Мое мислење е дека тие 30 60 мл не менуваат ништо. Бебето е сито со твое млеко, ад можеш слободно да фрлиш.
Здраво. Од кога сметате следно будење за подој? Од почетокот ичи од крајот на предходниот? Пример ја дојам од 15:00 до 15:45. После 2 часа сметате дека е во 17 или 17:45. Благодарам
Јас сметам од крај на претходниот подој. Ќере си бара на точно 3 часа откако ќе се нацица. Менувам пелена па ја ставам на града. Не знам дали ваквото сметање е правилно, никој не сум прашала ама бебето си напредува таман.
Девојки еве ме и мене во темата доење... Знам сигурно е пишувано овде за тоа,ама покрај бебче немам време да листам низ страните и низ нет,сакам да прашам на која храна треба да се внимава при доење,(да се избегнува)...и со која надоаѓа така убаво? Јас си имам ,бебе си цица..ужива..еве утре 7дена прави
Не е препорачано газирани сокови, готови супи и супи од коцка. Овошните сокови кои се природно цедени да се разредуваат со 1/3 вода. Препорачани се благи чаеви: камилица, коприва, анасон, коморача. Умерен до намален внес на: зелка, кељ, прокељ, брокула, карфиол, грав, леќа, костен, краставица, зелена салата... Да се избегнуваат големи количини на лук и кромид. Маргарин, млечни производи со голема масленост, мајонез, преливи за салати, паштети, салами, колбаси не се препорачуваат. Пржење, маринирање, панирање, скара на ќумур јок. Да се внесува храна богата со калциум: магдонос, морков, риба, јатки, сусам. Да се внесува храна богата со железо: месо, јајца, спанаќ, блитва, рукола, суви кајсии и урми. Да се внесува храна богата со омега 3 масни киселини: чиа семе, семе од тиква, семе од лен, риба. Редовен внес на пробиотски култури: кефир, јогурт, кисело млеко.
Од кај го извади ова? Нови препораки велат јадеш се и следиш бебе како реагира. Што му смета, не јадеш.
Апсолутно треба да се јаде се. Ако нешто му засмета на бебето, тогаш да се исфрли на одреден период, но потоа повторно да се врати. Дури и цедени сокови не треба да се разредуваат. Од старт јадам буквално се, и цитрусни овошја и зелени салати и мешункасти, па бебе немаше грчеви. Еднаш изреагира на кикирики, но по месец дека пак пробав и немаше проблем. Додека нема реакција кај бебе јадете се за и неговото меше да се навикне на секоја храна
Кога го видов списокот погоре, си реков, а добро, што се јаде Мене на грав ми изреагира. Другава недела сум во план да пробам после пауза
За грав не можам да кажам, јас од дете не јадам, треба да пробам сега да видам дали ќе ми прави проблем.. страшни болки сум имала, се плашам за себе да пробам.. ама ете грашок, боранија, зелка.. се тоа јадам и нема проблем
И јас јадам се баш се, и следам ситуација, досега бебе од ништо не изреагирало. А ни капки за грчеви не сме употребиле ниеднаш. Ако следев списоци за ѓабе ќе се лишував од храна и себе и бебе. Вака со пробам не се губи ништо, ако има реакција мала пауза па повторно внесуваш ист продукт, баш како што кажа ти.
Јас не јадев ништо, синко имаше страшни грчеви. Така да, ако забележите дека некоја храна смета, не ја јадете само таа храна. Кафе не смета, ама преголеми количини кофеин сметаат на добар сон. Може да пиете умерено.
Не знам девојки, мене ми е прво дете и искрено ништо не знам. Затоа пробувам да се држам до препораките кои ги добив. Да, ограничена сум со јадење. А да не зборувам за првите две недели кога ме маваше депресија и апсолутно ништо не ми се ставаше во уста, се ми беше одвратно освен течности. Сега се придржувам до препораките иако ретко знам да каснам нешто што "не треба" од стрв. Постепено планирам да воведувам ствари плус во исхраната, но сега ептен на почеток решив ќе внимавам. Ова секако не ме прави помајка или најмајка, сите одлучуваме за себе и не велам дека моето е најправилно. Само споделив инфо, може на некој ќе му послужи и помогне
Најважно е како доилка да се храниш здраво тоа што си го пишала е здрава исхрана. Лошо е секој ден на тестенини да бидеш и да станеш анемична. Така што како ти си се осеќаш дека треба да се храниш така најважно од се е прво да внимаваш на своето здравје. Мене од тоа нејадење несвестици ме фаќаа и џабе се ако не можев за бебе да се грижам. Затоа и твоето здравје е исто толку важно колку и на бебчето
Ау жени утоп сум од млеко Почнав да одмолзувам и еден оброк во денот и го давам во шише, ко млекара сум Дали постои “опасност” со ова едно шише да одбива цице подоцна? Фала Богу си сака ама пак ме јаде црвот.. а ако не одмолзам ме боли и стравувам од маститис. Од една цица од друга тече, бебе се нацицува и речиси цел ден го отспива.. океј е и тоа? Дали пола саат е будна,цица и нана..
Мајки дали е некој сличен како нас... 4. 5 месеци бебе, во 4 скок и ако досега цицаше на 3 саати и спојуваше навечер, сега на 2 саата вришти за цицка, гладно. Педијатарот инсистира на 2.5-3часа, ама нема шанса, мн плаче, гладна е. Може и заби вади појма неам