И јас сум на истата мака како ,@tari,мојата е родена на 04.12( термин 10.12),ја немам апликацијата.Дали и кај нас е скок? Градите памук меки,незнам колку цица
Ист ден и ние сме 4.12.. по апликацијата ми вика дека во втор скок влегуваме од задутре (термин 07.12), значи вие сте три дена плус
@Love86 @tari и да е скок во прашање, јас сепак би превземала сѐ за да не се случи да секне млекото.. повеќе течности, јогурт, супа, млеко, чај за доилки, овесни, одмор многу, оброци како што треба..
Макс 4 саата ова по нет сѐ што имам читано, но читав погоре совети од ремедика да не се остава да стои повеќе од 20мин..
Да да ке има ефект. Ама и јогуртот е добар за лактација, и овесните снегулки. Јас немав проблем со лактација, пиев редовно јогуртз, чај за лактација итн и забележав дека по нив градите ми се екстремно полни. Можеш еднаш дневно, ама гледанј и општо здрава храна, месо да јадеш. Макс 2 часа на температура од околу 24 25 степени.
Млекото нели ствара грчеви? На толку течности јас немам место за храна,искрено се осеќам преполна.Неможам да јадам
една недела после мојата мака со рагадата на едната града и уште си ја имам. очекував до сега да ја снема ама изгледа е невозможно кога на секои 3 саати се дразни од цицање. пробав со силиконска ама тотално ја одбива. планот ми е да ја одморам оваа града со тоа што рачно ќе ја измолзувам (за 5 минути вадам 50мл) и да ја дојам само од градата што не ме боли додека другава не заздрави комплетно. се надевам нема да си наштетам некако. како што не прифаќа ништо освен чиста града, не би требало. измолзеното планирам со шприц да го давам, уште немам купено шише, а доколку морам, тоа би било филипс авент натурал. колку мл по подој му е потребно на бебе од 2 недели отприлика?
Мене на 14 месеци ми се случи. Омалаксаност, температура 37.6, некоја глупава тапа болка во градата, немаше видлива грутка, ниту црвенило, ама внатре болеше. Тој период баш четворките ги вадеше, навечер киснеше на града, и веројатно вечерта имаше заспано некако со градатс па ја имаше притиснато со забите... или лошо имаше фатено. Два дена под топол туш масирав, давав да ја празни таа града, и помина ко ништо да не било.
Ве молам за мислење, бебе е скоро 4 месеци само на доење супер напредуваше по кило првите два месеци, сега третиот само 500 гр, и сега го мерев за 9 дена 180 гр само... Матичната вика дохрана, јас не сакам знам дека имам млеко понекогаш во почетокот на подојот и во млаз и секогаш капе и од другата града... Од ремедика ми рекоа криза на доење дека е да дојам во мирна средина оти не бил концентриран на цицање бил во период кога се му е интересно... Вие што мислите или дали некој се соочил со ваков проблем?
Ако е во скок, тогаш очекувано е. 180 гр за 9 дена се 20 гр на ден што е минимален девен просек. При млеко, јас не би дала ад. Ако е весело бебе, ако полни пелени и не плаче по подој, зошто ад? Не може сите да качуваат како на норма. Еве синко од 12 месеци до сега 18 м оди само во висина, килажата му е околу 12 кг. Здраво и весело дете е.
Цицо искусен со две годишен доенички стаж, ама на почеток пак имам прашања.. Имам колострум по некоја капка,утре си одиме дома, да знам како да се организирам. Масирам под туш,пробувам да одмолзам и гледам си тече малку колострумче,но малку е сепак,ептен некоја капка. Од утре дома ќе почнам со чаеви и некои капсули за лактација, а додека надојде млекцето? Ако земам дохрана се плашам да не се вртам во круг со шишето само,со првото едвај исфрливме ад, ама па греота е да не пие ништо дури ми дојде млеко.. иако може па и ќе дојде утре, сепак само 2 дена се поминати од пораѓај
Немаат ли во болница да ти дадат чај за доилки или пумпа малку да стимулираш? Јас побарав чај вечерта пред да си одам дома, ноќта качив температура и утредента ми течеше млеко.
Уфф ме раскрвави малата од што влече силно, со пумпата нема да ја издржам болката Ја ставам на града и стискам заби најјако што можам, ужасно ме боли. Пијам вода по 1л и бистар сок од јаболко по 3л дневно, се туширам и масирам, и еве почнува да тече по малку.. чај не побарав,не ми текна. Чаевите од утре дома, ми земал мм Лактамикс и капсули Лактасен,верувам ќе имам повеќе млекце..