Форумџика на годината

Доење

Дискусија во 'Бебе' започната од bibitri, 28 јануари 2010.

  1. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    7.585
    Пол:
    Женски
    Домашна вага еднаш точно не ми покажа. И јас опседната бев(сум ) со килажа. На вакцина не ми ја мерат никогаш и фатив последно пред вакцина кај матичната отидов ја измери топ беше според неа. Колкава е твојата бебуш?
    На некои бебиња им се доволни 5 мин ако влечат јако на некои и 50 мин ама не цицаат активно цело време. Сѐ тоа е нормално.
    За градите да ко ќе омекнат сите се збунуваме. И јас се збунив ,но и тука и на инста и на ФБ групи за доење што следам и педијатар викаат дека се воспостави лактација затоа е така... Сепак , повеќе течности ,боза,кромид,јогурт, и јас пијам чај за лактација кога имам менструација зошто тогаш приметувам многу нервозна е ,дали нема убаво млеко или што е не знам. Знам дека е помирна откако ќе испијам чај.
     
  2. Love86

    Love86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    195
    Два месеци е мојата.Јас уште немам добиено менструација,редовно пијам чај за доилки лакта микс и хумана по 3-4 чаши,боза 2-3 чаши,јогурт со овесни сабајле и вечер и плус од вечер киснам овес цело зрно и јачмен во вода,и насабајле тоа ми е доручок со банана,мед,суво грозје,брусница...си правам миксови
     
    На BeloMache и Осе им се допаѓа ова.
  3. doubleinfinity

    doubleinfinity Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    2.356
    Допаѓања:
    4.666
    Пол:
    Женски
    Мамички помош!!! Накратко нашата приказна, родени сме пред 16 дена и уште првиот ден одделени со бебето, јас во болница а тоа на нео нато во Скопје со инфекција на белите дробови.После 5 дена му се придружив и јас. Бебето беше на сонда за хранење и кога пристигнав јас таму продолживме со хранење со мајчино млеко меѓутоа со шише бидејќи мораше да се контролира количината на млеко заради проблеми со дишењето и повраќање. Не испуштија од болница со препорака да се зголемува количината но може и да почнеме да даваме града и тука започнува нашата голгота.Веќе 4 дена сме дома,никако не ни оди доењето.Бебето буквално вришти ако го ставам било како на града...плус неможеме никако да фатиме позиција бидејќи вришти мрдна прета ме турга со рачината ако пробам да го ставам на града. Исто така моите брадавици едноставно се преголеми за устата од бебето или незнае како да ги фати па не му ги собира во устата...ќе проба сфаќа дека не може и почнува да вришти или вришти уште од претходно...пробав и до силиконски брадавици и тие му се преголеми за устата, го крева јазичето нагоре и нема место за брадавицата.Денес успеав по 2-3 мин да цица со силиконската ама 30 сек цица 5 мин вришти..стварно незнам што да правам каде да се обратам, во болница никој не ми покажа ни како треба ни ништо, на нео нато беа сконцентирани на негово оздравување, патронажна сестра со ситуацијава нема, немам помош од никого сами сме по цел ден,ни некој да ми го намести ни ништо.
    Почнав премногу да се нервирам и некако да се откажувам, ме боли срце да го гледам каде што вришти. Пробани се многу позиции бебето не сака ни да седи во раце. стравот од губење на млекото е голем,првите денови и молзев многу сега веќе помалце и се плашам дека ќе мора да се префрлиме на ад.

    Сите совети се добредојдени,само не ми велите бебето повеќе на града бидејќи бебето не ни стигнува до града ;(
     
  4. Izzy_0504

    Izzy_0504 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2020
    Пораки:
    1.442
    Допаѓања:
    4.149
    Пол:
    Женски
    Мајка, честитки, да е жив и здрав бебуш.
    Мислам дека треба да му дадеш малце од шише, за да не е гладно и нервозно, па после на града. Така нема да е гладен и нервозен, ќе биде посмирен и повеќе ќе се труди да фати.
    Кога не цица, нека ти лежи на гради, гол и он и ти, да се поврзете, да го научи твојот мирис. Кога ќе му дојде време за јадење од прилика, понуди града пред да почне да плаче и да бара јадење, па пробајте така. Дури и полупоспан кога ќе пробај чешкај го со брадавицата на делот меѓу носето и горната усна, така се ‘предизвикува’ и буди рефлексот за отварање уста.
    Погледни го ова видео, убаво е објаснето како да се постигне убав длабок фат.
    Ако почнете со шише, пробај на сред пиење некако спонтано да го тргнеш шишето и да дадеш града.

    Пробај ги овие работи, и види како ќе оди. Продолжи да се измолзуваш често - преку ден на 2-2,5 саати, навечер на 3 саати за да одржиш лактација.

    Знам дека е клише веќе, ама стварно пробај да не се нервираш, бебињата ни ја осеќаат нервозата и тоа многу.

    Ако не успеваш уште некој ден, не чекај многу и не се откажувај, викни консултант за доење, сигурна сум дека ќе помогне.

    Те гушкам мајка :hug::hug::hug:
     
    На mKdevojce, Kaetana, Bicka77 и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    7.585
    Пол:
    Женски
    Сигурна сум дека се е супер. Веројатно близина си сака.
    Сепак на педијатар за мерење да си бидеш и ти сигурна и спокојна :hug:
     
  6. @rollercoaster@

    @rollercoaster@ Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 март 2020
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    221
    Postoi sistem za doenje,za postepeno da preminete na grada konsultiraj se so laktaciski konsultant ako imas moznost. Screenshot_20210207-091226~2.png
     
    На mamaJana, Kaetana и doubleinfinity им се допаѓа ова.
  7. doubleinfinity

    doubleinfinity Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    2.356
    Допаѓања:
    4.666
    Пол:
    Женски
    А препорака за лактациски консултант? Веќе би пробала се што треба
     
  8. @rollercoaster@

    @rollercoaster@ Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 март 2020
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    221
    с
    Јасна Апостолски Николов, од здраво бебе, друга не ни знам дали има
     
    На LittleLilit, Kaetana и Izzy_0504 им се допаѓа ова.
  9. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.798
    Пол:
    Женски
    Има и една друга Даница Ивановска Лепојевиќ, баш интервјуа имам гледано со неа.
     
    На Butterfly1107, Kaetana и Izzy_0504 им се допаѓа ова.
  10. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    7.585
    Пол:
    Женски
    Screenshot_2021-02-07-12-18-56.png
    Со Даница работев и јас одлична е најди и ја групата и пиши и.
     
    На doubleinfinity му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Izzy_0504

    Izzy_0504 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2020
    Пораки:
    1.442
    Допаѓања:
    4.149
    Пол:
    Женски
    И Јасна и Даница се супер со тоа што имам лично искуство со Јасна, а со Даница немам, но сум читала добри препораки
     
    На doubleinfinity и Kaetana им се допаѓа ова.
  12. natasam

    natasam Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2013
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    630
    Ве молам за совет.Имено вчера се вратив од болница со бебе - царски рез. Додека си одам уште во болница почна да тече малку млеко, стимулиравме, ама по секој подој пак бараше и нормално таму ја дохрануваа.Педијатарот пред пуштање од болница ми рече: слушнав од сестрите, почнува лактација ама тоа не е доволно, меки гради сеуште и да давам дохрана хип 1 (3х30мл попладне после цицање) Купив одма па и чај за лактација кој не го испив затоа што некаде приквечер градите станаа тврди, болни, температура 38. Во меѓувреме она цицаше кога дојде време за ад не сакаше и го фрлив. Испумпав 90 мл од двете гради, плус и она цицаше без ад и еве уште е така. Пелените и во болница беа со зелени каки, ги видов кога имав обука за бањање. И педијатарот кажа би требало следна недела да добијат жолта боја. Има од синока 4-5 мочани и 3 какани ама се зелени. Цица навечер на 3 сати, преку ден сабајле беше на саат, па после спие по 3 часа не сака да се разбуди. Доењето е или кратко од 5 мин или долго од 20 и секогаш заспива. Денес пак имам температура пак се одмолзив 40мл и еве сега повторно ќе се одмолзувам затоа што пак се тврди и болни. Прашањето ми е - дали да давам дохрана 3х30мл преку ден.
     
  13. Izzy_0504

    Izzy_0504 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2020
    Пораки:
    1.442
    Допаѓања:
    4.149
    Пол:
    Женски
    Честитки мајка, жива и здрава нека е :inlove:
    Иста приказна како мојата - во болница ми дојде млеко, но не многу. Ме испишаа со препорака за дохрана на 6 саати по 45 мл, а во меѓувреме доење.
    Дома градиве ми се преполнија, бебе цицаше и плус измолзев 150 мл. Сабајлиња станував со утоп пижама.
    Ад не дадов воопшто пошто стварно немаше потреба. На контрола кога бевме ми реко дека повеќето ги испишуваат со препорака за ад затоа што дома веќе немаат контрола и увид во тоа колку млеко имаме, колку и како цица бебето, па таа препорака е за да не е бебе гладно. Бебе прво паѓаше на килажа - нормално, пошто во болница било на ад со шише, дома на мајчино со цицање. Но педијатарот рече дека убаво цица, убаво голта, да продолжиме само со цицање. Следната контрола ја имаше вратено родилната, и после си качуваше сѐ повеќе.
    Мислам дека на толку млеко стварно не му треба формула. Нека си цица, а можеш и тоа што го молзеш да пробаш да и го даваш, но и не мора. Така ризикуваш да се одбие од града пошто би пиела од шише, а од шише им е многу полесно. Толку мали бебиња си избираат ‘полесен пат’ и се навикнуваат, па може да не сакаат цице после.
    Да, ќе се успива во прво време, ќе треба да ја будиш, но тоа е краток период.
    За каката.. мислам дека брзо откако дојдовме дома почна жолта да биде, ама не се сеќавам точно колку дена. Сепак сеуште се чисти, а и има 3 какани пелени во денот, па мислам дека е ок...
     
    На Kaetana и natasam им се допаѓа ова.
  14. Bicka77

    Bicka77 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2020
    Пораки:
    1.694
    Допаѓања:
    5.031
    Пол:
    Женски
    За каката само да прокоментирам, слично и на моето му беше зелена во болница и уште 2-3дена дома.
    Мислам дека вториот ден почна и жолто да има на пелената ама сепак претежно беше зелена. Инаку дома си дојдовме кога имаше 4 дена што значи после првата недела почнала да кака жолто.
     
    На Izzy_0504 и natasam им се допаѓа ова.
  15. natasam

    natasam Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2013
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    630
    Фала Ви на брзите одговори нека ни се живи и здрави на сите тука ❤️❤️❤️
    Како побарав мислење и каката почна да менува боја, личи на жолта веќе. Нема да давам ад деновиве, ќе следам тогаш.
     
    На Kaetana, Izzy_0504, Bicka77 и 3 други им се допаѓа ова.
  16. mar3q

    mar3q Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2014
    Пораки:
    592
    Допаѓања:
    474
    Ве молам за совет. Бебе веќе 4 дена не сака да цица или ме апе или се трга плачејќи. Воопшто нема цицано 4 дена. Инаку на комбинирано беше. Јаде кашички за доручок и пие АД (и со ад сме се со молење да пие но колку толку пие). Инаку во 5ти скок сме. Е сега ме инт дали можам да и нудам да цица? Некако не сакам да ја одбијам уште. Или не смеам бидејќи повеќе дена нема цицано? Имам уште млеко, кога притискам потекува
     
  17. A.n.g.e.l.a.V

    A.n.g.e.l.a.V Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    803
    Допаѓања:
    2.402
    Пол:
    Женски
    Здраво мамички, ние до утре здравје 2 недели како се роди бебчето. Овие 3 дена има многу грчеви, ми кака 1 дневно, денес ни еднап до сеа. Се мачи душичка, напнува, се грчи. Си цица на 2/3 саати, некогаш и на 1 даваме цице. Ме интересира преку исхраната како да му помогнам со грчевите, знам зелка, грав, грашок не треба.. друго што смеам, што не?
     
  18. Butterfly1107

    Butterfly1107 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2018
    Пораки:
    2.039
    Допаѓања:
    5.451
    Пол:
    Женски
    Леле мајки што да правам кажувајте ;(
    Синко уште малку ќе биде 8м, има два заба и последниве неколку дена ме гризе.
    Значи доењето ми стана кошмар. Обавезно кога ќе заврши со цицање ме гризнува. Чим почнеме во ичекување сум и под страв.
    Врискам стално ама него не го интересира, си ја врти главата на другата страна и толку.
    Значи не знам дали му искачаат горните заби или што е работава. Претходно ме имаше гризнато на неколку пати ама не на секој подој.
    Сега нема подој да не ме гризне ;(
    На неколку пати и заплакав од болка:sweat:
     
  19. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.798
    Пол:
    Женски
    Во иста ситуација сум и мене ми треба совет за ова. Вчера мислев без брадавица останав. Јас не реагирам никако, не знам што е паметно. И порано се случуваше ама прекина сам, а сега со заби преболно е.
     
    На Butterfly1107 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.744
    Допаѓања:
    18.448
    Пол:
    Женски
    @Butterfly1107 @Jana06 строго НЕ на секое гризнување и тргнете го од цице. Ке разбере за брзо. Кај мене тоа упали. А ме гризеше ао смеење.
    Ги има сите заби до 4ки и цица без проблем.
     
    На dromka, Kaetana, Kitten и 3 други им се допаѓа ова.