Се одмолзив свежо одма му дадов на бебче и цицаше само 10мл и заспа,остатокот 30мл имам уште, можам во фрижидер одма да го ставам?
На толку млеко се сомневам дека ке снема. Посебно ако се хидрираш. Мислам дека тоа намалување на млеко се однесува на мајки кои веќе имаат проблем со лактација и даваат ад затоа што немаат нивно млеко. Затоа кога се дава ад се молзе за стимулација. Кај тебе може да дојде до грутки или мастит. И јас молзев кога имав премногу, му даваа од шише кога сум излезена, не се одби од цице, еве 18 м, а ни млекото не се намали. Ама кога ке се вратев морав да молзам затоа што градите камен ми беа. Жолтица ако нема, нека спие. Ти нели пред неколку дена се породи? Давај цице кога сака и колку сака. Цел доенечки стаж давај кога сака. Биди среќна што не одбива цице, најголем дел бебиња тоа прават, па маката е да се фокусираат на цице. Зошто на 3 часа?
Таа ‘опасност’ секако постои.. Иако јас давав првите 2-3 недели по 1 шише на два дена пошто исто така имав доста млеко, се одмолзував, па бебе не се одби. Во оваа ситуација на толку млеко јас би давала само да цица, а вишокот би го молзела и замрзнувала. Сега така би направила да можам да го вратам времето Ако не сакаш да молзеш толку за да замрзнуваш, тогаш молзи само колку да ти олесни на градата, не ја празни скроз. Пр. Ако се нацица бебе од едната, а другата ти е фул, првата не ја молзи, само од другата колку да ти олесни. Нека се на пример 10-20 мл. Да не бидат 120 пошто на толку мало бебе не му собира мешето толку млеко, секако не исцицува толку, а ако одмолзеш пр. 120 мл ќе му дадеш сигнал на телото толку дека треба и да произведе и стално ќе се вртиш во круг. Се надевам дека ок објаснив
Демек ќе се намалело млекото, па ќе почнела да бара на 1 саат и ќе нема време да се создаде довочна количина. Беба баш напротив место да одбива ко што прават повеќето во тој фамозен 4 скок или при вадење забчиња, урла од што е гладно. Чим се нацица одма среќно бебе е. Не ми е јасен ставот на педијатарот, може е така ама ај остај го гладно
Глуууупости. Не е така. Млеко се создава според потреби. Повеќе цица, повеќе се произведува. Се случувало да цица со саати заради скок или заби, и потоа пак ми се преполнуваат градите затоа што добиле знак дека треба повеќе млеко. Штом побара давај цицка и ке немаш мака. Ни со немање млеко, ни со дебело бебе или не знам која глупост.
@MilaSs12 и јас ете и шише и десна града сака, викаат посебно дете универзално Не знам до кога ќе тераме вака.
Пробувам да сум мултитаскинг. И синко до кај 6 м и цице и шише. Оттогаш наваму само цице. Повеќе сакаше цице, кога ке се вратаж, цицаше како да сум го навредила, цица диши, цица диши, гушка цице.
@MilaSs12 сум заборавила колку спијат новороденчиња Само пет дена е бебе,жолтица нема.. Првото само во раце ми беше и кенкаше на 5те минути, ова дека си спие самичко и мирно по 2-3саата и чудно ми дојде,мислам многу е Тоа кутро уште не е свесно каде е.. @Izzy_0504 Фала за деталниот одговор : D Всушност тоа го правам, одмолзувам од непочнатата по 30мл за да ми олесни, не повеќе.. А,мора ли да се буди на 2ч? Сврзува по 4ч навечер,обилно си цица по пола саат кога се буди, па ми е жал да ја будам и нудам а така цврсто и мирно си спие.
Глупости, нема што да инсистира педијатар, давај ѝ кога ќе си побара. И ние сме 6++ месеци и со два оброци цврста храна па се уште се доиме на 2 часа, па и час и пол, навечер "ме цеди". Цицето им е и храна и утеха и им гаси жед, ај да ги дехидрираме и изгладнуваме ако не. И ние бевме до минута точни се до 4 скок, оттогаш почна повеќе да бара, најмногу издржува 3 часа да не побара.
Е ајде де. Истото му го кажуваж, значи дете плаче, гладна е, тој па ми вика те манипулира, а таа цица ќе се задави од што е изгладнета
Да се вклучам во моабетов. Леле ми олесна кај што прочитав дека вашето бебе од 6 месеци еднакво бара да цица навечер на час иполовина. Моето денес прави 2 месеци и навечер исто бара на толку време ,ме цеди, мислев дека нешто не е во ред да не е гладно, а повеќе од супер напредува.
Ќе си заспиеше кај 8 до кај 2-3 ја немаше. Знаеше и повеќе од тоа. Сега уште пред 12 веќе еднаш цицала и тера натаму
И моето, во 4ти скок почна почесто да бара но не и навечер. Сега како направи 5 месеци немам сон. На саат и пол ми се буди за да цица преку ноќ, некогаш 40мин жива ненаспана сум. Преку ден не ми е проблем и никогаш не гледам на саат, кога ќе побара му давам. Малце ми е чуден тој совет да гледаш на саат и пред 2часа никако, сепак растат од нас али за ноќното будење убедена сум дека по навика се будат, сепак спијат не ми е логично да огладнуваат како преку ден. Јас за навечер барам помош/ спас како да не станува толку ама ве читам има и други со иста "мака"
Под итно да си го смените педијатарот. Мало бебе да манипулира, уште ова го немав слушнато. Кај знае тоа што е манипулирање, секој плач нешто значи, од нас зависат да откриеме поради што е тоа. Таман работа толку мало бебе да не бара цицање често, се си е во ред.
Девојки пред три дена се жалев од многу млеко а сега празни ги осеќам некако, го нема тој млаз кога цица..Од што може вака да ми стане ? Што да направам? Чај за лактација и лактил уште наутро ќе земам .. Можно ли е оти мн слабо јадам, речиси само на јаболки сум?