Давај да цица кога сака и колку сака. Во тек на доенечкиот стаж има многу периоди и сите поминуваат. Де сака да виси на цице цел ден, де не сака цицка. Некогаш цица активно на 2 часа, некогаш ке цицке и ке заспие. Се тоа е нормално. Битно е бебе да е весело и да полни пелени.
Треба да одам на заболекар па се мислам да се одмолзам и да давам додека да помине дејство од анестезија. Инаку малта е еден месец. Ако може некој со вакво искуство да помогне.
Пред некој ден вадев и поправав заб, со анестезија. Се одмолзав и оставив млеко. Не сакал да пие со цуцла, ама кога убаво огладнел, морал
Прашај за анестезија без адреналин, мислам дека таква може. А зошто анестезија? Ако е за правење, издржи, јас без анестезија ги правам секогаш.
Колку кг ти е бебушка? Јас знам дека на ад позади на млекото пишува колку да даваш спрема килажа. Не значи колку недели е туку колку кг е мислам, ако е поголемка ќе бара повеќе. Мојот навечер пошо сум само на доење де буди на 2 и пол сати, а преку ден додавам ад понекогаш иначе не ми спие и се буди на пола сат или сат.
Првите 3,4 месеци по повеќе качуваат, ама после стагнират. Мојава цицаше на саат и пол максимум 2 како бебе.
Порано и јас ги правев без анестезија. Ама сега од вторава бременост партал ми станаа забите. Незнам колку ќе издржам без анестезија
Нема повеќе анестезии со адреналин , повлечени се тие , безбедни се сега анестезиите и за бремени и доилки , одмолзи се пред да одиш нека го пие тоа , па после 2ч ќе си доиш .. Зошто да трпиш болка не се измачувај , слободно поправај ..
Прашај и јас поправав забарот ми рече може да дојам Ја каменец чистам со анестезија не па за поправка
Хаос! Влезе во 4тиот скок и сѐ повеќе одбива да цица, ама наоѓам начин како, плус ќе почнам да се одмолзувам поинтензивно. Неќна нит цицка, нит ад, плука млеко насекаде, а гладен. ИЛИ мавнува 150мл ад и плус цица, она активно голтање 5-10 минути додека да заспие. Држете ми среќа.
Од почеток немав воопшто млеко, бебе беше многу нервозно и нон стоп плачеше па мораше да почнам со АД и тоа со шише. Прво бебе не помислив дека ќе си направам проблем. Сега бебе е три недели млеко колку толку имам ама тој е нервозен едвај пола саат издржува да цица ама постојано со плачки и бара шише, кога ќе му дадам ад пие и по 80 мл. Инаку цица и давам АД максимум на 3 часа, а некогаш се и 2 ипол и се случува пак да е гладен. Мочки има на секое менување пелени , но кака на 2 дена. Што мислите, дали е океј?
Женски, да ве прашам за мислење/искуство... Нормално е бебе да се нацица за 5 минути од една града? Има 7 недели, цица на саат, 2, 3 зависи како ќе побара и најчесто денските подои траат 5-6 минути, ноќните нешто подолго. Прочитав дека еден подој трае од 10 до 20 мин на една града или 20 до 40 мин на две. Кај мене многу ретко цица од две, најчесто е една града по подој, и не знам што да мислам, малку и се загрижив. Голта бебево кога цица и полни пелени редовно. За весела е, ама и плачлива и кога пробувам да сменам града или да ја вратам да поцица уште малку се нервира се тегне и никако не сака да продолжи со цицање. И ако поцица подолго време после ждригање бљуцнува секогаш, како да се има прецицано. Секој ден менува ред бебево и не можам секогаш да следам зашто плаче и памет нон стоп ми оди дан е гладно....
Со килажа како е? Има бебиња кои цицаат ефективно 5 мин и толку. Ако полни пелени редовно и ако си качува килажа нема проблем. Пример, мрзливо бебе ке смука саат време и пак ке е гладно.
Пелени полни редовно, за килажата пишував поназад дека првиот меаец качи 1020гр а последниве две недели само 290гр.
Ова е скриншот од времето на моите подои негде 7-8 недела. Подоите ни беа најчесто од една града и траеа 5-8 минути. Ако цица ефективно, си се најадува брзо. Ако полни пелени (жолта кака) редовно, нема сомнеж дека е најадено. Има многу причини зошто плаче бебе, не мора да значи дека е гладно.
Тоа не е лошо, има просек од 20 гр дневно. Пиши како ке е за две недели. Немав поим дека има ваква апликација.
Baby+ Супер е стварно. Сѐ внесувам - подои (може и количина на измолзено, ад), пелени (мочкана/какана/микс), спиење, има песнички, бели звуци, внес на тежина/висина за следење на крива на раст и други интересни работи На почеток се подзаборава, ама после е дел од рутината