Мислиш да не заспиеш? Седи кога доиш и штракај нешто на мобилен. Твојот страв е оправдан, може да се задуши или да ти падне од раце. И мене ми беше страв од истото.
Леле го наполни памперсоѕ после цицање, а полузаспан е што да прам сега ако го чепнам ќе се разбуди и ќе вришти.
Тоа е ми се разбуди сега ќе дежураме. Него уште нешто да прашам, прееска земав працетамол имав телпература и грлото ме болеше. Дали е во ред за доилки?
Е сега е моментот кога не сака на цице пак и јас би направила малку аптамил затоа што се нервира со раце ме турка и удира.. не знам зошто вака..
Хаакаа е за ова спас. Доиш од една, ја ставаш на другата и си го собираш млекцето наместо да оди "фира". И не мора воопшто да го даваш ако имаш доволно (да не ризикуваш проблем на почетокот со лактација и општо со доењето) но можеш да си го замрзнеш и да имаш залиха и за во иднина..
Мајки, туна јадете? Нормално преретко јадам, ама сега пошто мислам дека не смеам, само тоа ми се јаде
Бебе е 20 дена до денес,од завчера почна да не се буди ноќе по два три пати,или ја немам слушнато ако сум заспала цврсто. Од 21-22 дури во 4-5 сабајле се разбуди за цицање.Не знам дали да ја оставам така или да ја будам ? Вчера ја меревме и испуштена со 3120 гр ,сега е 3750 ,значи 600 гр има ставено за 17 дена,од кои скоро најчесто е на мајчино млеко ,на рака се бројат колку АД има испиено, што значи дека добро напредува. И дали може кафе да се напијам со доење?
исто почна да прави и мојата околу 3 недела, педијатар кажа остави ја да спие бидејќи добро напредува. Кафе може после доење да се напиеш, максимум 2 шољи на ден - ова го пишуваше на книвче од болница што ми го дадоа.
Здраво колку му е доволно на бебче од 3 недели млекце, се измолзувам 30 40м и педијатар ми кажа плус и 90 дохрана, да не е многу
Да и мене така ми кажа патронажната ако напредува навечер да не ја будам. А за кафето по една шолја пијам,и таа цела не ја добивам колку да ми мине мерак ,а и глава ме боли ако не се напијам ,ради низок притисок.
Мене вчера ми надојде многу млеко. Чаеви капсули и топол туш,градиве преполни. Бебе цица активно, па бљуцка,па пак бара. Сабајлево бљуцнала и цело боди и беше крв од рагада што ми направила. Што правите во случаи вакви, ем да бљуцка од што и е многу ем да бара уште?! Дремеше на цицка од 4 до 7 сабајле,стана мм и напраи 30мл ад и заспа, со едно будење за доење продолжи до 11:30 да спие. И друго, другово ќерче премногу плаче кога му давам на бебуш да цица, ми вика дај му од шишеееее нека не цица,земи ме нишкај ме. Кажете ми дека е период и ќе помине, сепак сме само втор дена дома. Ми се плаче што така прави.. на млеково шо го имам уште ад да спремам пошо она неќе да цица малото..
И мене не ме оставаше да ја дојам.Објаснував дека мора да цица,дека и таа кога беше бебе цицаше па порасна во убава,голема дада.И беба треба да цица за да порасне и да си играат заедно. Потоа почна да плаче и да сака да цица и таа. Ме тегнеше за блуза,ја тргаше беба,а јас сама со двете дома. Плачев како мало дете. Па и кажував дека за големи дади млекцето е бљак,луто. И прекина да бара.Од време на време споменуваше,ама ќе и кажев лути мами и прекинуваше. Сега вели кога бебето ќе порасни јас сум на ред пак да цицам. Напорно и тешко,ама ќе биде подобро.
Мамички,на колку време ви стануваат бебушките за ноќни подои, конкретно прашувам за возраст од 2 месеци?
Ако нема жолтица, нека спие. Убаво напредува, а ад еднаш во 24 часа сигурно не влијае на килажа. Синко имаше жолтица, давав на 2 часа дење а на 3 ноќе, по препорака секако.
Треба време да се навикне дадата. Само зборување, нема друго. Ќе гледаш да ја вклучиш некако во активноста дур цица бебе. Да играте игра, јас и зборев еве ја дада, гледај како те чека да пораснеш, ајде цицкај си. Дадо, кажи на бебе да цица убаво за голема да порасне и да си играте. Ќе се снаоѓаш. Нема магично стапче.