Да, за ова прашај си. И без тој саат, на пауза по 10 минути одвојувај да се измолзеш. Сакам да кажам и да не ти дозволат, да не се обесхрабруваш, мислам дека ќе имаш време за се.
Работам на терен. Изгледа ќе се одмолзувам во кола. Ако ме види некој и ме пријави, ќе биде интересно. Шала на страна, ќе ве послушам и ќе гледам да биде регулативно.
Ти посакувам да најдеш начин некако да се одмолзеш.. и да не најдеш, ќе се навикне телото тој период да не ги преполнува градите. Можеби уште од сега треба да пробаш таков ритам да воведеш кој би бил сличен на тој кога ќе одиш на работа. И уште од сега да почнеш да стимулираш со пумпа за да имаш количина да оставаш за кога нема да си дома. Кој ќе го чува тој период? Има некоја градинка толку мали што прима? Или жена?
И јас уствари со пумпата електрична ја влошив ситуацијата. Незгодно ми е да ставам слика, ама ова навистина не изгледа убаво. Баш како скината цела брадавица до половина,откината од аеролата Мислев гнои,но тоа е само внатрешноста на брадавицата претпоставувам.. не тече од неа ништо,значи не е гној. Кај тебе, мора со електронска да одмолзуваш? Топол туш и масажа на градите, па рачно одмолзување, си пробала? Можеби е побавно, ама барем нема да ги иритираш уште толку брадавиците. За 45мин можеби и повеќе од 10мл ќе извадиш а нема да ја трпиш болката. Баш се агресивни пумпите. Можеби @Kaetana може да ми даде совет плус како да го средам ова. Навистина не сакам да користам силиконски,шишиња и сл. Со првото се изнамачив,со ова барем си цица редовно и обилно, ама болкава ме тера од кожа да си излезам.
не е електрична со рачна се одмолзувам ама читав сабајлево да мачкам ланолин можечо пред да одмолзувам па ќе пробам и така .... само подобрување во количината на млеко немам тоа ми е маката
Ќе биде со татко му. Законски морало и таткото да има татково отсуство, иако он сакаше да ми ги даде сите денови мене. Мислам дека ова принудување е екстремно глупо, детето си сака да е со мајката, особено првата година.
А нешто за лактација пиеш? Чаеви,капсули нешто? Јас првите два дена дома одма со чај и капсули почнав и многу многу брзо ми надојде. Се преполнуваат дури,утоп сум по цел ден. Посебно Лактамикс чајот,чудо е.
@PurpleMind Јас пред еден ден бев на лекар со бебуш и скоро цел ден бев надвор, нит доев нит се одмолзив, голема грешка која нема да ми се повтори, ама од грешките се учи. Навечерта фатив температура и се тресев пола сат, не можев да се смирам ако не се напиев працетамол. Пази се опасно е да не се одмолзиш 6 сати, не само градите може и маститис да фатиш. Види во вц некако одмолзувај се на паузи ако не можеш поинаку.
Денес правиме 8 месеци, пред 2 недели конечно имаме убав ред станува во 6-7 цица, во 9 ипол доручек, во 12-13 цица, од 15-16 ручек, кај 18 пак цица, во 20 вечера и во 21 цица и преку ноќ 2-3 пати. Ад не сака, за 1 месец почнувам со работа, па во 12 дали е во ред бебе да има млечна каша од тие на Хипп со житарки и овошје?
Гледав безжични пумби што се тивки и се ставаат во градник, преку апликација можеш да се одмолзуваш кога сакаш, факинг 300 и нешто евра за една, две ако сакаш скоро дупло, со мал попуст. Не ми се даваат толкави пари за пумпа.. Ќе најдам начин да се измолзувам или да дотрчам дома и да го дојам.
Секогаш се смета од почеток на еден до почеток на друг подој, без разлика колку време трае подојот. Двете мои деца скокот тој период го поминуваа залепени за мене. Скокот е во две крајности - или одбиваат да цицаат, или цицаат нон стоп. И верувај, цицање нон стоп е помала фрустрација отколку да одбивање. И те молам не слушај совети за уоброчување со саати на бебе кое што цица. Ако сакаш прати ми слика во порака. Инаку те разбирам, и мене со второто дете на почетокот крвишта ми се направија брадавиците. Буквално бебето црвена крв повраќаше. И кога доев, мислам дека ѕвезди пред очи ми излегуваа. Но, ако ѕвездите се во првите неколку секунди од подојот, а потоа не е толку болно, значи дека е добар фатот и треба да издржиш до заздравување а меѓу подои интензивно мачкање со ланолин. Ако е цело време болно, мести го бебето поубаво на града. Експериментирај со позиции. Ако болката останува а фатот е добар (втор пат доиш и веројатно имаш осет), треба да се види да не е некој друг проблем. Од каде дека пролактинот е низок? Дали инката на пумпата ти одговара на брадавиците? Какви ти се после пумпање? Треба да се види што е работата со брадавицата и зошто е разранета. Боли доењето? Дали ти предложија терапија за покачување на пролактин како опција? Да. И тоа веднаш после снимање смееш. Ги имам видено ми излезе реклама. Ама пак денес гледав анкета за нив каде што мајките викаат дека џабе дале пари. Што знам што да речам. Околу работата - доење пред да одиш на работа, и веднаш штом ќе се вратиш.. и секако на барање кога ќе си дома. А на работа - едно измолзување вметни и ако ништо друго, пробај со рачна пумпа и млекцето чувај го во подвижно фрижидерче со фреон. Чисто како предлог, а колку е применливо.. не знам..