Луѓе мене не ми се стврднуваат градите повеќе така како порано на секои 3 сати. Што е работата? Се намали ли млекото?
Ох леле а јас паднав во депресија одма, да продолжам да пумпам онда затоа што бебе само од десна страна цица левата не ја сака плаче.
Се средила лактацијата. Да знаеш дека ич не е интересно до 6 месеци да имаш насредена лактација, а и потоа носев влошки за гради. Тек пред два месеци го баталив, се со влошки бев. Значи, да повторам, ако не плаче по подој, ако полни пелени и ако спие, млеко имаш. Мене деснава дојка ми е поголема. Синко и двете ги сака, јас ненамерно десната ја давам почесто. Од денеа форсирам лева, и онака ми беше помала.
А јас што да правам,вчера породена,бебево само спие не е воопшто заинтересирано за цицање,едвај отвара очи и не сака ич да фати на града или ако фати не знае да влечи плус ми викаат големи брадавиците ми биле.Се трудам ама устето тешко го отвора само успано е.
Жолтица да не има уште сте во болница или? Ако му даваат ад и ти го носат спие. Стимулирај со молзење рачно чим нејќе д афати или пумпа нека ти донесат
Уште сме во болница,викаат се е во ред со бебе ама најадено ми го носат,а ми викаат цицај го.Еве си спие и не можам никако да го натерам да цица.
Чекај да се разбуди ќе биде со тебе цело време претпоставувам ќе се разбуди освен да ги напнеш да ти го носат гладно друго нема освен што ти пишав за да добиеш млекце. Помалку стрес гали се гушкај се дома ќе е друго
Кажи дека сакаш гладно да го донесат. Мој совет нека биде со тебе постојано. Однеси донеси може лошо да влијае на успешно доење. Нуди цицка постојано, побарај пумпа да стимулираш млеко.
Да пробаш да му ја дадеш десната и кога ќе фати да го смениш одма на левата? Јас имав таква мака на почеток и така ги залажував штом нејќеше на лево го ставав на десна и а почне да цица го менував одма... Е сега може и повеќе ќе го налутиш незнам ама додека не пробаш нема да знаеш
Ау мајки кажете чаре цела поплава сум од млеко, не влошки не тетра пелена ништо, ај јас туку детето лом го правам цело е мокро кај вратот Страв ми е ќе ми се разболи нон стоп го пресвлекувам.. И ми се загрцнува мн дур цица..
Јас не знам како да се одмолзи човек пред подој. Помош! Моево само што ќе стане и плаче вреска, а и јас така имам доста млеко на почеток и овај мојов многу трга и се засркнува. Не знам како да се одмолзам ко ќе заплаче пробав и паника ме фаќа тоа плаче јас да се молзам не знам.
Пред да се разбуди, обично се размрдува, барем синко, прво ке се шушка па тогаш ако не добие цице за 2 3 мин ке заплаче. Ти секако не треба да молзеш 10 мин, неколку мин колку да го намалиш млазот. Плус на 2 3 часа цица, тогаш и ке се преполнуваат, значи ако спие 2 часа и видиш знаци дека ке се буди молзи.
Довро е ете го цица, чудо моментално полека трга, иначе многу брзо секогаш. Може зато што спие. А некој совет како да не дремам сабајле кај 4? Страв ми е да не го задушам, многу ми се спие и повеќе пати ми паѓа главата надолу..