Форумџика на годината

Доење

Дискусија во 'Бебе' започната од bibitri, 28 јануари 2010.

  1. BeLLaDona23

    BeLLaDona23 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    842
    Допаѓања:
    1.895
    Пол:
    Женски
    Можно е од белото (кандида) да и е болно цицањето...мачкај редовно нистатин и одмивај ја и суши ја твојата града и силиконска...имаше претходно и некој рецепт за одмивање со сода бикарбона во топла вода. За соодност би требало мало лажиче во 200мл вода, ако некоја има искуство нека сподели. Инаку за цуцла најдобро е слична со града за да не се навикне. И обавезно пробиотик давај и.
     
    На Осе, Kaetana и Inana123 им се допаѓа ова.
  2. Bicka77

    Bicka77 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2020
    Пораки:
    1.694
    Допаѓања:
    5.031
    Пол:
    Женски
    Мајки хелп! Од пред неколку саати не се чувствувам добро, изнемоштена сум. Мерев темп-38 покажа, ќе мерам сега пак.
    Додека бев во болница се осетив слично еден ден, ми рекоа сигурно имаш темп ама тоа не значи дека си болна, тоа ти е од млекото што ти надоаѓа. И стварно, следен ден веќе имав млеко.

    Дали е можно пак да е истата ситуација или тоа што ми го кажале важело само за првото надоаѓање на млеко?

    Ве молам ако некој имал слично искуство споделете.
     
  3. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.608
    Пол:
    Женски
    Колку пати кака во 24 часа? Како оди со тежината? Тоа што почесто бара да цица не е страшно, во текот на доенечкиот стаж едно милион пати ќе менуваат шеми на цицање, од почесто, поретко, па скок во развој, ќе одбиваат да цицаат... тие однесувања не се страшни, и се нормални и очекувани, иако се многу фрустрирачки за нас, мајките. Према напредокот што имаше пишано се чини дека е во ред. Меки гради не значат проблем воопшто, такви и треба да бидат. Едно нешто запомнете, гледајте ги пелените и гледајте ја вагата. Бебињата плачат за многу работи, не е секогаш глад во прашање.

    Извини, сакав само да појаснам бидејќи многу често графикот се интерпретира погрешно, и се заплашуваат родителите беспотребно, без при тоа да им се објасни што значат кривите на раст и развој. Муабетот ми е дека некогаш кај бебиња што се на средната линија (тоа е 50 перцентила) а кои паднале на 50 откако долго време пример ја следеле 95% треба да се реагира и да се види што се случува, отколку бебиња кои цело време пример ја пратат 10 перцентила. Движењето на тежината со тек на време е релевантно, а не само каде се наоѓа бебето на графикот. И ова е повторно појаснување и не е наменето за тебе, туку генерално за сите. :)

    Прочитај тука подолу околу овој момент.

    Те молам пиши ми ги сите тежини кои сте ги имале досега на мерења. Прво ќе направам една најмала и најгруба анализа. Значи, испуштени од болница со 4100, а на 3 месеци тежи 6 кила и 60 грама. Ако заокружиме дека се тоа 2 кила за 3 месеци. Дали е тоа малку? Воопшто не е. Од моето досегашно искуство со овие графици, едно нешто сметам дека не е репер. А тоа е родилната тежина. Секогаш се водиме према родилната тежина, но исто гледаме и на деца кои се родиле во 42 гестациска недела, како и на деца кои се родиле во 38 гестациска недела. Друго што не земаме во предвид, е дека некогаш родилната тежина е многу нереална (докажано со студии) особено кај мајки кои се пораѓале со провокации и примиле инфузии, и сл. и особено пак бебиња кои се родиле со царски рез. Тие бебиња се раѓаат со голема родилна тежина, доста поголема од онаа што би ја имале кога би се родиле спонтано. Значи и внесот на течности венски игра огромна улога во родилната тежина која не е реална. Кај нас уште се практикува таа да е репер, иако во светот официјалните препораки кај тие бебиња се како родилна репер тежина да се земе тежина измерена после 24 часа од раѓањето.

    И сега ајде да го видиме ефектот од она дека „бебето треба да ја дуплира родилната тежина до 6 месеци, а да ја триплира до година“. Бебе кое е родено 2.5 кила, дали значи дека на година треба да има 7.5 кила? Дали ќе е дебело ако има 10 кг? А бебе што е родено 5.5 кила, дали треба да има 11 кила на 6 месеци и 16.5 кила на година? Ние сме луѓе од крв и месо, исто и нашите бебиња. Нашите бебиња не постојат за да задоволуваат нечии очекувања и критериуми. Муабетот ми е, дали има бебиња кои се исклучок од ова „правило“? Еден тон. Дали се здрави? Ептен.

    Досегашното искуство со овие графици (верувам дека докторот гледа на графиците и се паничи) ме довело до следниот заклучок: родилната тежина не секогаш е репер. Родилната тежина го сместува бебето во одредена перцентила. Но, реалната (генетска) перцентила се отсликува во растот после 2/3 месеци. Еве конкретен пример: мојата ќерка. Се роди на 86%. На месец со тежината беше падната на 25%. Но, после тоа, секој месец си беше на остата перцентила. Околу 10 месеци се „качи“ на 50% и од тогаш ја следеше таа перцентила. Моментално е на 42%. Не ја дуплираше тежината на 6 месеци, ниту ја триплираше на 12 месеци. Родена е со царски рез, по претходна индукција која траеше 30 часа и примив доста инфузии и провокации.

    Се надевам дека малку повеќе успеав да ви доближам искуство со овие графици и со оние секирации околу родилна тежина и дуплирање т.е. триплирање.

    Е сега малку поконкретно околу твојата ситуација. Прва моја препорака, смени педијатар. Доколку во животот педијатар ви каже дека мајчиното млеко не е доволно хранливо, верувајте дека не сте во раце на професионалец кој си ја врши работата како што треба. Извинете на мојата дрскост, но вакви изјави денес, на сите достапни студии, информации, семинари, стручна литература, се навистина многу непрофесионални. Искрено, не знам како поинаку да објаснам, и не сакам да сум сфатена погрешно, но има тежина и тежина. Храна и храна. Подобро е да си „послаб“ (намерно ставам во наводници) од мајчино млеко, отколку „подебел“ од формула. Особено кога формулата не е комплемент на доењето (значи не е екстра како метод за хранење додека пример се стабилизира лактацијата кај мајката) туку кога е буквално суплемент (и буквално заменува внес на мајчино млеко).

    Е сега. Би прашала. Како е бебето? Како полни пелени? Дали е плачливо после секој подој? Оти викаш да не плаче. Бебе е, ќе плаче. Тоа му е работа. Тоа му е начин на комуникација дури и кога сака да каже пример дека му се прднува. Не можеме да направиме бебето да не плаче. Работата е да не е немирно, да не е дехидрирано, гладно, а тоа се гледа со отсуство на столица, суви пелени, несмиреност после скоро секој подој, и сл. Тоа не верувам дека е ситуацијата кај вас.

    Размисли уште еднаш, смирено, и поразговарај со домашните. Греота е бебе да добива формула ако немате никаква индикација. И греота е ти да се чувствуваш депресивно дека не си успеала, ако всушност, сѐ си се одвива најдобро, и проблемот лежи во нешто сосема друго (расипан систем).


    Колку си сигурна дека било гладно? Не е воопшто малце 500 грама месечно. Ако си имала многу млеко, можеби друга била причината што бебето не напреднало. Можеби бебето од било кои причини не успевало да направи ефективен трансфер на млеко. Се случува и мајката да има млеко, ама бебето заради одредени фактори да не може да го добие. Тогаш се оди со молзење и суплементирање на града по можност. Значи не секогаш е доволно мајката да има млеко, некогаш проблемот може да биде во способноста на бебето да го „отстрани“ млекото од градите на мајката. Иако 500 грама воопшто не е за потценување. Јас би те советувала со второто да не даваш директно формула, туку да видиш како ќе се одвиваат работите. Секое бебе си е своја приказна. И ако имате било какви недоумици, ве молам немојте да давате формула на своја рака. Побарајте стручна помош од некој кој се разбира во доење и лактација.

    Искрено, прво види како оди тежината. Едно мерење ако успееш. Ако е сѐ во ред, тогаш нема потреба. Инаку, можеш да пробаш да вметнеш подои во спиење, т.н. dream feedѕ. Значи не будиш бебе, само го земаш, му даваш да цица, и после тоа го враќаш повторно заспано.

    Скроз да снема, не ми се верува. Пробај да ја нудиш после десната. Прво десната, нека се нацица, па после и левата. Да не не му тече исто од таа, па да се нервира на почеток и да ја одбива заради тоа..?

    Одлично напишано.

    Причекај да видиш како ќе е за две недели. Некогаш неколку дена стагнира, па во следните неколку креваат по 300 грама. Значи, не се носат никогаш заклучоци од едно мерење. Она што ти можеш да го направиш е да нудиш кога сака и колку сака, да интензивираш подои максимално. И да пробаш да уживаш во доењето и во времето со бебето, отколку да се нервираш со бројки.

    Ја користам приликата да напоменам дека давање цуцли лажливки пред да се воспостави лактација и да е сѐ во ред е голем ризик по лактацијата. Не е ова за тебе наменето, општо пишувам. И да напоменам, цуцли, шишиња, не знам си што кои се „како брадавици“ не постојат. Сѐ што не е вистинска брадавица е ризик по „вистинската брадавица“.

    И првиот пат не треба да биде така, ама ај. Тоа е друга тема, а веќе се изнапишав. Ова што ти е сега е веројатно резултат на застој на млеко во градите кој може да води кон маститис. Топол туш, измолзи или дај на бебето да цица (тоа е подобра варијанта), масажи пред празнење, масажи за време на празнење, одмарај, гледај дали има некоја грутка, ако има нежна масажа, и бебето со брадата во правец на грутката. Редовно празнење на градите. Молзење не треба доколку ги почувствуваш лесни после подој. Но да се празнат на 2 часа некаде обавезно. Молзење само ако бебето од било кои причини не ја испразни градата а ја осеќаш повторно полна. Ако температурата не ти помине за 24 часа, јави се на лекар. И да знаеш, ако се јавиш на лекар, не прифаќај препораки дека не треба да доиш без да ги провериш со стручно лице. Маститис не е контраиндициран со доење, ниту пак лекарствата кои најчесто се препишуваат за негово третирање.
     
    На thelittle17, SkarletOHara, GolemaMala и 10 други им се допаѓа ова.
  4. Ani297

    Ani297 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2020
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    254
    Пол:
    Женски
    Смеам да пијам чај од нане некаде прочитав дека намалува лактација па незнам дали е вистина
     
  5. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    33.839
    Пол:
    Женски
    Не се препорачува при доење, ја намалува продукцијата на млеко.
     
    На Izzy_0504 и Ani297 им се допаѓа ова.
  6. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    7.585
    Пол:
    Женски
    @Kaetana во однос на не сакање на едната града во мојот случај е десната... Значи има млеко ,додека цица на лева од ваму тече ,болки немам ,значи нема никаква пречка за да не ја сака ,сепак веќе два месеци не сака да цица од неа... Освен во сон. Што би била причината ?

    Дали смее да се пие магнезиум директ ,витамин Ц и валеријана капки за време на доење ?
     
    Последна измена: 13 јануари 2021
  7. azelea

    azelea Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    3.612
    Допаѓања:
    15.708
    Ај да направам сефте во темава:)
    Денес си дојдовме дома,три дена е малата,од вчера ја ставам на гради да влече, бидејќи млекото уште не ми е надојдено,ама осеќам дека почнува,но сепак давам и дохрана околу 20-30 мл со шприц.
    Е сега брадавиците ми се рамни и многу тешко оди извлекувањето,па лом ми ги направи ,цели ми се крвави.
    Почнав да се мачкам со лансинох, многу ме болат кога цица.Дали да почекам малку да заздрават и да не ја ставам и измеѓу да давам АД? И што да правам со градите доколку ми се наполнат ноќеска,да ја ставам ли на такви брадавици?
     
    На Kaetana, kukla21, ivance.. и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    33.839
    Пол:
    Женски
    Ајде мила со лесно и имај долг доенечки стаж(fingers)
    Не можеш да правеш пауза, мора да ја ставаш на града да ти дојде млекце^_^
    Ако не ја ставаш ќе мораш да се одмолзувш рачно или со пумпа ама и од пумпата ќе те болат.А ништо подобро од бебе не стимулира, а и она мора да се учи:)Нормално е првите денови да боли.Шетај голи гради по дома, да поминат побрзо:)
    Се надевам ја местиш правилно, тоа е најбитно.Секогаш прво да цица па после ад ако мислиш дека немаш млеко.Упорно и ќе успееш:hug:

    ^Чекам со нетрпение да ја прочотам твојата породилна прилазна:inlove:
     
    На Kaetana, minne992, DELFINA81 и 5 други им се допаѓа ова.
  9. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.441
    Допаѓања:
    8.823
    Пол:
    Женски
    @Kaetana @Izzy_0504 @MilaSs12 @BeLLaDona23 @Happyinlove @Alishan30 и уште некој ако испуштив од тие што ми пишавте, бебка од петокот до денес напреднала 240 грама :whew: Значи само зголемив бр на подои (денски цица на 2 и пол-3 часа, ноќе на 4 па и повеќе, не ја будам), менувам гради само кога е расположена, баталив лажливки освен во ситуации кога ја пресоблекувам а многу плаче и зголемив течности. Еднаш дадов молзено кога заспа писле цицање, го блуцна-значи многу и било. Во втор скок сме деновиве да напоменам, има периоди во денот каде што не сака да фати града, плаче и ја тегне брадавицата, и во тие периоди е цело време на града... Пробувам да бидам смирена иако некогаш е невозможно :doh: Си велам сега ако е вака, во фамозниот четврти скок како ли ќе биде:worried: Уште сега ми е страв.
    Како и да е, ете доказ дека не е напредокот линеарен и секој ден ист кај доени бебиња. Ви благодарам уште еднаш за советите и поддршката :hug: Искрено да не беше форумов и особено советите на @Kaetana немаше да бидам толку информирана околу темава доење и до сега ќе бевме на АД. Се надевам нема да се откажеме :inlove:
     
    На thelittle17, Kaetana, Autumn_ и 11 други им се допаѓа ова.
  10. Izzy_0504

    Izzy_0504 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2020
    Пораки:
    1.442
    Допаѓања:
    4.148
    Пол:
    Женски
    Е баш ми е мило :)
    Само продолжете така, тука сме да си помагаме :hug:
     
    На thelittle17, Kaetana, BeLLaDona23 и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Izzy_0504

    Izzy_0504 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2020
    Пораки:
    1.442
    Допаѓања:
    4.148
    Пол:
    Женски
    Не сум мачкала Лансинох, јас мачкав Пурелан на Медела и тоа ми помогна најмногу од другите (пробав на Галафарм и уште некое кое требаше да се измива). Но битно е како што ти пиша Ава да намачкаш и да дишат градите, така ќе заздрават.
    И јас имав ужасни болки првите 2 недели дома со рани, крварења, болка страшна.. доев со силиконски и кога пробував да дојам без тоа беше болка до несвест, сум рикала.. сфатив дека пребрзо пробувам да ги тргнам, брадавиците не ми беа извлечени, бебе нема што да фати, можеби и не сум знаела убаво да го наместам, не знам.. битно кога оставив неколку дена да цица само од силиконска, измеѓу подои мачкав ланолин, ми заздравеа брадавиците и после бебе си фати на голо од одма. Ама тоа е меч со две оштрици - може да се случи бебе да не сака да фати брадавица после силикон и тоа е ризик, а не можеш да знаеш како ќе биде. Некои после 3 месеци исфрлиле силиконска, некои после 3 дена само не успеале, нема правило... дополнително што и стимулацијата е различна кога влече преку силикон и директно на града односно повеќе/подобро се сгимулира директно на града (кај мене немаше проблем ни ова - млеко имав за извоз)...
    Мислам дека е најдобро прво да видиш видеа на јутуб за правилен (длабок и асиметричен) фат на бебето на града и со тоа ќе придонесеш да не ти ја џвака брадавката (бидејќи не треба воопшто да ја допира самата брадсвка при прсвилно цицање) и со тоа полесно и побрзо ќе ти оздрават. Пробај смени позиција на доење, не секогаш класичната лулка положба е најсоодветна, пробај со фудбал положба, мене тоа ми одговараше скроз на почеток.

    Се надевам дека помогнав..
    Честитк за бебуш и ти посакувам долга доенечка приказна :hug:
     
    На Kaetana, Cholipam, ivance.. и 4 други им се допаѓа ова.
  12. merina.93

    merina.93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2013
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    322
    Велите да дуплира тежина на 6 месеци моето е скоро4ти ја дуплираше во 3ти месец.... Само на доење е зарем не е малку тек на 6ти да дуплира
     
  13. @rollercoaster@

    @rollercoaster@ Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 март 2020
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    221
    Браво, само напред! Кажи ми со пумпа како се стимулираш, по колку вадиш и колку пати на ден? Имаме ние дефинитивно малку криза со млекото, се трудам да го вратам па сакам да се пумпам. Реално сабајле можам да измолзам, вечер не. Уште сме само на доење, се надевам ќе успееме
     
  14. BeLLaDona23

    BeLLaDona23 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    842
    Допаѓања:
    1.895
    Пол:
    Женски
    Кои други симптоми ги чувствуваш освен темература? Може да е од млекото, раната, настинка, стомачен вирус...обавезно оди на гинеколог, мора да те следи
     
  15. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.441
    Допаѓања:
    8.823
    Пол:
    Женски
    Еднаш само се пумпав со рачна пумпа во овое 5 дена после подој, извадив 50мл од градата што не цицаше, а од таа што цицаше-одвај 10 и го дадов одма, не го испи цело и после некое време го блуцна. После подој одмолзувај ама не се разочарувај ако не вадиш многу. Не е тоа мерило дали имаш млеко.
     
    На Kaetana, Осе, @rollercoaster@ и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Bicka77

    Bicka77 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2020
    Пораки:
    1.694
    Допаѓања:
    5.031
    Пол:
    Женски
    Успеав да се оправам. Си најдов грутка во градата, ја масирав, ставав топли облоги, листови од зелка, се туширав, бебе цицаше, малце и се одмолзував.
    Сега веќе не ме боли града, највисока тт денеска измерив 37.5.

    Ќе продолжам со цицање, туш, одмор, масажи. Се надевам најлошото помина, од сега само дисциплина.
     
    На thelittle17, Kaetana, BeLLaDona23 и 2 други им се допаѓа ова.
  17. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.743
    Допаѓања:
    18.447
    Пол:
    Женски
    Сето тоа е индивидуално, и бебе кое на 4 месеци дуплирало, и на 6 се здрави.
    Плус не е исто бебе од 2,5 да дуплира и бебе од 4,5.
     
    На Kaetana, azelea, merina.93 и 3 други им се допаѓа ова.
  18. ni.na

    ni.na Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    1.630
    Допаѓања:
    1.565
    Мајки парацетамол можеше при доење? Еден се напив ама настината сум уште не поминува можеше да се пие така?
     
    На Осе му/ѝ се допаѓа ова.
  19. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.743
    Допаѓања:
    18.447
    Пол:
    Женски
    Парацетамол и бруфен се безбедни за доење.
    Само немој од оние кесичките фервекс и сл.
     
    На Kaetana, ni.na, Ava.84 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. DELFINA81

    DELFINA81 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2019
    Пораки:
    2.605
    Допаѓања:
    10.032
    Пол:
    Женски
    Мајки,сакам да прашам дали има потреба или дали е пожелно предвреме да се мачкат брадавиците со ланолин? Да видам некои искуства.Инаку јас сум 37ма недела.:l:
     
    На thelittle17, elcezelce, Fatalnata и 1 друга личност им се допаѓа ова.