Внимавајте бидејќи било какви стимулации на брадавиците и градите можат да водат кон контракции. Ретко, ама.. се случува. Инаку се трудев да повеќето подои со второто беа во придружба на првото. Додека го доев бебето, читав книга на поголемата. Или игравме нешто, разговаравме многу. Гледав да биде и таа дел од нашите активности со бебето.
Секое бебе си е посебна приказна. Овде имаш многу добри совети за стимулација на млеко, положби за доење и општо поддршка. Дури како секта сме биле, многу сме ги напнувале мајките да дојат. Јас имав вовлечени брадавици и синко ги извлече со помош на силиконска брадавица за еден ден. Тоа е моето искуство. Сепак, некои бебиња не сакаат да цицаат без силиконска, па тоа е меч со две острици. А има и приказни каде мајки по 2 месеци ја тргнале силиконската. Јас немав пумпа од старт, ама мое мислење е дека со пумпа би ги извлекла, таков впечаток имам. Мислам дека не ти треба и алатка за извлекување и пумпа. Можеби да сум имала пумпа од старт, немало ни да ми треба силиконски брадавици. Мој совет е да почнеш да пумпаш откако ке се породиш, пред тоа немаш потреба а може да доведе до контракции. Јас сум задоволна од медела рачна пумпа, за други не знам.
Луѓе пред 15минути го исфрлив од фижидер измолзеното млеко да се стопли во топла вода, ама дете ми заспа пак во меѓувреме, сега не знам што да му прам на млекото скоро 100мл има. Помош
Пробај да му дадеш во спиење. Макс 1 час нека стои на собна. Ако не сака канта, за жал. Треба да бидеш особено внимателна со молзено.
Ништо уште пола сат му може, некаде прочитав може два сати на собна? Не сакам да го чепкам сега во спиење нека е, а баш се мислев прво 40мл да стоплам после реков ајде нема врска може 100мл.
Не се секирај, допрва ке молзеш. Знам дека може 2 часа, ама јас не оставав толку, шубе ми е. Тазе молзено, да, ама подгрено не.
мамички ми треба консултација , сакам да купам рачна пумпа за измолзување гледав неколку , само за стимулација на лактација ми треба , бебе си цица со силиконски ама малку ми го намалуваат млекото па ми рече педијатарот да се измолзувам , без пумпа неможам раце ми отпаднаа а не успевам ни 10 мл да измолзам .... ја гледав оваа на чико дали некоја ја користела и како сте задоволни ?
Кога цица бебе на десна града, два три пати ќе тргне и после се трга и мене ми шприца ко фонтана и не можам да ја сопрам никако а бебе плаче се нервира и се нервозира не сака да цица после.
Претпоставувам дека му е многу јак млазот кога ќе надојде млекото, сигурно и ти го осеќаш надоаѓањето. Ова не е прв пат да слушнам и прочитам дека бебињата се нервозни од првиот млаз. Мојата беше многу лакома, се засркнуваше и се давеше ама цицка не пушташе Можеш да пробаш да измолзиш пред да дадеш да цица, да помине првиот млаз кој е најјак, тоа е првата минутка-две. Потоа почнете со доење па види дали има разлика.
The same here...абе првиот млаз прави да се засркнува, ама не и не пушта,со сласт цицка што побрЗо небаре некој ќе го земе цицето.