Апсолутно се согласувам со првата реченица - нема „појако“ и „послабо“ млеко. Може да има помалце или повеќе во квантитет, ама никако варијации во квалитет. Чајот и јас го имам пиено од Билна аптека, и можам да потврдам дека го зголемува количеството на млеко. Млеко исто избегнував заради грчеви, и мои и на бебето, и многу вода и бистар сок од јаболко пиев. И да, само упорност, не брзајте со АД млекото.....детето може да плачи и ако сака близина со мајката, не секогаш е за цицање, ама нас прво што ни паѓа на памет е цицка, и после гледаш детето седи со пупката во уста, а не влечи, само си дреми Како и да е, гледајте да не му давате да цица на многу често, така ќе му се создаваат повеќе грчеви од неможност правилно и целосно да се свари претходно исцицаното млеко. Ако знаете дека е најадено, а сепак кенка, пробајте да го смирите со гушкање, галење, пеење, држење на стомачето.....
Погрешно се изразив Лолитке, пиј си јогурт, мислев на слаткото млеко, не ми е убаво формулирана реченицата - заборавив една буква пред млекото Мене ми препорачуваа боза, ама јас не можев, пиво си пиев понекогаш, има и безалкохолно во поголемите маркети, ако се плашите од алкохолот
Штом си цица на два часа, добро е. Ако има млеко, супер. И убаво кажа Моира, бебето не плаче само кога е гладно. Сака да биде до мајката оти така се чувствува најсигурно, уште е мало и тоа е разбирливо. И обавезно топла вода и масажа на градите, и на сестра ти ќе и биде полесно, па ќе почне постепено да се создава рамнотежа меѓу создавањето млеко и потрошувачката (потребите на бебето), па градите ќе бидат помеки, поретко ќе се прават грутки и помалку ќе болат.
Мамички ние имаме само 28 дена а јадеме по 120г млекце на оброк на секои два до дваипол часа иначе бебушот мој пие од мене м,леко (се одмолзувам и му давам) па би сакала да ве прасам за мислења дали е тоа многу или нормално за олку малецко бебенце....иначе на 24 ден кога бевме на контрола имаше качено 1200г па некако ми е страв да ен го прејадувам ....ве молам за совети позз
И јас истражував малку на интернет на оваа тема. Треба да пие повеќе течности, може да земе шај за доилки на Хипп или Хумана, а исто помагаат и муслите (житарки).
Со мајчино млеко никогаш не може да се предозира колку сака да пие толку давај му, не му ускратувај. Адаптираното млеко е тоа со кое треба да се внимава. Супер си напредувате и не го прејадуваш, си има апетит малото. Божица, според мене не е одбивање. Тоа значи дека си игра со нив упорно викај НЕ и не дозволувај да гризе за да се одвикне и сфати дека тоа не е играчка.
Гризењето може да значи неколку работи како 1.не е гладно и така дава знак 2.нема млеко и повторно дава знак 3.можеби навистина сака да се одбие 4.си нашла убава играчка 5.Нешто да ја/го исплашило во моментот Доколку многу те гризе и тоа е многу често или на секое цицање ,размисли околу тоа да ја/го одбиеш од цицање,секако во консултација со педијатар .Мене мојава малечка до сега 2 пати ме има гризнато и тоа затоа што едниот пат син ми викна,а вториот зазвони телефон и толку многу ме болеше што пола саат вриштев и тогаш реков дека ако се случи уште еднаш веднаш ќе ја одбијам.Од тогаш за нејзина среќа не се повторило,ама јас си стојам на своето
Е како бре така ако ве гризне од што се исплашило да сакате да му скратите на бебето јадење , мајчино млеко па што е оно криво Јас знам, разбирам и верувам дека боли, но ми нема логика ова навистина да се примене во пракса. Уствари сериозна си АТИ или само збориш од нервоза што те заболело? :geek:
Чекај Меу уште ти е назад тебе целава работа.Јас сум најозбилна,поозбилна не сум била.Не знаеш тоа колку боли.Што се однесува до одбивање на мојата веќе и е и време има полни 9 месеци (на Божица е малку постаро),па нема да цица до прво одделение А има и друго чаре ,а тоа е измолзување,ама па на бебе кое јаде веќе се и тоа ми нема логика. Колку за илустрација Ако на почеток те болеле брадавиците ,оваа болка е едно 10 пати посилна ,а како гратис добиваш и заби
Мислам дека ништо во живот не ме заболело толку колку овие гризења Според муабетиве моево дефинитивно си игра, од кога ќе се нацица сака да гризне па да се тргне. Се радува мисли така треба. Јас секој пат ја карам, дури еднаш ми ја раскрвари брадавицата и ја чукнав по обравче. Сега ја гледам два три дена се плеска со рачињата по образи и се смее. Се надевам ќе препознаам кога е готова со цицање, кога почнува да губи интерес и внимание па ќе бегам да се спасам оти поинаку не бива. За одбивање уште не сум размислувала, сакав летово да помине со доење заради топлото време ама еве и тоа е на крај. Мислам дека до година би било сосема доволно ако не престане порано и сама. Плус да се пофалам почнавме повеќе да јадеме вистинска храна, па дури и по некој мл сок дневно. Голем успех за нас. Поздрав мамички.
А мојот црцрко брз заби и гризи, штипа со устето и ја влечи..... Сега е преболно а тек кога ке никнат бисерчината, леле пижлак 6 месеци ке речи чоек што знае, од каде ли му идат работиве нема од кој да ги учи стварно не ми е јасно. И уште нешто, ние веке јадиме овошни кашички, житарки по малку, и поретко зеленчукови(не ги сака) но денското доење се повеке ми го одбива, не сака , а на вечер без проблем си цица. Малку сум загрижена, треба да бидам или сВе тоа си е нормално ради кашичките?
Јас лузна имам од такво гризнување ако ви се верува, баш се познава, ме касна малиот со долните заби, и одоздола под брадавицата има лузничка. А колку крвареше... Убаво си заклучила, само си игра. Ајде, веќе е време да се одвикнете лека-полека, и браво за малата штом почнала да јаде и друга храна. И тежината ќе и се регулира, нема да качува многу
Кога мислиш дека е нацицана ,твојот мал прст полека пикни и го во уста да ти дојде меѓу вилиците(од страната каде што завршува устата) и полека тргни ја од града.Така можеби ќе спречиш гризење,а и да гризне тоа би требало да биде твојот прст.Јас на секое нејзино цицање после инцидентите сум на готовс со малиот прст за да интервенирам
meU ne si svesna kolku boli. Mnogu majki gi odbivaat od cicabje bebinjata radi nekontrolirano grickanje. Boli do Boga!
Аууу мене прв пат кога ме гризна син ми Господ по кратки гаќи го видов Туку мене свекрвата ме поучи како да го одвикнам од гризење, еднаш кај нив бев и ме гризна малиов и којзнае каква фаца сум направила од болка и оп совет од свекрвица, кога ќе гризне да му удрам чврга по носето Ај си викам како бре да го удрам чврга ќе ме боли мене повеќе од него, таа ми вика нема силно да го удриш де, ќе запамти секој пат кога ќе гризне дека нешто ќе го заболе и ќе престане, како на кутрињата кога ги удираат со весник по нос, не ги боли само ги учаат на ред. И пробав така, му удрив чврга, ме погледна малиов као што и е на оваа, пак гризна, пак чвргичка, после третиот пат престана да гризе, ме спаси свекрвата, си знае жената четворица синови израснала којзнае колку ја гризеле додека не го нашла решението. И јас се мислев да го одбијам веќе се јаде и се помалку цица ама син ми поинаку си мисли, стана специјалист за откопчување на прслукот и да не му дадам да цица сам ми зема
kako da ja zgolemam kolicinata na mleko koga custvuvam deka se namaluva?dali znaete nekoj alternativen nacin?blagodaram
Пиј пиво,јади житарици (јачменови и овесни),пробај со Хип чајот за доилки или пак после секој подој измолзувај се,а со тоа за следниот ќе се создаде повеќе млеко. А колкаво е бебето,ако е поголемо од 6 месеци ,можеби целосно ги исцицува градите . Ако после подојот 2 часа не плаче и не бара да јаде ,тогаш не е гладно односно имаш доволно количество на млеко.
Покасно се вклучувам во дискусијата за гризењето, само да го потврдам Јас се спасив после само неколку пати, малце погласно и` свикував и имав озбилна фаца. Таа прво се смееше, како и другите нормално, ама кога ќе видеше дека не менувам лик и понатаму сум „налутена“, ќе се смиреше и продолжуваше да цица. На неколку пати, кога знаев дека веќе е најадена и го прави само од хир, сум го затворала прслукот и доењето завршуваше (чисто за драматичен ефект, да знае дека не се заебавам ) и престана после само неколку пати. Ова беше моето решение, се надевам ќе помогне и на некој друг