Во тој период на грчеви значи и се спие,и се јаде,осеќам како и од глад даплаче плус од грчеви.Значи се тегне,пробувам да ја ставам на гради да цица вреска страшно,се протега и се спие.Незнам што да правам во тие саати.Ќе ја земе маж ми ќе ја смирени ја дава да ја ставам на цице,одма вреснува.Една вечер спремав АД да дадам викам бебе ми е гладно да плаче без престан не е можно.Незнам како се смири,заспа и одма за некои 10 мин се разбуди и цицаше.Како да го сватам ова? Значи сепак е била гладна Ане фаќа да цица.Очајна сум веќе.Еве се ближи часот 10-11 и паника ме фаќа
Верувај се те разбирам исто ми беше само со АД не сум пробала, врескаше ќе се смиреше пак нејќеше да цица тек од кога ќе му се смиреа ќе се нацицаше некогаш ќе заспиеше по 4 саати врескање гладно од што ќе се премореше и ќе станеше за 1 саат од глад и мислев ќе умрам тие денови што од умор што од незнам како дс му помогнам ама поминува само оздржи лај нас барем до кај 40 дена беа после се смирија уште има врескање но далеку помалку од тогаш
Исто исто...не дадов таа вечер АД,бидејќи додека маж ми го спремаше јас некако ја смирив и заспа...ја оставив и за 10мин се разбуди...цицаше,испуштање гасови..се искака и и се смирија.Во вторникот направи 40 дена..се молам веќе да се намалуваат.Стварно незнам како да ја смирам или да цица барем..да не е прегласната.И кај тебе во тие часови врескаше на града?
Да навечер од 11 до кај 4 беше без запирачка на рамо кај маж ми се смируваше ама и тоа кога како и од плачење ке заспиеше. Не нишање, пеење, голо соблечено додека не поминеа тие саати не се смируваше во фацето се изменуваше мислам од врескање, сега сме 3 месеци уште има ама не е тој хорор далеку полесно е така да би требало и кај вас да се намалуваат веќе. Само смирено јас на секое врескање викав на лекар дека ќе го носам да не е болно среќа маж ми беше разумен инаку секоја вечер по клиники ле дремевме
Има ситуации во кои бебето има омилена града. Некогаш причина е самата внатрешна анатомија, можеби не тече толку како од другата, или има запушен канал, и сл., а некогаш нема некоја видлива причина, а се случува. Често бебињата после си се учат од двете да си цицаат, значи тоа е привремена состојба, ама пак има и бебиња кои комплет откажуваат љубов на градата. Ти продолжи да доиш и да ја стимулираш градата, и продолжи да ја нудиш. Не на почеток на подој, туку на средина или на крај. И во спиење секако. Магнезиум, витамин Ц смее. Валеријанс вика дека е до низок ризик ама следното треба да се земе во предвид: Moderate use is considered to be compatible with breastfeeding, however because of the possibility of sedative effect in infants should better be avoided in cases of prematurity and in the neonatal period. Be aware of sedative effects in the infant. Пишав погоре. Некои бебиња дуплираат и порано, некои не дуплираат ни до 6 месеци. Ама многу зависи од тоа дали е на доење или не, и секако колку се родило, како и генетика. Брадавиците не се третираат ни пред, ни по породување, туку само по потреба доколку има оштетувања или рани. Баш не е пожелно да се третираат пред бидејќи самите жлезди си лачат соодветен лубрикант, а по породување лачат течност која мириса како плодовата вода, што помага на бебето полесно да ја најде градата. Тоа што си купи ланолин е супер, ама чувај си го за кога ќе ти притреба (и носи си во болница). 150 грама за една недела? Ако сакаш пиши ми ги сите мерења... мој совет е да интензивираш малку подои. На добар пат сте ама уште мал буст нема да е на одмет. Да. Слободно.
Majki go doim bebe , no premnogu mi se bolni bradavicite, mackam i lanolin no dzabe e. Dali silikonski bradavici bi pomognale i koi potocno?
Мене ми помогнаа кога едната ми беше раскрвавена така доев дури не се оправи па ги тргнав. Ја купив на медела ама имаш и поевтини во аптека верувам горе доле сите се исти. Само да знаеш мач со две острици е. Може да ти намали лактација и бебе да се навикне на нив.
@Kaetana Бебето ми е родено во 35 недела со 2575кг на 24.12. Денес е 3 недела и 1 ден и е точно 3кг. Пред една недела (минатиот петок) на педијатар беше 2780кг. Педијатарот ми рече дека е во ред да качува по 30г во ден. Овие 3 дена имаше грчеви и не беше какана до денес(жолта боја на каки) и не беше многу расположена да јади. Навечер давам 90мл Аптамил зашто нон стоп ми е на гради и преморена сум. Во текот на денот се случува да цица на 20мин, некогаш по 5мин откако цицала бара пак и пак нон стоп на гради. Многу брзо ми заспива додека цица, колку можам ја разбудувам да продолжи.
@Kaetana @Izzy_0504 еве ги измерените тежини досега: Значи роден на 9 октомври - 4.5. На 12 октомври измерен е 4,15. На 13ти - 4,175. 15.10 - 4280. 22.10 - 4,365 27.10 - 4,59 20.11 - 5, 095 11.01 - 6,060.
Dali praktikuvavte da.piete poveke mleko vo bremenost za da imate poveke? Taka mi vikaat babive neso ne znam bas kolku im e tocno, a jas ic neam navika da pijam mleko samo vo kafe i jogurt isto ic
Со грчрви немам искуство, иако неколку пати мислев се тие кога не сака да фати да цица а плаче долго, уствари беше лош сон проблемот, колку беше поуморно толку потешко заспиваше и повеќе плачеше а со тоа пропушташе и оброци/доење. Спас - бели звуци! Пуштав што стигнам ама најчесто звук од телефон youtube white noice, откако ќе се смиреше и задремува ќе фатеше да цица и така полека го намалував ама не исклучував сосем зашто ако заспие со звук очекува кога ќе се разбуди пак да го слушне инаку во паника плачеше, пробај, нема никаква штета нема да е прегласно и нема постојано да спие така
Огромна глупост. Во бременост јади и пиј умерено, здрава храна пред се. Ни за бебето треба дупло, ни млеко екстра. А кога ке се породиш јогурт, чај за доилки, вода најбитно за млеко да имаш.
Не пијам воопшто млеко, јогурт ретко, имам млеко. Нема врска тоа. Нити чај за доилки сум пиела, ништо посебно. Само вода и тоа колку што ми се пиело.
Се навратив на првиот пост и се потсеќам на моето бебенце - многу слична математика имаме Мојата математика и моето лично искуство го вика ова: 27.10 вратил родилна (после 3 недели - ок - исто како моето) 20.11 придал 505 гр за 23 дена или 22 гр/ден (некој општо прифатен минимум е 20 гр/ден) 11.01 придал 965 гр за 52 дена или 18,6 гр/ден Мојот е роден помал, но не мал - 3.760, 54 цм. На 3 месеци беше исто како твоето бебе - 6.060 гр. Третиот месец качи само 400 грама или околу 14 гр/ден (за 28 дена) што е под тој ‘минимум’ од 20 гр/ден. Бебето е здраво, среќно, редовно полни пелени и каките се жолти. Јас млеко имам количински доволно и секако дека е хранливо, во тоа нема сомнеж. Но ете бебе не качи ‘доволно’ иако цица кога сака колку сака. И педијатарот и консултант за доење со кого комуницирам повремено периодов ме охрабруваат дека е напредокот сосема ок кога се зема целокупната слика и целокупната тежина и дека наредниве месеци е нормално да биде околу 400-600 гр месечно. Мораш да земеш предвид дека често (не секогаш) бебињата кои се родени со поголема родилна тежина може помалку да качат во однос на другите и тоа е ок. Овие правила за напредок на дневно ниво и дуплирање и триплирање на тежината на 6 и 12 месеци се на прво ок, но тоа значи дека бебе родено 3 кг на 6 месеци треба да има 6 кг, а на 12 да има 9 кг; бебе родено 4,5 кг на 6 месеци треба да има 9 кг (колку другото на година), а 13,5 кг на 12 месеци.. Најчесто се случува до годината да се ‘изедначат’ бебињата во тежините, а тоа да се случи значи дека нема напредокот да е ист секогаш и ќе има месеци кога поголемо родените бебенца помалку ќе напредуваат. Дополнително сум читала дека има улога и висината (должината) на бебето - има месеци кога бебето се издолжува и тогаш најчесто не качува многу на килажа. Моето бебе на 3 месеци беше 6.060 гр и 65 цм висок. Мое мислење е дека додека пеленките на бебето се полни и каката е жолта, немаш проблем. Она што јас го направив месецов е дополнителна стимулација со пумпа (1-2 пати во денот), дополнително хидрирање (вода) и јадење овесни снегулки. Почнав секој подој да биде од двете гради што до сега не беше случај. Се чувствувам како да ми се зголеми количината на млеко, но не гледам разлика во изгледот на бебуш - само обравчиња има, а надоле е слабичок. Она што гледам е дека почесто бљуцка и многу повеќе кака. Мислам дека му е вишок дополнителното млеко што пробувам да му го дадам и го исфрла веднаш. за 10тина дена сме на контрола и баш ќе ти пишам како е месецов. Се надевам дека ќе ти биде ова од помош, а за разлика од моите лаички, Каетана ќе даде стручни совети... Те гушкам
Ќе ти се убацам во разговоров, но да те прашам, секој подој ви е на двете гради? И по колку време го ставаш на едната колку на другата града отприлика? Бебка моја знае некогаш да цица 10 мин и да заспие така цврсто што топ не ја бие да продолжи или да ја префрлам на другата града. И не знам кога е доволно, дали добро јадела. Сега дека не и давам цуцла лажливка, ми се чини нон стоп на града ми е.
Не секој, ама пола од подоите се од двете гради. Тоа е сега периодов пошто некако јас ‘форсирам’ заради поголема стимулација. Првите 3 месеци 99% беше 1 града по подој. Инаку мислам дека нема голема разлика во количината на млеко што ја пие пошто ефективното цицање е горе доле исто како претходно. Сега пола од времето си игра.. инаку имаме 5-7 подои во денот, вкупно време на подој 7-20 мин. Зошто заменуваш града со лажливка односно зошто даваш лажлвка воопшто? За да ја смириш? Пред спиење? Која е причината? Не те судам, само прашувам.. мислам дека е непотребно дремење на града ако не цица ефективно.
Да,баш тоа е кај нас проблемот.Незнае како да заспие,тешко заспивање.Грчевите поминуваат,ќе се искака,ќе сменам памперс ќе се расони и после плачки и се спие неможе никако,на цицка се тегне,нејќе ни да цица.Тоа е најчесто навечер кога ја фаќаат грчеви.Но до кога вака ќе се успиваме?Со плачење во паники?
Давав претходно не знам и јас зашто. Цицала скоро па нешто кенка-стај и цуцла. Сега кога така прави и давам града.