Ја имам веќе 3 месеци ,и секогаш ќе стегнам старт на нешто и ќе ја заборавам ,од ќе изброи 3 дена јаде/ спие
еве и јас да го пријавам почетокот на мојот доенечки стаж што се надевам ќе трае најмалку 12 месеци, по можност 18. колострум имав уште од старт, но малата моја немаше сила да го извлече, ниту пак да се закачи на града како што треба. заради болки долу при седење моравме да пробуваме лежечки и таа позиција никако не ни се погоди. успевав најминимално да ѝ дадам стискајќи се и сервирајќи ѝ ги неколкуте капки што ќе излезеа директно во устето. што не беше воопшто доволно, па ја дохрануваа ад како и сите други бебиња што не цицаат веднаш. така сите три дена во болница. последната вечер ми се наполнија градите до бол, таа сѐ уште немаше сила да извлече, ме спаси измолзување со електрична пумпа (вадев по околу 30мл од града, по 10 минути секоја), а потоа ми понудија и силиконска брадавица и ме научија на позиција “обратна лулка” за подобра контрола на главчето и градата истовремено. успешно цицаше така, а ноќта ѝ го даваа моето измолзено (се собраа вкупно околу 150мл од неколку пати измолзување). додека бев во болница бев во постојан страв дека тоа што ја дохрануваат со ад во шише и тоа што успеа да извлече нешто повеќе преку силиконска брадавица дека ќе нѐ поремети, но среќа уште од прв ден дома постигнавме правилен фат директно на града и еве ја веќе трет ден како активно си цица, звучно голта и издишува, ме празни/ми ги омекнува градите и секако, полни пелени. обратна лулка ни е омилена позиција, а после некоја минута кога убаво и цврсто ќе се вакумира на града можам и да си ги префрлам рацете во позиција лулка, па едната да ми е слободна. е сега, изгледа некојпат лошо се закачила на едната града па на врвот од брадавката имам ситен расцеп (или два) и боли кога првично се фаќа за таа града. за кратко се навикнувам и остатокот од подојот не е болен. ја третирам со ланолин еднаш до два пати дневно, за колку време би заздравела оваа брадавка? или да мачкам почесто буквално после секој подој? ако не заздравуваат рагади брзо, би давала силиконска додека не заздрави, затоа што иако болката трае кратко, доста пржи/пече. и двете гради ги нудам на секој подој за да немам болно надоаѓање на млеко. доењето на другата града е уживанција иначе, а кога ќе дојде на ред таа што ме боли искрено ми се темни така малце. сакам и на двете да уживам.
После секој подој прво со вода ги миев и седев така сами да се исушат тоа повеќе ми помогна од ланолинот кој го мачкав откако ќе се исушеа од водата. Инаку да ја користев силиконски додека да заздравеа ама ако можеш да истрпиш болка не ги користи
@rainbow_bb добар е советот од Милкивеј, да седиш малку со голи гради да се сушат, влошки за доење по дома не ставај сѐ додека не заздрави раната зашто влажна средина не е поволна за рани. И јас сметам дека подобро ќе се опорави со редовно миење и сушење отколку со ланолин, барем така кај мене се покажало како подобра метода. Велиш болка има само некоја минутка кога ќе фати, потоа престанува, па ја би те советувала да стиснеш заби без силиконска, и така за неколку дена ќе помине.
Кога не цица убаво, дали ја празните градата потоа со молзење? Моево уште малку три, ми се смее, гуга слабо цицнува ептен незаинтересирано
Еве сме и ние,тргна некако работата со брадавиците,ставав ден два силиконски малку се подобрија ,ама сепак колку и да ги извлекува не се така испакнати,али добро е штом она влече и голта во ред е. После секое цицање одма кака,инаку цица на два или три саати некогаш се успива и знае по три саати да спие.Ад давам само еднаш кога ме празни многу и пак цица и покрај тоа. И најадена кога е дури и бљуцнува,ама и се спие и да заспие сака само да цицне,тогаш и ставам лажливка ќе ја шмукне и пушта. Кажете некоја позиција освен лулка така ја дојам,ама грбот ми се распадна,а легната не можам ,не ми е згодно.
Пробај со перница за доење - бебето ќе лежи на неа и не мораш да го држиш туку само главата ќе му ја контролираш. Гледај да можеш да си потпрена негде - дали на кауч позади со перници, дали на фотеља.. Ти ќе бидеш исправена, со опуштени раменици и одма ќе видиш подобрување и опуштање на болката. Евентуално можеш да пробаш фудбал позиција, ама истата ситуација ќе биде.. Легната и јас никогаш не успеав да дојам, ама и нема потреба, проблеми со грбот до сега немам, еве 3+++ сме на ексл доење
Важно е тебе да ти е удобно кога ќе седнеш.Не се наклонувај накај бебето туку бебето го повлечи кон тебе.Пробај со обична перница да ја ставиш на неа и да ја доиш, ама никако да се наведнуваш над бебе. Фудбалска топка
Ете пишала Ава и со слика. Ама најбитно е како што објасни Ава - бебето накај тебе и потпри ја на перницата, грбот да не ти е искривен. Јас на пример од левата доев во лулка, а од десната во фудбалска топка - детето во двете позиции лежи на десна страна - сфатив дека така најубаво отвара уста и остваруваме најубав фат. Тоа беше првите недели, после само лулка и најубава ни е. Мора да направиш како ти е најудобно и да си ја штедиш кичмата
Мајки кај нас наместо грчевите да се поднамалат,уште појаки стануваат..Беа од кај 10-11 до 2-3 сабајле,сега од 12-1 до 4-5 часот сабајле.Во тој период не цица,осеќам млекото ми е намалено,градите не ми се полнат.А претходно станував се одмолзував за да може да фате,бидејќи ми беа полни.Како да го вратам млекото? Она цица,ама тоа ефективното голтање е само кога се опушта млекото? А претходно уште на почеток на цицање слушав голтање,сега веќе не
Таман се пофалив дека си фативме да цица,сега друг проблем. Десната града ми се стврднат и многу болки,качив тт,се одмолзував, давав да цица,па ставив зелка,ама пак боли како црвено е дел од градата и многу боли. Ми се подиспразни колку толку ама уште имам тт и омалаксана сум,се ме боли на телото. Се плашам ноќеска што ќе правам ако не ми се симне тт?
Парацетамол смееш да се напиеш. Меѓутоа треба да ја решиш причината за температурата. Сепак мислам да продолжиш со масажи под жежок туш, одмолзување - можеш и рачно со тоа што ќе се посветиш на каналите кои се проблематични. Зелката не знам како ја ставаш, ама раскрши ја на поситно за ‘сокот’ да излезе.
@Milkiway @Kitten фала за советите, цел ден се одмивам и ги “луфтирам” и веќе осеќам подобрување. јас па се одмивав и директ во влошка за града затоа што обавезно ми протекува до следен подој. ама веднаш после подој можам да седам така гола 15-20 минути без да ми тече.
Пусти маки. Бебе има 5 недели. На почеток цицаше супер, града да ти откорне, јас млеко бол. Во последно време дењне цица се супер, ноќе неможеш да ја скорнеш. Расоблекувам, облекувам, штипкам, ама ништо ке цицне малку и пак кома. Почна млекото да ми намалува. А пелени полни. Ве молам помогнете, што да правам.
Лажливка не значи дека ќе направи проблем, ама теоретски е ризик за лактација доколку не е воспоставена. Значи откако ќе си фати ред и ќе се потврди на мерење дека оди сѐ како што треба - тогаш се применува лажливка. За бебе кое е само на доење не постои "многу". Ама само на доење. Без давање на млеко од шише (макар било мајчино). Не верувам дека е гладно. Сепак, пробај максимално да ја зголемиш ефективноста на подоите, особено со компресии. И пробај ако ти е мисла да вметнеш еден подој + навечер. Црвенило на дел од градата е симптом за маститис. Молзи обавезно, често, на 2 часа празни града. Топол туш, масажа, да се отворат каналите, па доење и/или молзење, и после зелка. Одмор обавезно... Ако температурата не помине за 24 часа, јави се на лекар за терапија. Најчесто препишуваат антибиотик ама многу од антибиотиците се компатибилни со доење.
Сега те читам.. Во итни ситуации како на пр треба да одам во вц а таа кенка за внимание или за во раце, тогаш давам. Или после витамините да не ми ги исплука. А во последно скоро веќе ич не давам.
Мамички ова доењево ми има таков уплав створено, уште од 20гн имам стрес како ќе се снајдам Имам голема желба но знам колку тешко ми одеше со првото. Читајќи ве си наоѓам и некоја грешка што може влијаела да не успеам да дојам, кај нас траеше 2 месеца севкупно и се одби кога бевме во болница заради уринарна инфекција. До тогаш комбинирано, се доевме па ад за дохрана. Никогаш не осетив како е да ти прсне млеко кога ќе стиснеш града едноставно немав толку млеко. Плус рамни брадавици маки со силиконските нејќам ни да се присетувам. Она што стварно ме теши е дека сте тука на помош со прави совети и осеќам дека ќе ви досаѓам Е сега се спремам да си набавам рачна пумпа на чико ве молам за искуство со неа. А исто така ги порачав овие за извлекување незнам колку ќе помогнат Она што исто така ме плаши е како ќе истрпам да се посветам на доењето покрај синчето не сакам да го запоставам. какво е вашето искуство со 2 дечиња и доење?
Јас додека бев бремена со првото ме советуваа да ги масирам и извлекувам брадавиците додека се туширам. Така прав и за прво сега и за второ. Пробај можеби ќе имаш корист. Со лесно