Мајки ве читам градите после 4-5часа ви се стврднуваат Кај мене пример за време на ноќните подои ќе цица во 3ч пример од десната града,во 6ч сабајле од левата,продолжува да спие и во 9ч пак од десната ќе цица( еден подој една града,разлика 6ч) никако не ми се стврднуваат?Дали тоа значи немам доволно млеко? Преку ден почесто цица,се ми се меки градите
Можеш колку сакаш. Јас мачкав во бременост од овие, демек за да ги подготвам брадавиците, но немав потреба. Кога почнав со доење мачкав Пурелан на Медела поради распукани брадавици додека се научиме со синко.
10 дена мачкам Пурелан па нема некое значително подобрување. Ќе одам да видам не е некоја инфекција кај мене,не е можно да не зараснува.
а на FreezyDerm имате ли користено , мж ваков ми донесе , мн болни станаа , уште не ми се разранети ама мн боле коа ќе а фате првите 2 мин
Изгледа од на комбинирано со ад ќе преминеме само на цице. Пак не ми спие денес и пак само цице бара и си дреми си спие на цице по малце ќе цуцне повеќе ќе си спие... Имам обврски, ако го спуштам ќе се разбуди и ќе плаче...
Пробав да го залажам со цуцла, ја познава и одма мрда со главата. Така ќе си спие сега со цице во уста..
Кога почнуваше паниката за “немам доволно млеко”? На почеток барем знам тврди гради има млеко сигурно, а од кога ќе омекнат смеам да паничам дека немам доволно? Бевме на контрола на 5дена од испис и со иста тежина како на денот на одење дома беше.. Цица на 2ч, ретко да се одолговлечат па 3 да станат ако не приметам, мочкани пелени има 6-7, какани 3-4 па и 5 во денот можеби.. И пак ми е страв да не е гладна.
Кај нас паниката беше на месец и 2-3 недели негде.. денес бевме на контрола (2 месеца) и бебуш си напредува супер, уствари растат, повеќе се будни и повеќе трошат и многу повеќе јадат иначе уште имам паника и уште пијам чај за секој случај
@Chanell* Тука сме со паниките. Чим ги осетам меки мислам празни се и само цверам во неа дали голта Чајче си пијам, сега повеќе внимавам што јадам за да нема грчеви, ќе ја мерам за некој ден да видам дали напреднала од контролата. Вака мн мирно спие, дури се дешава ни не плаче цел ден буквално цица-спие. Навечер пу пу пу да не ја урочам
Хахаха леле едвај чекам три оброци да има, мислам тогаш ќе престанам да се оптеретувам со млекото. А тек сме 3 месеци. Нон стоп у дилема сум, ако се преполни градите дали да се молзам ... или не - може ќе сака пак да цица па да не се празни. Ако се меки градите, се јадам зошто не се молзев ете ми намали млекото.
И јас сум така, дојам од една града на подој, ми се стврднуваат ако одложи подој или ако ептен малку цицне
Зошто бебе бара цицка нонстоп, а нацицано е доволно и виси на неа со спиење и цица по малце, повеќе си спие, ама голта..
Море ќе се шекнам до четврток дури ја измерам. Цица и спие, заспива на цицка па ќе ја разбудам,ќе цицне уште два три пати и пак спие. Да не се мочаните пелени ќе мислам од глад спие цел ден Синоќа па толку малку во сон цицаше, толку беше поспана ... во хаос сум веќе. И ми омекнаа скроз Чај и вода пијам, апетит немам воопшто.. Многу лошо се засркна од шишето пред некој ден,буквално за воздух се бореше, инаку ќе посегнев по ад верувам.. а не би требало ама..
Јас ова со лажливка го решив, ама пред да дадеш лажливка биди сигурна дека добро напредува. @mssuniquee i @Chanell* децата си имаат секакви денови, моево бебе минатата недела не се одлепи од цицка, оваа се мислам не цица доволно спие по 4 саати. Меки гради не значат нема млеко, пробај стисни се одмолзи се ке видиш. И јас ве советувам а поголема паничарка од вас сум. Брвме на контрола на 1 месец + 1200гр сме па се смирив малце.
Од глад нема ни теоретски шанси да спие ,не па практични Не се грижи. Колкаво е бебето ? Нормално е да спијат многу ,еве моево уште малку 6 месеци ќе прави па знае да се успие на цице и да си дреме па да цицне па да дреме по цел саат седиме така и после ко ќе се успие тера по 3-4 часа.
Новороденче е, 11 дена има.. Знам нема сили за убаво цицање сеуште ама ете, колку да има со што да си го преокупирам мозокот. Ќе одам на кујнска вага ќе ја измерам
Ехее ,сега само тоа и ќе прави до кај 1.5-2 месеци,само спиење ,цицање и пресоблекување Ако сакаш повеќе да ти е будна пред да ја ставиш да цица расоплечи ја ,и најлесно се буделее со скокоткање по ноџето ( мојата и така не се будеше)
@Cholipam не бе само што ќе го спуштам во креветче плаче бара цице да дреми на него и да цуца по малце,ми е страв да не се прецица вака и грчеви да има. Не знам кога му е доста...
Моето не спие,во раце да,остај ја одма се буди,ама не плаче.Гради меки,мислам голта само кога се опушта рефлексот и само тече млекото.Јас сум решена за АД,ама никако не фаќа шише и АД.Ја мерам на домашна вага,се иста килажа ми покажува.Во паники сум и јас