ти ставаат идеја во глава дека детето ти е гладно и башка притисоци од страна, гладно е гладно е...штом го повраќа АД значи му е вишок
Не е штетна, слободно нека си цица. Подобро мајчино со силиконска, отколку АД. Пробувај да ја одвикнеш сза да ти биде полесно, инаку нема ништо штетно
По ова што го кажуваш по мое искуство грчеви се не е да немаш млеко. И моето беше такво до кај 2 месеци викаат бебиња со грчеви бараат цице ама он врескаше и цицне 2 пати па врескаше и се тегнеше кога имаше и баш ко твоето секоја вечер од 11 до 3 ни беше хорор се смируваше кај маж ми на рамо кога ќе го крене, а мислам и дека од премор си осеќаше нервоза кај мене а он си е смирен затоа и повеќе кај него се смирува. Не се сеќирај не е до тебе период е ќе му помине кај мене знаеше и со свекрва ми да се смири а со нас не но се додека се смирува супер е си знае бебе мајка која му е, ако маката ти е само тој период тогаш не е до немање млеко
Штетно може да влијаат на лактација, ама кај вас тоа не е проблем штом цица 5 месеци. Ке ја тагнам @Yowannty , таа 1 година доеше со силиконски без проблем. Мачно е за тебе да миеш на секое, ама од други аспекти немам прочитано да е штетно.
@Lala8 доев со силиконски точно 15 месеци. Бебла не ги прифати моите гради. Силиконските знаат да направат проблем околу млекото на почеток кога некогаш е потребна поголема стимулација а со силиконски потешко оди, ама чим доиш веќе 5 месеци, сигурно имаш доволно млеко, во тој случај нема проблем.
Првиот месец ќерка ми качи 1кг 20гр. На 6 недели кога бевме на контрола имаше качено само 290гр. Ми дојде многу малку во споредба со првиот месец, но докторката т.е мес.сестрата рече дека напредува добро. Деновиве денски ми плаче и ми се трга од цице, едвај 3-4 мин застанува, а навечер цица убаво на 2 саати се буди, некогаш и порано. А плачее ли плаче за јадење, ќе лижне маллу ќе се смурти и почнува со плачење. Ми е страв вака пак малку да не ми качи на килажа до нареден преглед. Млеко имам, пелени си полни, кога пополни кога посуви, не знам зашто вака почна да прави.
Здраво мајки, бебуш за неколку дена полни 2 месеци и во последно многу се плаче штом ја ставам на града Давав АД само навечер бидејќи бараше повеќе не и беше доволно само моето, но еве веќе недела дена го давам и преку ден. Плаче се заоѓа на града.. Еве сега се измислив но извадив едвај 30мл ( цица само од лева, во десната млекото ми е веќе застанато). Многу се нервирам и се обвинувам самата себеси за ова, дали и стрес и нервози си го направија своето не знам. За овој период има ставено 1.200гр си напредува убаво, но сепак зошто да ми се намали млекото? Дали некоја од Вас го поминала ова, како можам да си помогнам? Ќе спобудалам
Млекото се намалува бидејќи помалку цица...Доколку е болно цицањето, провери да не има sores (бело на јазичето и твојата града), скок во развој, навикнување на цуцла...со каква цуцла даваш АД?
Цица само со силиконски, без нив нема шанси. Има бело на јазичето но го чистиме со нистатин два пати дневно и се намалува, не е белки од тоа? Цуцлата е како брадавица