Форумџика на годината

Доење

Дискусија во 'Бебе' започната од bibitri, 28 јануари 2010.

  1. **MajkaE **

    **MajkaE ** Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 септември 2020
    Пораки:
    257
    Допаѓања:
    298
    Пол:
    Женски
    IMG_20210125_152453.jpg Ја зедоф од Еурофарм Гевгелија ама сигурно и низ другите градови ја имаат.
     
    На Poppins, naturallmess и Bicka77 им се допаѓа ова.
  2. BabyD0ll

    BabyD0ll Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2011
    Пораки:
    2.372
    Допаѓања:
    8.328
    Пол:
    Женски
    Успешно (fingers)
    Еве само колку се измолзив од тоа фонтаната и пред да го дојам малце измолзив.
    4938097D-BE91-4EB3-8485-754AF7964D69.jpeg
    Се нацица после убаво без нервози и ете си спие 3 сати.

    За жал измолзеното млеко по вода го пратив, го оставив на собна мислев ќе се разбуди да му го додадам ама не се разбуди.

    Навечер исто имам проблем, од едната града ко ќе цица, другата сама си капе??
    Абе накисната катастрофи.
     
    На Kitten, Осе и Izzy_0504 им се допаѓа ова.
  3. LittleLilit

    LittleLilit Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2020
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    80
    Пол:
    Женски
    Мајки што имате намалено млеко и стимулирате, дали после секој подој измолзувате? Дали од двете гради, ако последен пат цицал само од едната? Дали до крај додека веќе нема млеко за испумпување? И за колку време пак ви надоаѓа? Страв ми е дека кога ќе се испумпам и ако ми се разбуди порано, нема да имам млекце да му дадам..
     
  4. Izzy_0504

    Izzy_0504 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2020
    Пораки:
    1.442
    Допаѓања:
    4.147
    Пол:
    Женски
    Се измолзував неколку пати на ден, некогаш 2, некогаш 3. Преку ден после цицање веднаш и тоа 4-5 минути откако веќе нема млеко за испумпување - со тоа даваш знак на телото дека дотогашното ‘испорачано’ млеко не е доволно туку треба да произведе повеќе бидејќи ‘побарувачката’ е поголема. Ако цицал од едната, од таа молзев 4-5 минути, а другата до престанок на млеко + 4-5 минути.
    Бидејќи моето бебе спие цела ноќ, навечер откако ќе заспие, околу 2-3 часа по последното цицање се измолзував и тогаш вадев прво по 50-60 мл, па по две недели стигнав до кај 120-150 мл (бебето ми е скоро 4 месеци, тогаш 3 и нешто). Од дневните молзења некогаш имаше по 10-20-30 мл, кога како. Кога ќе беа на иста температура во фрижидер, ги претурав во исто шишенце и некогаш ако мислев дека помалку цица, му давав од шишенце. Мислам дека никогаш повеќе од 50 мл не испил, а стално бљуцкаше, па мислам дека сепак доволно му било што си цицал и немал потреба за повеќе. Градите никогаш не се сосема празни, постојано се произведува млеко.

    Освен измолзување, мислам дека можеш прво да воведеш уште еден подој. Во зависност од моменталниот распоред ќе си видиш кога ви е најповолно.
     
    На Kaetana, **MajkaE **, azelea и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Izzy_0504

    Izzy_0504 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2020
    Пораки:
    1.442
    Допаѓања:
    4.147
    Пол:
    Женски
    Одлично. Значи тоа е тоа што му сметало.
    Јас мислам веднаш да го ставаш млекото во фрижидер, не го чувај на собна. И да стане за пола саат/саат, ќе го стоплиш и ќе го дадеш. Ако нема потреба, може да стои 3-4 дена во фрижидер, а и ново млеко (кога ќе го изладиш на иста температура) можеш да го додадеш на ова. Во фрижидер се чува позади на полица, не напред и не на врата.
    Ако мислиш дека воопшто нема да ти треба, можеш да смрзнуваш млеко - до 6 месеци може да стои во замрзнувач
     
    На Kaetana и Pacient srna им се допаѓа ова.
  6. LittleLilit

    LittleLilit Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2020
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    80
    Пол:
    Женски
    Уште немаме ред во цицање, но според мене цица цело време, на 2 саата некогаш на 1.30 некогаш на 1, ноќните само имаме ред а тие се точно на 2 саата без исклучок, како алармче е :) Колку време правеше вака, колку време беше потребно да воспоставиш нормална лактација? Ние сме скоро 2 месеца, одеднаш ми омекнаа градите, бебе полни пелена, ама почна да се однесува како цело време да е гладно плус ако претходно сум испумпувала 100-120мл од една града, сега едвај 10 до 40, зависи од периодот..
     
  7. Izzy_0504

    Izzy_0504 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2020
    Пораки:
    1.442
    Допаѓања:
    4.147
    Пол:
    Женски
    Ова го правев после третиот месец бидејќи малку забушаваше со цицање, па осеќав дека ми се намалува млекото. Некои 3 недели вака со молзењето и плус почесто јадев овесни снегулки, пиев чај за доилки (по 2 на ден) и зголемив количество на вода за околу пола литро плус на ден.
    Кај мене функционираше пошто бебе цица на 2, 3 или 4 саати уште од старт, а навечер спие цела ноќ без цицање уште од првипт месец, па не сум имала момент кога само што сум се измолзела бебе треба да цица... може некој друг повеќе може да помогне со толку често цицање.. реално не знам кога би вовела плус подој пошто цело време цица.. и тоа е супер, постојано се стимулира и сигурна сум дека брзо ќе воспоставите лактација.
    На ваков распоред би рекла да молзеш по 5 минути после цицање за да стимулираш производство, но не очекувај да вадиш количина којзнае колку. Измолзена количина млеко не е исто со исцицана. Бебето може да исцица повеќе од било која пумпа што може да измолзе. Пумпата нека ти биде за дополнителна стимулација, но знај дека подобра стимулација од бебе на града нема.
    Одлично правиш што даваш на бебе да цица кога сака и колку сака и само продолжи така :inlove:
     
    На Kaetana и LittleLilit им се допаѓа ова.
  8. Alishan30

    Alishan30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јуни 2018
    Пораки:
    7.062
    Допаѓања:
    119.014
    Пол:
    Женски
    @Izzy_0504 колку часа навечер не цица твоето бебенце?
    Бидејќи јас ја будам еднаш за цицање, да е на 4-5 часа, а можеби и не треба, досега добро напредува ама ете шубе ми е.
     
  9. Izzy_0504

    Izzy_0504 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2020
    Пораки:
    1.442
    Допаѓања:
    4.147
    Пол:
    Женски
    Па спие врзано 8-10 часа.. некогаш 11... не го будам одамна. Убаво си ги спие ноќите, мирно. Сабајле кога станува не е нервозен, не ни плаче туку мирно си се буди, си се смееме малку, се галиме додека се расони, па за 10-15 минути си цица.

    Едит: има 4-6 подои во денот (петокот во тој големиот период пиеше измолзено од шишенце, не е толку долго без јадење)
     

    Прикачени фајлови:

    На BeLLaDona23, GolemaMala, Alishan30 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. LittleLilit

    LittleLilit Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2020
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    80
    Пол:
    Женски
    Фала за совети за сѐ, тоа со пумпата е за стимулација и сѐ ќе иде во замрзивач.. а тоа со чајот, кога фатив да пијам (без да прочитам упатство), искљукав 2 литра за помалку од 24 часа, сега кога видов... сега вода бутам само да не дехидрирам ужас Моментално вадам со пумпање 10мл од едната околу 40 од друга.. ама втората не ја форсирав не знам зошто.. ќе биде ајде. Јадам овесни со јогурт, сабајле со смути, навечер со јогурт со јаткасти нешто комбинирам, покачив и на покалорична храна многу.. се надеваѓ ќе се среди за брзо.
     
    На Izzy_0504 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. LittleLilit

    LittleLilit Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2020
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    80
    Пол:
    Женски
    Браво како го држи толку! Гоалс :) моево 4 саата врзува, само еднаш после бањање, но не би го будела тогаш за плус подој
     
    На Izzy_0504 и Осе им се допаѓа ова.
  12. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    7.585
    Пол:
    Женски
    Тоа со капењето од другата ќе ти се среди кога ќе воспостави лактација. Кај мене тоа беше околу 1.5 месец.
     
    На BabyD0ll, azelea и Izzy_0504 им се допаѓа ова.
  13. azelea

    azelea Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    3.612
    Допаѓања:
    15.708
    И јас навечер не ја будам,не знам дали е исправно, ама така ми кажа и патронажната,само дење,а преку ден се заспива и до три четири саати некогаш и морам да ја будам,ама пак ми заспива на града и не знам дали е најадена.
    Инаку нешто е нервозна кога цица од десната града,не знам каде е проблемот,дали од кога ми се појави маститот уште е запушен некој канал па на почеток цица и голта убаво,а после некое време се нервира и прави фати-пушти на градата,ја турка,плаче.А од левата убаво си цица и голта, таа ми е мека ,а десната како потврда.
     
  14. Bicka77

    Bicka77 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2020
    Пораки:
    1.694
    Допаѓања:
    5.031
    Пол:
    Женски
    исто е и кај мене, само обратна страна.. на левата града се појави маститис и сега не ја сака таа града, ќе фати убаво, ќе тера кратко време и после пушти-фати.. се масирам и одмолзувам рачно ама џабе, следно е да набавам пумпа за одмолзување да видам дали ќе помогне
     
    На azelea му/ѝ се допаѓа ова.
  15. azelea

    azelea Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    3.612
    Допаѓања:
    15.708
    Исто скроз.И јас со пумпа молзам,ама никако да ми попушти градата:(
     
  16. Izzy_0504

    Izzy_0504 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2020
    Пораки:
    1.442
    Допаѓања:
    4.147
    Пол:
    Женски
    @Bicka77 @azelea пред пумпање влезете под туш и под жежок туш масирајте со кружни движења или подобро со масажа од вратот накај ареолата, од под пазуви накај ареола, одоздола исто од надвор накак ареола. Задржете се кај местото каде бил маститот односно проблематичниот канал. Истово правете го додека молзете - особено масажа на каналот кој бил запушен.
    Во меѓувреме можете да ставате листови од зелка - раскршени за да излезе сокот од нив.
    Исто така не ги стискајте во градници или топчиња кои се тесни.
     
    На Kaetana, azelea и thelittle17 им се допаѓа ова.
  17. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.199
    Пол:
    Женски
    Топ! Баш ми е мило :)
    Сѐ што можеш складирај.

    А течењето од другата е нормално. Јас без улошка на другата дојка не сум ни почнувала да дојам. И тоа траеше цел мој доенечки стаж.
     
    На Kaetana, kukla21, BabyD0ll и 2 други им се допаѓа ова.
  18. **MajkaE **

    **MajkaE ** Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 септември 2020
    Пораки:
    257
    Допаѓања:
    298
    Пол:
    Женски
    Девојки бебето ми е месец и 10 дена. Преку ноќ не станува да цица. Јас ја будам на 2,3 часа ама едвај, не сака баш да стане и цица мн малку. Бевме вчера на контрола и супер напредува. Ве молам кажете дали да продолжам да ја будам или да ја оставам да спие. Иначе имам пробано да ја оставам и спиеше од 22 до 5 наутро.
    Ве молам за совет :wasntme:
     
  19. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.625
    Допаѓања:
    39.759
    Пол:
    Женски
    Ако напредува убаво, јас не би ја будела ноќеска, нека си спие цела ноќ. Ако ја будеш може и навика да и стане тоа да станува ноќеска и кога нема да е гладна.
     
    На **MajkaE **, BabyD0ll и Izzy_0504 им се допаѓа ова.
  20. BabyD0ll

    BabyD0ll Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2011
    Пораки:
    2.372
    Допаѓања:
    8.328
    Пол:
    Женски
    Хаха камо мојов да не се будеше а да напредуваше :D
    Ем што се буди после треба пола сат да то заспијам, ко ќе му сменам памперс очите онолкави :rofl:
     
    На **MajkaE ** и LittleLilit им се допаѓа ова.