Исто! него ние на секои 2 саата некако се научивме да се будиме ) Насока на педијатар ми беше (исто напредува супер), нсвечер го оставам да спие колку сака (и 5 саата да се и повеќе, не пресоблекувам ако стане, без муабети - да знае дека е ноќе, да не се расонува..), а преку ден ако спие подолго, да..
Исти бевме , педијатарот ни рече да не ја будам нема шанси гладна да спие. Еве 5 месеци сме ако јас се тргнам порано мислејки дека заспала ,за 1 саат се буди и цица пак. Ако ја оставам сама да пушти спие до 4-5 наутро . Си напредува супер.
Јас навечер се одмолзувам кога ја будам. Дали да продолжам да се молзам? Ви благодарам на сите за советите
Ако ти се тврди градите одмолзи се малку колку да ти олекне, не до крај оти така повеќе се стимулира града.
Јас се одмолзував само кога ми беа преполни градите за да олеснам ,не до крај. Зошто така се дава сигнал дека треба тогаш да произведуваат млеко ,така да мислев дека нема потреба за тој сигнал бидејќи еве уште го отспива тоа време ,значи ќе требаше уште да се одмолзувам. Сега тоа е мое мислење ,не сум стручна да кажам
Веќе те цитирав, па видов дека се средил проблемот ама ајде сепак ќе пишам може ќе се најде. Не е само на почеток така, мене ми се случи четири пати да кренам температура со ноќна треска во рок од месец ипол, а бебе е скоро 9 месеци. Со воведувањето оброци денските подои ги снема или максимум 1-2 пати ако цица. Ни на крај памет не ми доаѓаше дека може да е од тоа, па на секое се тресев дека имам корона. И приметив дека се осеќам подобро кога бебе ќе се нацица, фактички ми ги празни градите и се враќам во нормала. Пример сум дека може да се случи и покасно, не само на почеток кога надоаѓа млекото.
Немам пишано тука, инаку ова е и мое искуство. Настрана маститисот, уште 2-3 пати ми се случи до сега да кренам висока температура во спиење па да се препотувам цела. Прво мислев сум настинала некако. Мајка ми ме оправи од шо ми е.. Од тогаш бебе денски цица строго на 3 саати. Навечер ако спие (а почна да врзува 7 саати), станувам еднаш и се молзам. И да, подобро се чувствувам откако ќе се нацица.. Поради корона паничиме... да не беше форумов може уште ќе седев со маската до бебе од првата појава...
Мами помагајте ,од вчера нагло ми се намали млекото градите меки и осеќам дека нема млеко бебе цица кога сака колку сака ама сношти една пелена беше посува (наредните пелени беа ок тешки и мочани) кака жолто и почесто но еве денес скоро на секој саат бара да цица и никако не ми заспива цврсто ке дремне 15 ми и се буди затоа почнувам да се сомневам да не е гладен Која може да биде причината за ваква нагла промена во количината на млеко немам ништо сменето во рутината пијам исто течности (од вчера и зголемив ) навистина сум загрижена Кажете чаре дури не е касно
По ова што си пишала не ти е намалено млекото. После таа сува пелена каква беше следната? Колкаво е бебето? Кога се воспоставува лактација се меки градите. Бебче на моја блиска е 6ипол месеци скоро ми има кажано дека цица на саат до саат ипол супер напредува. Не се секирај може и скок да е
Тоа што се буди не значи дека е гладно. Скок, заби, зависи колку е голем бебуш. Ако полни пелени млеко имаш.
Истото ми се случи и мене и кренав страшно паника одма на педијатар се јавив, ми кажа дека поради тоа што бебето многу цица како расте па ради тоа да ги чувствувам градите по празни и дека градите не се цврсти како што се во прв месец.. исто и дека може некогаш да има празна пелена, а како расте ќе намалува на кака (им расте желудничето имаат повеќе место). Ако е гладно бебето, ќе плаче ќе вриштии.. Ми препорача лакталис таблети за млеко или чај за доилки (јас земав чај хумана) и редовно да јадам калорични оброци.. сѐ ова применив, посебно оброците и течности - јогурт со овесни два меѓу оброка, не рипав веќе главни оброци кало што знаев, чајот, сок од јаболко појачав.. сѐ тоа, за два дена одма имав подобрување Дополнително и се испумпував првите 24часа после доење.. откако видов дека пак имам поголема количина млеко, престанав после секој подој, него кога како можам (ова не ми го пиша педијатарот, јас не ни прашав, но допринесува за зголемување..)
7 недели сме точно кога е првиот скок роден е 2 недели пред термин Наредните пелени се релативно ок Кака редовно жолто дај боже да е од скок незнам веке што да мислам таман си реков фативме ред сега заспа дури а буден е од 8 сабајле ме исцеди денес
Ако е две недели пред терминот родено сега е првиот скок(мислам) и кај мене исто се покажа ,цели денови цицаше ,траеше два дена . Ја оставав за да јадам само и за тоа време само ќенкаше...
Според апликација кај мене покажува 5та недела дека има првиот скок ако тие две недели пред термин може да е скок или пак во 7ма е вториот обилно се водат скоковите според терминотт на раѓање али кај мене скоковите се според дата на раѓање
здраво, 3 недели сме и бебе кога цица особено од десна града скоро секогаш се засркнува, со страв го дојам, ве молам за совет има ли начин да го избегнеме засракнувањето...
Jogurt ne pijam ne mi ubav ic a koga sum probala kiselini mi prai. Jas vo cokoladno mleko gi stavam so ovosje nekoe valjda i taka ke ima efekt
Да да, кај мене имаат ефект. Јадам со млеко обично јас, и јас како тебе неможам со јогурт да ги јадам. Јас пијам и овесно млеко.